Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Хокејот повторно ќе се игра во Скопје

Дали првпат во историјата на македонскиот спорт ќе имаме и репрезентација во хокеј на мраз

Миодраг Мицковиќ


Се прават големи напори од група ентузијасти, македонскиот спорт за првпат во својата историја да добие и репрезентација во хокеј на мраз која ќе учествува на светското првенство во една од групите, ќе игра во квалификациите за Олимписките игри во Сочи, ќе се организира и прво државно првенство. Добрите познавачи на спортот, особено на хокејот во Македонија се сеќаваат на она време од пред дваесеттина години кога Македонија имаше два клуба во хокеј на мраз - Вардар и Скопје кои дури играа во Првата лига на Југославија, кога лизгалиштето под Кале беше преполно со лизгачи, а трибините исполнети до последно место од гледачите.

За таа цел, повеќе од еден месец на лизгалиштето под Кале тренира група од околу дваесеттина љубители на оваа атрактивна и динамична игра трипати неделно, во доцните вечерни часови под раководството на поранешниот хокеар Томче Атанасовски на кого во работата, со помладите категории и нив ги има околу 20, повеќе почетници, Владимир Леов.

Иако немаат доволно опрема, повеќе е лична, останата од тоа далечно време кога Вардар и Скопје беа активни, јасно некомплетна, тоа не им пречи на овие хокеари да се подготвуваат и да го вратат сјајот на хокејот во Скопје.

Можеби за многумина е непознато дека постои Хокеарската федерација на Македонија која е членка на Светската федерација на чие чело се наоѓа Никола Тасев, генерален секретар е познатиот спортски новинар Горан Милковски. Во Македонија има регистрирано пет клуба, што беше и услов Македонската федерација во хокеј на мраз, хокеј со ролерки и уметничко лизгање да биде примена во Светската федерација. Тоа се Вардар, Скопје, ЦД Маки, СОФК и Фаворит. Македонската федерација аплицираше да биде примена и во Балканската федерација во хокеј на мраз бидејќи идната година ќе биде формирана Балканска лига со 8 до 10 клубови.

Можеби ќе биде интересно дека при крајот на февруари кога ќе биде дадено во употреба вештачкото лизгалиште, веднаш зад салата „Борис Трајковски“ ќе биде одржано и прво првенство на Македонија по турнирски систем.

-Секој почеток е тежок, беа првите зборови на претседателот Никола Тасев. Правиме навистина големи напори, имаме и помош од Агенцијата за млади и спорт и од Владата на Република Македонија да го заживееме хокејот во Скопје. Признавам дека се судруваме со големи проблеми на стартот, особено финансиски бидејќи засега ни недостасува комплетна опрема за секој играч. А, еден комплет чини околу 1.000 евра, за голманите е и поскапа. Федерацијата подготви петгодишен план, со големи амбиции, особено кога ќе биде изградена Палатата за зимски спортови во населбата Аеродром. Според тој план мораме да го одржиме првото првенство на Македонија што е услов да ја пријавиме нашата репрезентација за светското првенство идната година во најслабата Ц група во која покрај нас би играле и Грција, Турција, Јужноафриканска унија, Молдавија и Ерменија. Верувам дека нашето учество ќе биде прифатено на наредниот конгрес што ќе се одржи во мај во Братислава.

-Потоа, верувам дека ќе играме и во квалификациите за Олимписките игри во Сочи. Во ноември во Скопје ќе организираме семинар за судии, ќе испратиме и неколку наши тренери во Финска и Словачка на обука.

-Плановите се навистина големи, но ќе има ли играчи за тоа?

-Планираме да направиме тим-репрезентација. Тоа ќе биде Вардар. Веќе имаме заинтересирани хокеари, од наше потекло, дури некои имаат и македонски пасоши кои би играле во репрезентацијата на Македонија. Особено во Канада, Чешка, Полска и Германија. Да го спомнам само името на Влатко Атанасов, кој сега игра за Стразбур, играше за австриски Клагенфурт, потоа 17-годишниот Стефан Десковски, невиден талент, беше во кампот во Италија што го организираше Светската федерација. Ќе има хокеари, но ќе повторам, потребни се средства, за опрема, авионски билети за да дојдат во Македонија и други расходи. Бараме спонзори, има заинтересирани ме радува што на секој тренинг, во оваа да ја наречам засега хокеарска школа на нашта Федерација од ден на ден има се' повеќе хокеари, и оние што знаат да лизгаат и оние што допрва учат да се одржуваат на мраз.

Бевме по малку изненадени кога слушнавме дека ќе биде формирана и женската репрезентација на Македонија во хокеј на мраз.

-Можеби тоа ќе биде полесна задача, дури размислуваме нашата селекција да ја пријавиме за светското првенство во 2013 година и за квалификациите за Олимписките игри во Сочи, продолжи Никола Тасев. Полесно ќе ни биде, јасно ако се обезбедат средства, да формираме женска репрезентација бидејќи за неа не е потребно како кај мажите, странците најмалку две години да настапуваат во регионалната лига ако не се по потекло Македонци. Во Канада пред извесно време женската екипа во хокеј на мраз „Македонско сонце“ го освои првото место во Мултикултурна лига на Канада. Тоа се девојки меѓу 16 и 25 години, сите по потекло од Македонија и веднаш би можеле да играат за нашата репрезентација и лесо да добијат македонски пасоши. Со оглед дека конкуренцијата освен, три до четири репрезентативци во светот, е многу послаба од машката, верувам дека би имале успеси на светското првенство дури и би обезбедиле настап на Олимпијадата во Сочи. Планови има многу, потребна ни е поддршка и јасно, средства за што имаме ветување дека ќе ни бидат обезбедени, ни рече на крајот на овој разговор Никола Тасев.


#
Статијата е прочитана 815 пати.

Испрати коментар

Од: zoki
Датум: 26.01.2011 10:09:29
Ajde da ja gleame makedonija vo hokej na olimpijada i na svetski prvenstva.

Најди! во Утрински
Спорт
Хрватска надвор од борбата за медали
Мурињо
Долгополов го исфрли и Содерлинг
Против Германците посилни со Ивовиќ
Поп Ацев 15., Димовски 19. во Росарио
И Работнички и МЗТ на финалниот Куп-турнир
Почести за Стојановски, Митков и за Стојковска
Денвер лесно со Индијана
Карлсен го запре Накамура