Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Судбината им одреди да станат Авганистанци

Во Кундуз живеат некогашните војници Александер Левенец и Генадиј Цеума, двајца селани од Украина

 

Потребно беше повик од командант на авганистанската армија, разговор со полициски шеф и климнување на главата од гувернерот за на крај да ни биде дадена дозвола да минеме низ портите на мостот на пријателството што го поврзува северниот дел на Авганистан со поранешната советска република Узбекистан. Низ обичниот бел мост кој се протега низ реката Амур Дарја, само по еден автомобил минува на неколку минути или нешто повеќе. Потоа, товарен воз минува по шините, нарушувајќи ја грозоморната тишина, овозможувајќи ни да го замислиме времето пред неколку века кога моќни армии ја минувале оваа граница.

Од Александар Велики до Големата игра во 19-от век, стратешко ривалство меѓу британското и руското царство, ова е граница на империја.

Пред три децении советската Црвена армија го помина овој мост. Тогаш во 1989 година, најмалку 100.000 војници преминаа на другата страна од реката во воена колона. Околу 15.000 војници на Црвената армија ги загубија животите, а повеќе од еден милион Авганистанци беа убиени во конфронтациите од врмето на студената војна меѓу владата во Кабул, што ја имаше поддршката од Советите, и муџахединските борци, вооружени од Западот и исламистичките соседи.

Советскиот командант, генералот Борис Громов, одликуван воен херој, беше последниот кој го мина овој мост во внимателно испланираното заминување. Во Москва портпаролот на Министерството за надворешни работи изјави дека "ниту еден советски војник не е оставен во Авганистан".

Дваесет години подоцна, во северноисточниот град Кундуз живеат војниците Александер Левенец и Генадиј Цеума, двајца селани од Украина, поранешни тинејџери-регрути. Војната во Авганистан им ги сврте наопаку нивните животи. ��лександер стана Ахмад. Генадиј е Нек Мохамад. Меѓутоа, судбината им подели различни карти. Александар дезертираше од својата единица. Русите предупредија, секој кој ќе се предаде ќе биде измачуван од страна на муџахедините. Меѓутоа, наместо тоа тие го примија кај нив. Тој на крајот го прифати исламот и се бореше против неговите поранешни руски другари. Генадиј беше заробен од друга муџахединска група и принуден да избира меѓу преобратување или смрт.

По 25 години малкумина го откриваат нивното украинско потекло. На сите настани тие се авганистански муслимани со нивните традиционални шалвар камез, туника и пантолони, и проседи бради. Меѓу "Авгантсите"- советски војници кои се бореа во оваа војна - мал број од нив дезертираа или беа однесени во затвор. Неколкумина биле прифатени како специјални муслимани кога Талибанците дојдоа на власт. Некои се вратија во нивните стари домови.

Ахмад со својата средена брада и извезена муслиманска капа сака да го остави минатото зад себе. "Не се сеќавам на ништо од Украина. Таму нема ништо за мене". Мајка му и брат му се мртви. Тој вози бело државно такси за да ги издржува сопругата и четирите ќерки. "Не се каам", вели тој со насмевка додека неговите ќерки играат школка на зајдисонце пред нивниот дом ограден со ѕид. Во оваа конзервативна авганистанска култура неговата сопруга не се експонира многу.

Нек Мохамад, исто така, има четири деца и авганистанска сопруга, со која се ожени кога таа беше тинејџерка. Меѓутоа, тука е и Сергеј, братот кој имаше само 11 години кога тој заминал на фронтот. Во изминатите неколку недели Сергеј успеа да собере пари и храброст за да го посети. Додека седевме на перници, според авганистанската традиција, Нек Мохамад се сеќава на нивното емотивно обединување. "Сергеј рече: 'Што се случи со тебе? Види што судбината ни' направи'". Сергеј сака тој да се врати дома. Нек Мохамад е растргнат. "Јас сакам да заминам, но семејството на мојата сопруга нема да и' дозволи. Моите деца се прекрасни. Не би можел да ги оставам". Кога Нек Мохамад го вклучи својот телевизор со сателитска антена за да слуша руска музика, жените кои играа на малиот екран го навредија Ахмад, кој го сврте погледот. Нек Мохамад ја следеше програмата со иронична насмевка. "Никогаш не сме имале такво нешто".

Нивните животи беа засекогаш променети од оваа војна. Меѓутоа, таква е и судбината на целата земја кога Советскиот Сојуз изврши инвазија врз неа за да ја поддржи непопуларната власт во Кабул која бараше помош. "Тоа беше грешка", призна рускиот амбасадор во Кабул, Замир Кабулов, кога го посетивме споменикот на загинатите Руси на крајот од нивната нова амбасада во Кабул. Тој беше млад дипломат за време на советската окупација и поголем дел од својата кариера мина во Авганистан. Сега тој има непријатно предупредување до Западот. "Трагедијата повторно се повторува. Мислам дека Американците и другите партнери што ја водат војната против тероризмот не ја научија историската лекција". Амбасадорот Кабулов честопати зборува, со едвај скриено задоволство, за маките на поранешните ривали од студената војна. Тоа ги нервира западните дипломати кои ги отфрлаат историските предавања од Москва.

Во 2001 година кога американските и британските војници помогнаа за соборување на Талибанците од власта, тие беа пречекани како ослободители, а не како окупатори. Тоа беше оценето како нов почеток. Меѓутоа, како што Талибанците напредуваат во близина на Кабул, а цивилните жртви се зголемуваат поради "авантуристичките" американски и НАТО воени напади, Авганистанците се прашуваат зошто земјите кои дојдоа да им помогнат сега ги разочаруваат. Нови 17.000 американски војници ќе бидат испратени во Авганистан...

Старата железница од времето на студената војна на северната граница наскоро ќе помогне да се донесе потребната опрема за силите на НАТО, додека тие ја зајакнуваат кампањата во Авганистан. (Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 871 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Изборна клетва
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)
Зденко
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Став на партијата на Меркел
Насловна
Избирачки список за Гинис
Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов
„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“
Сами против кризата
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации
На Србија и' се заканува банкрот
Строга контрола на изборните документи
Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец
Името не смее да биде измислено во лабораторија