Денвер лесно со Индијана
На крилјата на Кармело Ентони, Денвер стигна до лесна победа против Индијана (121:107) во единствениот натпревар во неделната програма. За тоа се погрижи самиот Ентони со ново извонредно издание, а тоа посебно се однесува на третата четвртина во која постигна 23 коша. Во тој дел од играта ги погоди и сите шест тројки (шут 6-8) што му рекорд на кариерата. Досега најмногу тројки на еден натпревар, пет, постигна уште во 2003 година, во својата премиерна сезона во најсилната кошаркарска лига. Натпреварот го заврши со 36 поени и осум скока. |