Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Став на партијата на Меркел: Хрватска во ЕУ, па стоп!

Укинување на визниот режим, гест спрема граѓаните на нашата земја, а не спрема Владата на Груевски

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска



Брисел - Хрватска, па крај - е новата политика што партијата на германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја застапува на изборите за Европскиот парламент во јуни годинава, а потоа ќе ја спроведува во Брисел во наредниот четиригодишен мандат. Таа се однесува на проширувањето и, иако главно е насочена кон Турција и нејзиното барање за влез во ЕУ, цената ќе ја платат и земјите од Западен Балкан, бидејќи ни Германија не може да си дозволи две политики на иста тема.

Поконкретно, на последната конвенција на Демохристијанската партија пред два дена било договорено идните проширувања да зависат од два критериума. Едниот е земјите-кандидати за прием во ЕУ да ги исполнат условите што се бараат од нив, а вториот е Унијата да е подготвена да прими нови членки, односно да има апсорпционен капацитет да се проширува и натаму. Иако вакви барања имаше неофицијално и порано, ова е првпат тие да станат официјална платформа на владејачката германска партија, која патем има 50 европарламентарци, а Германија има најбројна делегација во ЕП, со сто избраници. Според договореното, ЦДУ треба да се залага за консолидирање на ЕУ по последното проширување, што треба да трае некој период и тој да се искористи за зајакнување на идентитетот и институциите на Унијата. За партијата на Меркел тоа е многу поважно од проширувањето, кое Германија веќе го кочи за да не го загрози Лисабонскиот договор, а последните месеци тоа е во немилост и поради тамошните избори.Сепак, ЦДУ не ја затвора сосема вратата на проширувањето во иднина, откако ќе се консолидира Унијата, а од земјите-кандидати бара да исполнат уште неколку услови, односно да обезбедат слобода на мислења, религиска слобода, заштита на малцинствата и еднаквост меѓу половите, при што ЕУ и тогаш кога ќе се исполнат ќе може да рече, не фала, не можеме да ве примиме зашто немаме капацитет за тоа.

Според европарламентарецот Елмар Брок, прва пречка за прием на нови земји- членки е Лисабонскиот договор, и ако тој не помине повторно на референдумот во Ирска, нема да има натамошно проширување. „Перспект��вите на земјите од Западен Балкан ќе се замаглат и најмалку три години ќе биде запрено се'“, прогнозира Брок, кој важи за промотор на интересите на Меркел во Брисел. Македонија, според него, има и дополнителен проблем со спорот околу името што треба да го реши, па ако се случи тоа годинава, и ако не се остварат црните сценарија со Лисабонскиот договор, најдобро на што може да смета е преговорите да траат пет години, до 2015 година. Иако неодамна, по повод словенечко-хрватскиот граничен спор, Брок изјави дека земјите-членки не смеат да ги принудуваат кандидатите да прават тоа што не сакаат и да ги уценуваат со вета во ЕУ, за Македонија неговата позиција е сосема поинаква. Според него, без оглед кој е во право, а кој не е, Грција е членка на ЕУ и има право на вето. „Не ќе беше ништо лошо да го преименувате аеродромот во Александар Велики ако тоа го направевте по пет години, а не сега“, изјави тој, со оцена дека Дора Бакојани нема да си дозволи да ја повтори грешката на својот татко, чија влада паднала зошто сакал да направи компромис со Македонија.

Она на што може да се надева Македонија речиси сигурно е дека годинава ќе биде донесена одлуката за укинување на визниот режим, спакувана како гест на добра волја спрема граѓаните на нашата земја, а не спрема Владата на премиерот Никола Груевски. Оцена е дека на македонските граѓани треба да им се олесни живеењето, кога и натаму не е извесно давањето датум и генерално проширување, но дека тоа не треба да биде сфатено како награда за постигнувањата на Владата, бидејќи во Брисел неа не ја гледаат како конструктивен партнер. Во ЕУ внимателно ги следат случувањата околу изборите, а за да покажат колку им се важни овој пат, еврофункционерот Хавиер Солана и еврокомесарот Оли Рен испратиле писмо до премиерот Никола Груевски, со порака дека ако сакаме прогрес во ЕУ, тие мора да бидат слободни и фер. (С.Ј.)

#
Статијата е прочитана 5893 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 11.03.2009 00:04:16
Osven Hrvatska, vo momentov niedna druga zemja od Balkanot ne zasluzuva priem vo EU. Bugarija i Romanija se dovolno golem tovar (bez nikakov kjar od niv).
Од: miki maus
Датум: 11.03.2009 00:06:18
bravo za merkel koja ne podrzuva celo vreme.bravo i za gruevski so koj gi napravivme potrebnite reformi za viznata liberalizacija
Од: Acko
Датум: 11.03.2009 00:15:57
Tocno ne e radi vladata na Gruevski samo zaradi Rada , Bucko Branko Jani Sema ke gi ukinat vizite oti mnoooooogu oni srabotija za toa se prekrsija a i vie vo vesnikov brzo toa da go potencirate oti nie citatelite sme malku maloumni pa nisto ne razbirame vie kako ke ni pisete nie taka i mora bukvalno toa da go svatime.Kolku ste plitki pa Merkel e so Gruevski prijatel uste vo opozicija koga bese VMRO oni programata im ja izrabotija vo 2006g so nivni lugje tuka aloooooooooo dojcland razbudete se utrinski?????
Од: kemba
Датум: 11.03.2009 00:32:16
Гледајќи како дневно политички ги менува ставовите ЕУ ,нема да ме изненади ако ова со визите не е во таа функција дадено,односно како морков за добри избори.При што знаеќи ЕУ после ова ќе нема основ во наредните три години за дестабилизација на МК, а со тоа ќе си реши еден голем проблем кој би можел да и се јави на овај простор, покрај глобалната криза која е има зафатено, така што само со ова можи да ги мотивира Албанците во МК на мирни избори. Така да моја прогноза е дека сигурно до крајот на 2010г. нема да дојди до укинување на визите. Дај Боже да не сум во право.
Од: Mihajlov
Датум: 11.03.2009 00:54:20
Blagodarenie na neodgovorni politichari, ne samo vlezot vo EU, tuku i opstanokot na MKD kako drzhava e zagrozen. Sega treba da se molime i na Bog i na Alah, deka albancite vo MKD, koi granichat so dve albanski drzhavi, kje ostanat lojalni na nashata drzhava.
Од: Bitola
Датум: 11.03.2009 01:03:34
Ех колку не коштаат гафовите на ВМРО гледате.
Од: GRUJO I FAMILIJA, DOSTA NI E LAZENJE
Датум: 11.03.2009 01:56:35
Evropa veke otvoreno (kolku sto e toa mozno vo diplomatijata) ni ukazuva deka nema da gi prosti atalnite greski i arogantnata diktatorska politika na ovaa vlada. Duri i Merkel (na koja najpoveke Gruevski se nadevase za poddrska) javno i ukazuva na ovaa vlada deka vodi pogresna politika. Makedonski narode, dali si gluv i slep, ili samo zaslepen od reklamite na ovaa vlada koja nasite pari gi sobira kako lihva i gi trosi na spomenici i ne znam vejke kakvi li ne gluparii, namesto da se zafati za rabota i da ja podobri ekonomijata i da go zajakne stopanstvoto vo zemjata. Dosta mi e od lazen nacionalizam (nacizam) jas sakam vo EU, sakam evropska plata i covecko dostoinstvo, a ne sekojdnevno lazni vetuvanja na TV, a potajno strav, pritisoci i zakani.
Од: tra la la
Датум: 11.03.2009 04:27:30
g-gjo Jovanovska-potencirate deka EU e podgotvena da donese odluka za ukinuvanje na vizniot rezim ne zaradi vladata na Gruevski tuku zaradi narodot koj zivee vo Makedonija.Da receme deka delumno se slagam so toa.No kazate mi togas kogo pretstavuva ovaa vlada?Zasto se vovedoa biometriskite pasoshi?Zasto se potpisha dogovorot za readmisija?Pa normalno za da se dojde do ukinuvanje na vizniot rezim od strana na EU prema gragjanite na RM.Zatoa-naredniot pat,probajte da bidete malku po NEUTRALNI vo vasite izjavi(statii).
Од: baba
Датум: 11.03.2009 05:27:53
Ukinuvanjeto na vizite e gest sprema grajganite a ne sprema vladata na Gruevski...well , koga kje se setam na Mitrevska , se sekjavam samo deka i Bugarija ni vovede vizi vo nejziniot period, deka vo vladata na Buchkovski nemozzea da raspishat teneder bez da se ispokaraat koj kolkava provizija treba da zeme. Sepak ovaa vlada stori najmnogu po ova prashanje :)
Од: ljupco,bitola
Датум: 11.03.2009 05:55:39
Хрватска,па крај.За нес нема место и важат некои други додатни правила и условувања. Тоа што има во Хрватска 350 илјади раселени Срби,ако.Се е можно кај лицемерита од европската куртизана. Па додека тие се смилуваат да не примат ЕУ ќе се распадне, јас ова го тврдам со месеци,и бев исмејуван од некои коментатори,а ете сега и од официјален извештај на ЦИА е потврдено,значи влезе во официјален документ. Па зошто уште да преговараме и да го трпиме оној недоветниот Фуере во секоја прилика,како Вегета е,се меша во секоја манџа.
Од: dedo dimo
Датум: 11.03.2009 06:52:01
Ne se sekirajte ,EU za pet godini ke postani ISTORIJA .
Од: Perunika
Датум: 11.03.2009 07:17:56
Гест на добра вилја би бил признавање на нашата држава под уставно име,признавање на нашиот идентитет и заштита на правата на малцинствата во соседните држави.Се друго е магла од Брисел
Од: Евроинтегративец
Датум: 11.03.2009 08:18:46
Пријателската партија на Грујо. Како велеа, демек, „нивната“ сестринска партија ќе не` лансира во Европа. Навистина им е пријателска партија бидејќи им ја исполнува нивната желба: Македонија да не влезе во ЕУ.
Од: Mene
Датум: 11.03.2009 08:29:53
A ovaa kancelarkava demohristijanska,neli bese najdobra prijatelka na premierot?
Од: Tasino Cesmice
Датум: 11.03.2009 08:48:23
Stetata sto ovoj nedokvakan Premier so negovata detska gradinka ja napravi na Makedonija e mnogu golema. I pokraj opomenite sto stignuvaat od nego od site trezni lugje na ovaa zemja sega veke i Evropa otvoreno mu veli deka vo EU nema mesto za diletantsko, diktatorsko i populisticko vladeenje. Krajot mu se blizi , izoliran e od cel svet no stetata za drzavata e navistina golema!
Од: Zoran, BT
Датум: 11.03.2009 09:04:24
Фрау Меркел беше пренапрегната и со справувањето со дневно-политичките теми и во „нормални“ времиња. Со настапувањето на кризата целосно се изгуби па сега можете да заклучите за каков визионер се работи. За жал и во другите ЕУ земји е спласната еуфоријата за идејата за ЕУ па очигледно ќе треба да почекаме на подобри времиња. П.С. За да ја видите разликата не одете мноду наназад, доволно е да ги споредите Гинтер Ферхојген - поранешниот еврокомесар за проширување и сегашниов - Оли Рен; „бог и шеширџија“.
Од: GetBet
Датум: 11.03.2009 09:09:03
Do: baba Ocigledno ne mozes da se setis, posto Bugarija ni vovede vizi 01.01.2007, Milosovski bese veke minister za nadvoresni raboti, a ne Ilinka Mitrevska
Од: ivan
Датум: 11.03.2009 09:55:49
Ovaa Merkel neli bese prva drugarka na Grujo i bliska do negovata partija.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 11.03.2009 10:02:18
Hristijanskata-socijalna Unija vo Germanija (CSU) predlaga odrzuvanje referendum za ili protiv prosiruvanje na EU.Rado na takov referendum bi glasal protiv prosiruvanjeto so tn. "zapaden" Balkan koe poeke dolikuva na divi "zapad"!Vizna liberalizacija ne smee da ima za Balkanot-pod nikoja cena!Gledam placete po otomanskata imperija,po mozebi i zatoa od site Balkanski zemii najdolg period bevte pod turska vlast.Na Makedonceto izgleda od sekogash mu trebashe cvrsta,stranska zelezna raka i taka neka bide!Vam ne vi treba Evropa,pa zatoa nemate ni potreba da patuvate vo Evropa:-)).Pozdrav
Од: Шредер
Датум: 11.03.2009 10:13:08
Тоа дека кај нас имало реформи е магла, ке ве молам да ми казете за некоја реформа што е успешно завршена и не е само на хартија. А ние повеке се оддалецивеме од ЕУ не само што не се приближивме. После изборите во Евопскиот парламент ке збориме дали ке ни ги укинат визите или не, и дали кај нас на изборите ке има гласање од 105% или 110%. Се секавате на тоа?
Од: srebre
Датум: 11.03.2009 10:20:33
ova go zborat na zapad 20g poradi turcija i muslimanistvo imat strav tur da ne rakovodi so eu so najmn ziteli.
Од: dimitar
Датум: 11.03.2009 11:27:25
Gospogo Merkel, vakov ke bide redosledot na prosiruvanjeto na eu: 1. Turcija (prva dobi datum za pregovori) 2. Hrvatska (vtora dobi datum za pregovori) 3. Makedonija i Crna Gora 4. Bosna, Srbija i Albanija Vo sprotivno ke se raspadne eu i Bavarija ke granici so Otomanskata imperija. Pozdrav
Од: Stefan
Датум: 11.03.2009 11:34:34
pa i toa ukinuvanje na vizi ako ni go dadat e sosema dovolno da se vleze vo EU e poteska rabota otkolku sto moze da se zamisli vo momentov imavme dobra baza na podrzuvaci vo EU no kako odminuva vremeto doagaat novi luge vo EU koi se potkuplivi so edno letuvanje na grcka drzavna smetka a i nasata samobendisanost sekako ne e odlika koja sakaat da ja ima EU vo svoeto semejstvo....se sozdade klima kaj nas deka za nasata sudbina istoriska i vo idnina se nekoj drug ni e kriv a sme mozele i vo minatoto i deneska mnogu poveke da napravime za idninata na ovaa zemja...
Од: SR 1918
Датум: 11.03.2009 11:47:58
Ако ни ги укинат визите,арно,ако не да си поднесам барање за б`лгарски пасош,оти Грујо ја смота работата.„Пастирот“ е дефинитивно за изолација на државата. -Струмица е за Заев!
Од: Pravnik Uni Vienna
Датум: 11.03.2009 11:54:54
Citam,premierot celo vreme zboruva,opoz. me obvinuva za imeto,a tie veke 13g ne go resija problemot! Pravna analiza:Problemot od praven aspekt mora da se definira,formalno pravno da najdete resenie!Problemot se sostoi vo toa deka bez preimenuvanjeto na Aerdodromot i potoa direktnite obvinuvanja so karamanlis i bakojanis od 2006 plus negativnata megjunarodna politika sprema SAD i EU,Makedonija ja izgubi sansata da vleze vo NATO i EU,a ne trebase da go resi problemot so imeto,samo da prodolzevme kako i sega vo sredbite so Nimic.Zatoa e potpisana vremena spogodba 1995,kade sto ovoj problem e jasno definiran.Toa znaci od 95 nikakvi preimenuvanja,obvinuvanja i da se pregovara,no ne beve obvrzani pred vlezot na NATO i EU da se napravi kompromis za imeto!!Sega treba,zatoa sto SAD,EU,grcite velat vie ja prekrsivte spogodbata prvi so preimenuvanjeto na aerodromot,zatoa bez resenie za imeto nema vlez vo NATO i EU i baranjata se poradikalni!Ova e razlikata sega so Gruevski!
Од: NIN
Датум: 11.03.2009 11:55:01
Во право е Меркел и понатака, можеби треба да се исфрлат некои членки на ЕУ за на останатите да им биде подобро. А за тоа нека почнат најпрвин од Источна Германија.
Од: blazo0870
Датум: 11.03.2009 12:34:57
i amerika ne prizna ,ne radi vladata na sdsm ,tuku radi narodot ,a drzavata e narodot ,ocigledno deka samo pisuvate kolku da nemate prazni strani vo vesnikot,ili ste idle vo skolata na sdsm pa tolku ve naucile.
Од: nekoj
Датум: 11.03.2009 13:32:12
Dvizenjeto na luge nikogas nema da zapre, sakale ovie Germanci ili ne, na eden ili drug nacin seedno; Ovie zapadnite zemji, vo koi populacijata staree sekoj den, i ke imaa daleku po negativen prirast da ne bea imigrantite, za 10na godini ke moal da ja primat Turcija da im go zgolemi prirastot, oti ke nema koj da raboti :) Malku sala malku vistina..Ne se karajte pod cie ime vovela Bugarija vizi kon nas, zasto toa e dolznost stom stana clenka na EU :) I uste ova: "Nikola od Germanija" si stanal po nacist od samite Germanci; ne znam sto voopsto se zamaras da pisuvas tuka ako tolku ja mrazis Makedonija, brkaj si rabota; I jas ne ziveam vo Mk, i mnogu raboti mi precat zatoa sto se takvi kakvi sto se, no narodot i mentalitetot ne se menuva taka brzo, sepak si ja sakam mojata zemja-kakva takva moja e; Toj cinizmot i omrazata cuvaj si ja tamu za vo Germ. nie juznacive komunicirame na potopol nacin.Pozdrav i do tebe.
Од: Zorica
Датум: 11.03.2009 13:39:29
Sto ni treba EU.Sega ke vidite kakvi socijalni nemiri ka ja tresat EU.Toa si go zasluzija.Podaleku od niv ,skraja da se od nas.
Од: blagoj
Датум: 11.03.2009 13:46:59
bravo za Rada Branko i Jani shto ne donesoa do ova deredze ; ke ostanime bez ime _identitet _jazik i na kraj i bez zemja !!!
Од: Elena
Датум: 11.03.2009 13:54:01
Ajde menuvajte ime sega. Ima mnogu jaki argumenti deka nema da e zaludno da smenime ime, a uste pojaki deka toa nema da e poslednoto baranje, ili, pak, deka garant ke ne primat otkako ke se prekrstime po terk na Grcija. Dobro e sto rabotite izglevuaat na videlina, barem znaeme na sto sme.
Од: danska
Датум: 11.03.2009 15:17:13
NIKOLA ili nese makedonec ili ti fali nesti ili si ljubomoren zosto ne zivees vo mak sum zborel so makedonci ovde i site se za mak vo eu zatoasto na toj nacin nema da ima potreba da odime na gurbet a i site prava sto gi imame ovde moze da gi odneseme vo mak kako clenka na eu n.p.celosna penzija so site dodadoci a toa sto za hrvatska vikat po nea nikogo toa go zborea uste koge se raspadna istocen blok zaradi hrvati koi se katolici i deka istocna yu e siromasna a tur e poseben problem ne samo za ger tuku site desni partii na zapad.
Од: Трпе
Датум: 11.03.2009 16:08:32
За инает на ЕУ,нема да работиме по нивни��т терк.Кои се тие да ни кажуват што треба да праиме и какви реформи да имаме.Онаа нашата влада со вода е пијана а што би се десило ако пијат виски а да не стане збор кавадаречка Антика.Евро преставниците ке ни се мешат во нашите домашни работи.Што сакаме тоа ке си праиме.Што е постаро кокошката или јајцето.
Од: ilo
Датум: 11.03.2009 16:12:08
kakvi gluposti... "Укинување на визниот режим, гест спрема граѓаните на нашата земја, а не спрема Владата на Груевски" Kotaka zs ne gi ukinaa pred 5 godini...ili 10 godini?!?! ili voopsto ne vovedaa vizen rezim sprema makedonija kako na hrvatska?
Од: V.
Датум: 11.03.2009 16:38:22
Nikogas ne ni imala EU kapacitet za da gi primi drugite zemji osven tie sto odamna se tamu. Veke se pokajaa i za prethodnite prosiruvanja. Nemaat pred se moralen kapacitet: edno zboruvaat, srugo mislat a treto pravat. A sto se odnesuva do vladata na Bakojani taa sekako ke padne i bez vrska so nas. A vo vrska so kletvite (ha-ha) koj kako pravi taka mu se vraka.
Од: Petre
Датум: 11.03.2009 19:23:50
Dosta ni praite "Fuck in Brain" so Vizniot Rezim; pa na Hrvatska im gi trgnavte vizite uste Vojna vodea !!! ; tuku najdovte 18godini meki politicari na vlast, site samo gazot si go gledaat; da bese Ante Markovic na vlast vo Makedonija ke imavme sloboden Vizen rezim istovremeno so Hrvatska, uste vo 90-tite; a jas ke vi kazam zosto go drzite Vizniot rezim, se plasite od vrednoto Makedonce koe ke raboti za mali pari i ke se naseli kaj vas; ne vi smetaat Polskite i Bugarski aramii, Kinezite, Vietnamcite, Afrikancite koj go zapalija Pariz.....samo Makedonceto vi e TRN vo oko... a inaku gangsterite i narkodilerite bez gajle si odat vo EU, tie imaat i Bugarski i Hrvatski pasosi.... ..jasna e vasata politika, sakate da go unistite makedonskiot identitet, da zemaat lugeto zaradi vizniot rezim bugarsko drzavjanstvo, ve citame ko bukvar !!

Најди! во Утрински
Насловна
Изборна клетва
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)
Зденко
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Насловна
Избирачки список за Гинис
Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов
„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Сами против кризата
Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации
Строга контрола на изборните документи
На Србија и' се заканува банкрот
Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец
Судбината им одреди да станат Авганистанци
Името не смее да биде измислено во лабораторија