Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации

Млекарницата за нецела година направила загуба од 10 милиони евра, што се наѕидува на долгот од 38,5 милиони евра

Александрија Стевковска


„Сведмилк“ бил параван за финансиски малверзации на претходното раководство и на дел од акционерите, со кои тие си ставиле во џеб милиони евра на штета на доверителите и на фармерите. Ова го покажува ревизорскиот извештај за млекарницата, изготвен од домашна ревизорска куќа, а нарачан од „Сведфонд“, кој поседуваше 27 отсто од акциите, откако шведскиот фонд се посомневал во работењето на останатите акционери на компанијата. Ревизорскиот извештај објавен во ноември минатата година го прикажува финансискиот криминал во млекарницата. Бројките покажуваат загуба од 10 милиони евра за нецела година, што се наѕидува на долгот на млекарницата од 38,5 милиони евра.

Со цел да зема кредити од банките, менаџментот ги „фризирал“ податоците, менувајќи ги сметководствените пресметки, за да прикажат загуби помали од направените. Под лупа на ревизорите се нашло работењето на сите акционери во млекарницата, кои со своето работење вештачки ја „дувале“ вредноста на фабриката, со цел да ја продадат на голем светски бренд од типот на „Данон“, кој, пак, не сакал да влезе во компанија со толку високи и нерасчистени долгови. Во меѓувреме се работело без да се плаќаат млекото на фармерите, амбалажата тетрапак и сите останати услуги. Парите од продаденото млеко биле чист ќар за акционерите, кои не успеаја да функционираат заедно ниту една година и кои поделбата на колачот пари ги раскара и предизвика испливување на сите проблеми во фабриката на површина. Во меѓувреме, „Сведмилк“ подигал кредити, произведувал млеко три пати повеќе од она што можело да се продаде, за на крај млекото да го истура во канализација.

Ревизорскиот извештај за „Сведмилк“, направен за периодот од декември 2007 заклучно со септември 2008, кој досега се криел од очите на јавноста, покажува дека фирмата дострибутер и акционер „МиА Бевериџ“ имала долг кон млекарницата тежок 1,14 милиони евра, направен со преземање 3 милиони и 750 илјади литри млеко што требало да ги продаде на странскиот пазар по цена од 40 центи за литар, иако млекото од сточарите било договорено да им ��е плаќа по 50 центи за литар. Наместо овие количини да се продадат надвор, дел од млекото било продадено на домашниот пазар, што креирало негативни последици за пазарната позиција на „Сведмилк“. И тука започнуваат најголемите проблеми, поради што препорака на ревизорот била млекарницата во најкусо време да го смени дистрибутерот. Во меѓувреме, менаџментот одобрил менување на сметководственото работење во фабриката, согласно со што се прекриле дел од загубите. Овој чекор, според ревизорот, дал магловита и погрешна презентација на финансиското работење на фабриката и погрешна претстава за сопствениците. Наспроти сите овие малверзации, во ревизорскиот извештај не се препорачува банкрот на фабриката, односно се посочува дека со нејзиното внатрешно преструктурирање таа ќе може да продолжи да работи и заработува.

Согласно со ставките во ревизорскиот извештај, може да се види дека фабриката и во време кога се градела имала регистрирано загуба од над 93 милиони денари, а во деветте месеци од минатата година загубата достигнала над 300 милиони денари, сума која млекарницата ја прикажала како загуба од 80 милиони денари. Намерата на менаџментот да го продаде „Сведмилк“ не се исполнила поради растот на апетитите на дел од акционерите за без пари да ја добијат млекарницата.

Тоа претставуваше иницијална каписла за сите проблеми да се исфрлат на површина и да се дојде до оваа ситуација во која се наоѓа сега млекарницата, со нов газда, се' уште блокирани банкарски сметки и долгувања кон фармерите. Тие, пак, се' уште ги чекаат своите пари.

Дали овој ревизорски извештај ќе биде повод за надлежните органи да поведат истрага во случајот „Сведмилк“, останува да се види во наредниот период.

Инаку, пелагониските кооперанти на шведската млекарница вчера продолжија со протестите. Во писмениот допис до медиумите велат дека проблемот со исплатата на млекото ги надмина сите граници, поради што донеле одлука од денес да почнат со серија протести, се' до решавање на нивниот спор. „Пари нема, но протести ќе има, и тоа жестоки. Од 13 часот до 15 часот ќе излеземе на штрајк пред вратите на градоначалникот Талески. Така одлучивме зашто нема крај на лагите на новиот сопственик на млекарницата, ама и на владините министри. На крај сме со нервите“, изјавија вчера фармерите од Битола, откако по којзнае кој пат се соочија со празните банкарски сметки. Стојан Кулевски потврди дека вчерашниот протест е уредно најавен во полиција, а одлуката да се излезе на штрајк пред локалната самоуправа во Битола била одлука на сите фармери. Од ваквата најава единствено можеле да се откажат само доколку се уверат лично дека парите за млекото конечно стасале на нивните сметки.

Фармерите уште еднаш се пожалија дека без пари нивната финансиска ситуација од ден на ден им го загорчува животот. Каматите што треба да им ги платат на банките достигнале и по неколку илјади евра. „На банката и' должам околу 3 илјади евра само за камати за поседните 7 месеци. И да земам сега пари за млекото, нема да ми стасаат да си ги израмнам сметките со банката, а камоли за живејачка“, се пожали фармерот Трајан Илиоски. Фармерите побаруваат три и пол милиони евра за предаденото млеко во последните 7 месеци. (А.С.-А.Б.)


#
Статијата е прочитана 3185 пати.

Испрати коментар

Од: Никола
Датум: 11.03.2009 00:12:31
И, ќе има ли кривични пријави, или ова е само за добар сон?
Од: Ace od Avtralija
Датум: 11.03.2009 00:21:15
Znaci ova e okaz deka site sto laevte protiv Gruevski i VMRO, ste i ce bidete kontrasi bez mozok i ocrnuvate bez pricina. Problemot tuka, tamu i vo cel svet ne se politickite partii, kolku t.n.receni " FAT CATS "koi drpaat " zakonski milionski bonusi", blagodarenie na kapitalizmot sto propadja i narodot sto sedi pasivno i se kritikuva eden so drug.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 11.03.2009 00:45:40
Zalno,navistina....ama mislam deka farmerite svatija deka greskata ne e na Vladata
Од: milko
Датум: 11.03.2009 01:14:16
povtorno ke protestiraat na pogresno mesto.i povtorno nisto. treba da se protestira pred onie koj gi lazea i im go zemaa mlekoto bez pari. samo taka ke stavi kraj na vakvi malverzacii. farmerite dobro znaat koj gi dogovarese spogodbite za predavane,
Од: jimmy1
Датум: 11.03.2009 01:16:37
E sega neka se proeri koj mu gi kupi stanovite na Grujo, a nema nitu eden stan na imotnata lista. Neka se ispita vo kolku vakvi crni zdelki e vmesan a ne da ni glumi nevinenko. Tesko e dodeka klopceto pocne da se odmotuva, a koga ke pocne sve ke izleze na videlo.
Од: Pravnik Uni Vienna
Датум: 11.03.2009 03:30:11
Originalniot podatok od IFAD za SWEDMILK! Swedmilk Macedonia, the first modern dairy plant in Macedonia,started operations in 2007. A Swedish equity capital firm provided 28 per cent of the initial share capital, and the rest is owned by a local company and the management team, for an overall investment of more than €20 million. The ACDF has provided a small contribution of €200,000, and two of its PFIs are major financiers of the company. NA MAKEDONSKI:28% kapital od svedska kompanija,1% od ACDF,a 71% od kapitalot doagja od lokalna makedonska kompanija zaedno so menadzerskiot tim!I deka 2 od tie firmi koi se osnovani od vladata i privatniot sektor zaedno(PFIs)kako GLOBAL na Zaev,se glavni investitori! Gi molam novinarite da go prasaat direktno Premierot,za koja lokalna makedonska kompanija formirana od vladata i privatniot sektor(public-private partnership) stanuva zbor?Koi bea lugjeto na menadzerskiot tim postaveni od Premierot Gruevski koi go unistija Swedmilk zaedno so Oscars
Од: Gigo
Датум: 11.03.2009 03:36:22
Seto ova sto se slucuva e rezultat na makedonskite akcioneri koi ova go isplaniraa pred gradenjeto na objektot.Tie uspeava da gi "nasamarat" Svegjanite koi im veruvaa.Semata donekade im uspea i parite gi zemaa, ama ostanaa "kusi" za fabrikata, bidejki taka im bese planot.Vo sekoj slucaj tie dobivaat.Kolku samo pari se "izvlekoa" preku "prijatelite" na makedonskite akcioneri koi rakovodea so gradenje na objektot.Se napravi fabrika od kartoni, so odlicna oprema (Tetra Pak - Svedska).Energetskite resenija se na nivo od pred 50 tina godini (na toa nivo imaat stagnirano "prijatelite"na akcionerite).A zaedno "iscicaa" milionski sumi.Roger mislese deka so lugjeto koi rabotese mozese da im veruva, a tie go "igraa" kako sakaat ipravea sto si sakaat.Nazalost toa se "Balkanskite lavirinti i semi" na kriminal.Zalno e za Svegjanite, farmerite, za Makedonskiot ugled vo svetot.Ama nazalost toa e surovata vistina.
Од: ljupco,bitola
Датум: 11.03.2009 05:23:09
Се додека не заиграат лисиците,нема да се реши кризата во Сведмилк.За време од две години колку што работеше,направена е таква финансиска дупка,просто да не верува човек.Па некој таму пљачкал немерено,јас ова го тврдам веќе подолго време,нека наполнат едно комбе со тегет боја со домашни махери,кои беа вклучени во работењето на млекарата и ќе се најдат парите.Само така и никако поинаку.
Од: glupendra
Датум: 11.03.2009 06:48:06
I taka mnogu cekavte, sacekajte uste eden mesec, ke pominat izborite i posle od Vladata ke vi kazat deka so prifatni firmi tie ne mozat da sklucuvaat dogovori i da vlijaat. Naviknati se tie da go plackaat narodot, zarem ne gledate deka nitu edna tuzba protiv drzavata ne dobi nikoj dosega, pa duri i tamu kade instituciite na drzavata kradea i koristea tug imot. Zarem ne gledate dekao nraniteleite ke moraat da vracaat sredstva za osteta.
Од: Koce
Датум: 11.03.2009 07:35:42
I vo ovoj izvesstaj nedostasuva podatokot - koi se glavnite kriminalci od menadzzmentot koi go krccmele mlekoto na farmerite i sozdavale liccen profit. Treba definitivno policiskata kontrola da gi obelodeni nivnite iminja, da se prezene itna finansiska istraga i da se izvedat pred liceto na pravdata tie kriminalci. Zassto, ako se ima vo vid kakva tragedija im nanesoa na mlekoproizvoditelite, a so toa i na drzzavata, tie takanarecceni akcioneri - kriminalci ne se nissto podolu od onoj seriski ubiec, komu denovive mu e izreccen dozzivoten zatvor. Ovie se seriski kriminalci koi otvoraat i zatvoraat firmi, perat pari i unisstuvaat iljadnici rabotniccki semejstva, dodeka za sebe neprecceno gradat vili, hoteli, pravat finansiski dinastii od potta na narodot.
Од: mene
Датум: 11.03.2009 07:39:10
A zosto ne gi kazete tie akcionerite drugi po ime i prezime ili ce im gi pomatite smetkite sega pred izbori
Од: Pale
Датум: 11.03.2009 07:46:46
Млекарите треба да протестираат пред вратите на претходното раководство на млекарницата и акционерите кои работеле против интересите на млекарите и да бараат од нив да им ги врати парите.
Од: Орвел од Дебармаало
Датум: 11.03.2009 08:00:31
Во целата приказна „Сведмилк“ клучно прашање е „Кој се офајди од загубите?“. Јас не располагам со можности за анализи на настаните врзани со вакви ујдурми. Но, дали воопшто има некој во државава кој располага со такви можности. Мислам на истражувачко новинарство, не на ревизорски ујдурма-куќи. Нашето новинарство се бави само со дневни заебанции. Вчерашните се забораваат. Латас се надминува и себеси, брише делови од разговори. Како повторно да ја читам „1984“.
Од: mirco
Датум: 11.03.2009 08:20:11
site vo zatvor,aramii
Од: Viktor
Датум: 11.03.2009 08:36:40
Кога се финансии во прашање, зошто Вие новинарите, за финансиите кој каде, како не ја запрашате и тогаш и сега актуелната директорка на финансии г-ѓа Гога, може знае нешто жената. Нејзе не и каснела плата она редовно си зема плата.
Од: jas
Датум: 11.03.2009 09:14:54
Do Irina, Kavadarci i Ace ( sto ne si ja gleda rabotata vo Avstralija , tuku ni soli pamet ovde vo MK).A zosto da ne bide obvineta Vladata i Grujo za ova??? Pa koj treba da gi shtiti makednoskite gragjani vo ovaa drzava??/Da ne treba Bugarija ili nekoj drug? Se razbira deka toa e ovaa vlada ! Samo , ne smeat bidejki i tie se do gusha zaglaveni vo ovaa afera." Ne mozhela Vladata da plaka dolgovi na privatni firmi" !!! Slucajno TAT da ne beshe drzhavna firma?Shto i da kazhete , ne mozhete da go " isperete " vasiot pastir od odgovornosta...
Од: Pero
Датум: 11.03.2009 09:30:25
Toa shto go kaza Gigo e sosema tochno. I jas istite raboti gi razbrav nekade pred 1-2 meseca. Samo treba da se napishat i iminjata...Se znaat tie iminja! Btw, od Makedonija nishto novo, 18 godini se pljachka narodot i ke prodolzi da se pljacka, bidejki toa e de facto ozakoneto vo ovaa zemja.
Од: b
Датум: 11.03.2009 09:42:06
И кажете дека Мики Маус и Р.Р. не се во право. Па сево ова е масло на СДСМ. А Љубчо од Битола некни кога Владата го појави спасителот на млекарата пишуваше славопојки за неа, а сега дели совети. Сироти ВМР-овчиња.
Од: Do Irena i slicni na nea ..
Датум: 11.03.2009 10:37:44
http://www.youtube.com/watch?v=DI9Zw6QdS-0
Од: neirina od nekavadarci
Датум: 11.03.2009 11:45:54
Irina,kavadarci moze li poradi neuracunlivost da se zabrani da komentira? TAT ne go napravi branko a mu e vo dosieto kako nesto vo koe zataile instituciite vo negovo vladeenje. isto e ovde. demokratija se komentarive ali ako sestro ne ti sece daj malku oladi ne mora site da pisaat komentari. so pravele inspekciite poslednata godina i poveke, eve vo septemvri i revizija imalo. ako nekoj pravel kriminal (za mia se znae nekolku vreme) zosto ne e priveden? seti se kolku lesno zaev bese priveden...
Од: Stefan
Датум: 11.03.2009 11:53:16
na pravnicite na Gruevski slabo im odi postapkata vo utvrduvanjeto nevinost na cesniot ni premier(so 4 stana kupeni vo vreme na vojna)...nemojte da se zalazuvate deka on nisto neznael koj upravuva so taa fabrika posto on secese lenta i Oskarson peese pesni na negovite spotovi za predizbornata kampanja za uspesna investicija vo makedonija...vo idnina ke vnimava kaj sece lenti i so sto se fali da ne se pravime ludi ne otvorase selska prodavnica otvorase mlekarnica gi nemame milioni vo nasata zemja 3-4 se...a i sigurno se interesiral za finansiskoto konto na svoite bratucedi svoite sorabotnici i sekako svojata smetka...ke mu veruvam deka nema zamesano prsti vo aferava koga ke vidam lisici na glavnite protagonisti vo aferava samo da ne bide toa cuvarot koj nevidel kako mu go kradat mlekoto ili smetkovoditelot koj rabotel pod prinuda da pravi lazni fakturi sakam da vidam direktorcinja i akcioneri...e Irena i ostala kompanija ova prenesete mu go na premierot koga ke imate partiski sostanok..
Од: Makedonec
Датум: 11.03.2009 11:57:34
Uste koga zapocna da raboti Swedmilk se prozbore deka mlekarnicata e na Zore Temelkovski. MiA Baverages e smestena vo prostoriite na Ino Spektar vo Kisela Voda. Pa sega izleze deka toa e tocno.
Од: rud gulit
Датум: 11.03.2009 13:28:02
ова што се случува во Шведската млекара е истото кога Лупбчо Георгиевски го донесе глумецот Руд Гулит во Бучим Радовиш
Од: Che Gi Varam
Датум: 11.03.2009 14:40:35
Do Ace od Avstralija: bidi dosleden, ne samo da ja branis ovaa Vlada, tuku istiot stav treba da si go zadrzis i za site prethodi. Setete se samo koj nastrada( i seuste) vo ova tranziciono vreme. Rabotnickata klasa. A znaete zosto, zatoa sto nivoto na svest i obrazovanie ne im dozvoli podobro da se grupiraat i solidariziraat vo eden silen Sindikat. Kaj nas rabotnicite sami potpisuvaa ovlastuvanja za direktorite da gi rakovodat nivnite akcii. Jas ne gi obvinuvam Vladite na RM za kriminalot pri privatizacijata. Krivi se samite rabotnici. Sekoja cest na upornosta na vrabotenite vo Slavija. So masovni radikalni strajkovi, nemase da imame vakva otimacina
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 11.03.2009 15:24:20
Владата со добра намера привлекува инвеститори се со цел да има каде да се пласира домашниот производ,додека менаџирањето не е обврска на Владата,тоа е работа на фирмата и воопшто Владата не е виновна за настанатиот проблем во Сведмилк.
Од: anonimen
Датум: 11.03.2009 15:30:07
Kakva sreka imala vladata i premierot sto najdoa ovci da gi stizat! A ako na ovcite im odgovara frizurata togas pak neka glasaat za istata partija. Ic ne mi e zal, "Baravte - Gledate!"
Од: nekoj
Датум: 11.03.2009 16:54:57
uste eden dokaz deka funkcionirame kako nekoja Afrikanska zemja. I ke odgovara nekoj? Pa nie ne sme drzava ni po poim kamoli na delo! I kukajte kako cela Evropa se raspaga, site vi se krivi, a smaite megu sebe se odravte, i nikoj ni so mal prst ne mrdna! Da ti se snevidi drzavata..pardon/
Од: Petre
Датум: 11.03.2009 19:30:33
samo ne mi e jasno kako Bankite im davale pari bez hipoteki, kako im davale tetrapak ambalaza bespari ??..Neka pukne tikvata Koj se tie aramii, Stranci ili Domasni, tocno po ime i prezime ! pa postoi metodologija, krivicna, Interpol ( kako sega za poranesniuot menager na Telekom)

Најди! во Утрински
Насловна
Изборна клетва
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)
Зденко
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Став на партијата на Меркел
Насловна
Избирачки список за Гинис
Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов
„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Сами против кризата
Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Строга контрола на изборните документи
На Србија и' се заканува банкрот
Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец
Судбината им одреди да станат Авганистанци
Името не смее да биде измислено во лабораторија