Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати


Опозицијата реагира дека зголемувањето на каматната стапка на државните записи ќе ги зголеми каматите на кредитите

Соња Маџовска


Откако Владата призна дека се прибрани помалку пари во буџетот од предвиденото, сега се реши да зајмува пари на домашниот пазар. Прв пат издаде едномесечни државни записи со екстрависока камата од дури 8,9 отсто, на износ од 2 милијарди денари или 32,5 милиони евра.

Ова е вонредна аукција на едномесечни државни записи, бидејќи моментно на државата очигледно и' се неопходни пари, кои за 28 дена, односно на 8 април, по изборите, ќе ги враќа заедно со висока камата. Каматната стапка на овие записи што ги издава Министерството за финансии е за 2 процентни поена повисока од каматата на благајничките записи на Народна банка на Македонија, која моментно изнесува 7 проценти на годишно ниво. Тоа е многу примамливо и за банките и за инвеститорите, на кои многу повеќе им се исплаќа парите да ги вложат во државни записи, како многу посигурни инструменти, отколку, на пример, парите да се насочуваат во стопанството.

Вчера опозицискиот СДСМ остро ја обвини Владата дека спротивно на најзините повици до НБМ за намалување на референтната каматна стапка, издала државни записи со камати повисоки од благајничките записи на централната банка. Од СДСМ предупредија дека зголемувањето на каматната стапка на државните записи ќе ги зголеми каматните стапки на кредитите за претпријатијата и за граѓаните, со што кредитите ќе станат уште поскапи, а голем дел од компаниите нема да можат да ги финансираат тековните активности, ниту да влезат во инвестициски проекти.

„Во изминатиов период министрите постојано ја повикуваа НБМ да ја намали каматната стапка на благајничките записи и со тоа да влијае на намалување на каматите на кредитите. Владата вчера го направи сосема спротивното. Издаде државни записи во износ од 2 милијарди денари со ист период на достасување како и благајничките записи на НБРМ - 28 дена, но со 2 процентни поена повисока каматна стапка“, изјави Драган Тевдовски од Комисијата за економија на СДСМ.

Тој обвини и дека во буџетот за 2009 година има многу непродуктивни расходи. Побара Владата итно да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се откаже од непродуктивните трошења за да се создадат предуслови за намалување на каматните стапки, со што, како што рече, ќе им даде свеж воздух на македонските граѓани и претпријатија.

На овие изјави на најголемата опозициска партија веднаш реагираше и Министерството за финансии, кое возврати дека каматните стапки се формираат пазарно, што СДСМ не го разбирала. Во соопштението тие го обвинија Тевдовски од СДСМ дека со вчерашната изјава покажал дека има тотално неразбирање како функционира финансискиот пазар и како се утврдуваат каматните стапки. „Со цел јавноста да не биде доведена во заблуда од страна на младиот и надежен експерт на СДСМ, ќе појасниме дека каматните стапки се формираат врз основа на каматната политика на банките, како и врз основа на каматната стапка на благајничките записи што ги издава Народна банка на Македонија, која служи како референтна каматна стапка. Имено, единствено НБМ со мерките на монетарната политика, а особено преку аукциите на благајничките записи, ги дава сигналите врз основа на кои комерцијалните банки ја утврдуваат својата каматна политика“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Оттаму потврдуваат дека првпат се издава едномесечен државен запис по барање, како што велат, на купувачите. „Станува збор за прво воведување на инструмент со ваква рочност од страна на Министерството за финансии, што е резултат на барањата од страна на потенцијалните купувачи, кои изразија заинтересираност за инвестирање во државни хартии од вредност и на пократки рокови, што би претставувало погодност во управувањето со нивната ликвидност. Ова е од причина што благајничките записи кои ги издава НБМ единствено можат да ги купат банките, додека кај државните записи, покрај банките, како купувачи може да се јават и сите останати физички и правни лица“, објаснуваат од Министерството за финансии.

На тоа дека државата со високи камати на државните хартии од вредност зајмува пари од домашниот пазар пред десетина дена предупредија и од Сојузот на стопанските комори на Македонија. Од СКМ посочија дека државата ги испумпува парите од банките со високите камати, поради што снемува пари за стопанството.

„Банките се конзервативни, а државата со високите камати за државните хартии од вредност зајмува пари од банките. Мора да се преземе нешто. Владата да престане да купува пари од банките и тие да се насочат во стопанството. Банките повеќе се определуваат парите да ги насочат во сигурни инструменти отколку да го кредитираат стопанството со кое ќе треба да го делат ризикот“, изјави неодамна Мирче Чекреџи од Сојузот на стопанските комори. (С.М.)


Статијата е прочитана 2296 пати.

Испрати коментар

Од: natasa
Датум: 11.03.2009 00:06:32
Kako ke ima pari koga gi trosat nenamenski.A i od kade im pari za samoreklamiranje i skapa kampanja.Mnogu lesno se trosat tugi pari,zosto ne dadat na semejstva vo koi ima bolni i teski slucai,na samohrani majki ,stecajci i sl.Dodeka ne sme propadnale do kraj neka si gi soberat partalite i kaj sakaat neka odat,dosta ni se lagi i neostvareni vetuvanja.....
Од: miki maus
Датум: 11.03.2009 00:09:56
za malku ke poveruvav na ovoj ekspert od sdsm,mnogu bese ubedliv a toa sto go kaza e cista glupost
Од: Flaster siti
Датум: 11.03.2009 00:49:57
Браво Грујо, браво спасителу наш! Само терај така. Ако не ти даваат повеќе пари банките, јави ми се јас ќе ти позајмам некој денар. Поволно. Само да не трпи преродбата.
Од: sasko kriva palanka
Датум: 11.03.2009 01:38:31
im se blizi krajot na ovaa nenarodska i nedomakinska vlast. Definitivno ova e najlosata vlada sto sme ja imale. Im propadnaa site proekti i site invisticii. Ni gi potrosija drzavnite rezervi koi se so godini stedeni. Ednostavno Makedonija stana ostrovska zemja, brodot tone nadole a nasite zivoti od den na den stanuvaat se polosi i poskapi. Pozdrav i so ntrpenie go cekam zaminuvanjeto na ovaa nesposobna garnitura.
Од: jovan
Датум: 11.03.2009 08:25:18
Pocna piramidata na Grujo. Vo ocaj nesakajki da priznae poraz na ekonomski plan, zapocnuva so prozirni piramidalni resenija. 9% kamata nikoj vo svetot ne plaka, Evrozonata se simna na 1%, Amerika i Anglija na 0,5% ostanatite ne poveke od 2%. Grujo se oseka "moken" pa resil da plaka 9%. Smeski. So koj sredstva samo ke gi plaka ovie kamati me interesira. So stampanje pari? ili ke ne zadolzuva uste? Narode razbudi se, ova ke zavrsi poloso i od svrsetokot na Jugoslavija.
Од: Леле мајко
Датум: 11.03.2009 09:12:01
За новинарите и коменарите тука не сакам ни да пишувам, но дали е можно нашата опозиција да е толку изгубена? Каматните стапки се формираат пазарно, не од владата, туку од банките. Зарем и тоа не го разбираат во СДСМ? Со вчерашната изјава покажаа тотално неразбирање како функционира финансискиот пазар и како се утврдуваат каматните стапки. Срамота, а сакаат да водат држава.
Од: m2
Датум: 11.03.2009 09:26:58
E vakvi budalastini use nev videla pa neli tajko slaveski kaza kiza nema so e ova do koga be ovoj narod ke bide ovca na so im licime na eksperimentalni gluvci ili na magareto na nastrdain odza do sega ne drzea na leb i voda a sea poso oskudacija samo na vozduh i na kraj ke se cudat od so umira narodot.Abe i vo vojni drzvati ne se zadolzile vojuvale so tolku s-va kolku so imale a ovie za edni izbori ke potrosat se zivo divo
Од: Darko
Датум: 11.03.2009 10:12:15
Значи ја погреба Македонската економија ''експертот''Трајко и Грујо епа господ да ни е на помош со вакви политичари
Од: Do Miki Maus
Датум: 11.03.2009 11:17:51
Miki Maus!?!? Prav Shiljo si!
Од: Pari za preporod
Датум: 11.03.2009 11:27:27
Parite ce bidat namenski upotrebeni vo programata za "preporod vo 100 cekori" Naime ce se gradat nekoi crkvi(da se molime na Boga da preziveeme) spomenikot na Aco Golemiot kacen na Buk. onie lavovi i lavcina , muzei , novi "oranuja na makedonskata zemja od Pasko za pronaodjanje na nasite koreni. Znaci se toa se namenski "investicii" koi ce ne odvedat direktnop vo EU i Nato.
Од: jas
Датум: 11.03.2009 11:36:24
covekot mnogu ubavo razbral,izjavata kako odgovor od min. za finansii voopsto ne dava vistinsko razjasnuvanje,zosto i nepostoi takvo.Se ke napravat samo pred izbori da nema rebalans na budzet.A prazen im e kako nikogas sto e i soodnos so namaluvanje na stopanskata aktivnost i so famozniot sistem na bruto plati.Imeno istoto pak si funkcionira,pogolem broj od vrabotenite povtorno zimaat del od plata vo kes,a se prijaveni na samo eden del.
Од: Makedonec
Датум: 11.03.2009 11:50:25
Na Dragan Tevdovski da ne mu se veruva. Toj e asistent na Ekonomski fakultet na Slave Ristevski. Covekot e izguben, a sega im pravi drustvo na Kire Naumov, Leonid Nakov, Igor Ivanovski site asistenti i site sdsmovski kopuci.
Од: andrej
Датум: 11.03.2009 12:36:48
E tek sega Grujo ke ni ja ispie krvta!!Tek sega otidivme vo nepovrat, vazno za reklami i vmrovcnja mora da ima pari a se razbira ke ne molzi nas!
Од: bile
Датум: 11.03.2009 12:58:07
Cudo nevideno zasekirala se SDSM za drzavata,da vidis pa da neveruvas
Од: sonuvac
Датум: 11.03.2009 13:25:50
Nekoj neka me razbudi od ovoj kosmar sto go sonuvam!!!
Од: Vlach
Датум: 11.03.2009 15:00:13
Do miki maus: kolku da znaes Dragan Tevdovski e eden od najnadeznite ekonomisti vo drzavava i e asistent na Ekonomski fakultet. Mnogu sposoben . Mi bese asistent lani i mnogu nauciv od nego. A ne kako "ekspertite" od privatnite univerziteti koi rabotat za vladata a vrska nemaat od ekonomija, Do vcera bea ulicari a sega profesori na fakultet.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 11.03.2009 15:13:22
Во СДСМ егзистираат само експерти кој од кој, сите експерти за правење на кризи, никој од нив не излегува со конкретно решение за било кој броблем, единствено што знаат е да ја подгревеет ситуацијата.
Од: andre
Датум: 11.03.2009 15:22:34
ima logika sevo ova kako?grujo ce plati kamata 9% a ce go dvira denarot t.e.vo praksa ako go dvira 20% znaci ce cari celi 11% matematika na prost narod a mislev grujo e ekspert za ekonomija ce napravi dr mr mozebi i e da se nadevame ce ne iznenadi pozitivno sekako.
Од: DarkoSK
Датум: 11.03.2009 16:33:48
SE unistija dpmne!!! Sramota toneme od den an den!! DOLE VLADA!!

Најди! во Утрински
Насловна
Изборна клетва
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)
Зденко
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Став на партијата на Меркел
Насловна
Избирачки список за Гинис
Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов
„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“
Сами против кризата
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации
На Србија и' се заканува банкрот
Строга контрола на изборните документи
Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец
Судбината им одреди да станат Авганистанци
Името не смее да биде измислено во лабораторија