Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На Србија и' се заканува банкрот

Белград - Србија треба да стори се' за да ја одржи девизната ликвидност, бидејќи во спротивно и' се заканува сценариото од 1980 година, кога државата банкротираше. Ова го тврди економскиот експерт Стојан Стаменковиќ, кој е член на советничкиот тим на српскиот премиер Мирко Цветковиќ.

Реномираниот весник „Политика“ вчера како ударна вест го објави предупредувањето на Стаменковиќ, според кого, Србија мора да склучи аранжман со ММФ, да го задржи ланскиот износ на „крос бордер“ кредити, да ги револвира краткорочните заеми и да ги убеди банките да не ја намалуваат кредитната активност. „Дури и да успееме во сето тоа, неминовно ќе биде намалувањето на вкупната јавна потрошувачка“, смета Стаменковиќ, додавајќи дека наместо тоа, ќе се пристапи кон зголемување на буџетскиот дефицит од 1,75 - на три отсто.

Тој ја повика владата во најбрз можен рок да излезе со разумна економска политика за совладување на кризата и рецесијата, во која намалувањето на јавната потрошувачка и штедењето би биле на прво место. Во спротивно, инфлацијата и девизниот курс ќе си го сторат своето, смета Стаменковиќ, кој прогнозира дека инфлацијата во 2009 ќе изнесува околу 15 отсто, а курсот на еврото би можел да расте и со побрзо темпо.

Тој ја поздрави одлуката за одобрување субвенционирани кредити за граѓаните и фирмите, но смета дека таа мерка е недоволна, со оглед на лошите статистички показатели за првите два месеца, според кои Србија бележи пад на индустриското производство и големо намалување во надворешната размена. (Макфакс)


Статијата е прочитана 1908 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 11.03.2009 00:05:04
Ne kje da e samo na Srbija..
Од: diasporata
Датум: 11.03.2009 03:37:58
Ne znam Latas kako go dozivuva ovoj tekst za negovata drzava, lelelele, ke mu propadne drzavata na nego i na Zingo. Uf uf uf , ne mu e tolku krivo oti navistina Srbija ke propadne ekonomski, mu e krivo, sto ne moze da napise nisto protiv Ljubco Georgievski na taa tema vo vecer, vreme i spic. Ajde Latas ti so tvoite inteligentni kolumni, nadmini sé, i ubedi gi Makedoncite deka i za toa e kriv Ljubco Georgievski.
Од: jovan
Датум: 11.03.2009 08:31:24
Ne sme poarni ni nie, samo sto kaj nas ne ubeduvaat deka cvetaat rozi. A bankrot najavuva i Italija, Anglija, Grcija i Irska (sega za sega). Mnogu drzavi se spremaat da objavat "bankrot" se so cel da ne gi vrakaat dolgovite koj gi dolzat po osnov DRZAVNI obvrznici. I Amerika razmisluva za "bankrot", samo da ne gi vrati parite na Kineskite kompanii koj investiraa vo Amerikanski drzavni zapisi. Se e ova farsa okolu "bankrotite". Pa i Makedonija za da ne gi plati onie 9% koj Grujo resil da gi plaka za izdadeni drzavni zapisi od Rep. Makedonija, najisplatlivo ke mu bide da proglasi bankrot na drzavava. Natamu i odime nekako.

Најди! во Утрински
Насловна
Изборна клетва
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)
Зденко
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Став на партијата на Меркел
Насловна
Избирачки список за Гинис
Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов
„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“
Сами против кризата
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации
Строга контрола на изборните документи
Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец
Судбината им одреди да станат Авганистанци
Името не смее да биде измислено во лабораторија