Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Едиторијал

Избирачки список за Гинис

Катица Чангова

Македонија е навистина земја на чудата. Веројатно ние сме една од поретките држави во која гласачкото тело опасно се приближува до вкупно изброеното население. Според некои статистички параметри, ако трендот продолжи, тогаш за една и пол деценија бројките на гласачите и на жителите ќе се изедначат.

Рекордните 1,79 милиони избирачи во пописно изброените 2,02 милиони жители прави неверојатен процент од речиси 88 отсто. Од ова произлегува дека имаме само 230.000 малолетни лица. Чудо. Се прашува ли некој што е на власт зошто бројките на гласачи растат. Што не е во ред? Дали наталитетот е во пораст, а се прави кампања за трето дете.

Овој избирачки список е за Гинис. Можеме да урнеме рекорди со вакви податоци. Создава сомнеж во валидноста на списокот со гласачи, а со тоа и во регуларноста на изборите.

Институциите тврдат дека списокот се ажурира пред секој изборен циклус и дека граѓаните имаат доволно време да се уверат во точноста, но и да побараат измени. Но, се чини, дека напорите за објективен список не успеваат онака како што се очекува. Не секогаш избирачкиот список се коригира по автоматизам.

Има бројни примери за тоа. Исти граѓани родени два пати на ист датум, но во различна година, исти жени кои раѓале два дена по ред. Во некои помали места, како што се Маврово-Ростуше, Вранештица, Дебарца и Долнени поголем е бројот на гласачи од жители.

Оние кои наполниле 18 години пред повеќе месеци и се надеваат дека првпат ќе избираат претседател и градоначалник случајно откриваат дека не се гласачи. Поупорните ќе донесат документи и ќе го решат тоа. Што со оние кои не го прават тоа?

Можеби е морбидно, но на гласање „доаѓаат“ и починати. Членови на изборната администрација од помалите места каде што не влегува полиција и набљудувачи, откако биле на некоја дадена пауза утврдиле дека на списоците се по��пишале и умрени.

На јавноста се' уште и' се свежи сеќавањата кога во пресрет на едни претходни избори жителите на Пустец добија лични карти преку ноќ. Запрепасти тоа што како место на живеење им беше запишана адресата на која се наоѓа централата на Министерството за внатрешни работи.

Изборниот штимунг нема да биде целосен ако не се спомне сивата бројка на избирачи од странство кои ги дефинираат како фантоми. Распонот на иселеничките гласови никако да се совпадне меѓу официјалните и неофицијалните евиденции. Во оваа зона има не повеќе од 70.000 државјани, тврдат надлежните. Но, има и други бројки, дека тој број е многу поголем - од 150.000 до 220.000 иселеници.

Сето ова говори за импровизаторски однос спрема списокот. Оваа практика не е од вчера. Се провлекува две децении и стана трајна тенденција. Како поинаку да се протолкува тоа што ние пред секој изборен циклус сме буквално на почеток со списокот.

Очигледно, на партиите им одговара лежерноста и лебдењето во поглед на средувањето со евиденциите. Опстојува правилото власта да го брани списокот, а опозицијата да го напаѓа. Веројатно и едните и другите знаат некои матни работи за таа гласачка книга.

Кога има виртуелни гласачи, тогаш списокот е нереален. Но, никој не прави ништо еднаш засекогаш оваа тема да се симне од дневен ред и да престанат обвинувањата за злоупотреби, манипулации и темпирање на гласови. Како да има премолчен консензус да не се чепка таму. Политиката кај нас е секогаш посилна од статистиката.

Интернет-посетителите на нашите текстови запишаа интересни нешта за вечната тема - избирачки список. „Овчарите ги бројат овците, а кај нас не може народот да си го пребројат. Ова им одговара на царевите. Ќе обезбедат не 100, туку 1.000- годишно царство. Дека сме тргнале во таа насока се гледа со спомениците“.

 


Статијата е прочитана 1119 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 11.03.2009 01:09:59
veruvam deka brojkite glasaci se tocnini , pola kosovo ima makedonski pasosi i koga treba da se glasa i da se brojat etegi tuka vo makedonija , koga treba da se glasa vo kosovo i da se brojat etegi od makedonija vo kosovo , stavigo keceto na glava i site se isti ne prepoznatlivi , isto koga zaekot se trkal so dvete zelki .
Од: ljupco,bitola
Датум: 11.03.2009 05:37:24
Има и повеќе од 200 илјади иселеници.Се гледа и по одзивот на секое гласање.Немаме одзив ни 50% а повеќето од граѓаните гласале на сите избори. Досега најголем беше одзив од 70% и тоа на првите избори.Очигледно треба да се менуваат законите и бришат иселениците од списокот,или да се дозволи електронско гласање или поинакво на дијаспората. Нашата опозиција беше против секакво изјаснување на дијаспората,значи со законски измени нека ги тргнат од списокот, следниот пат кога ќе дојдат власт,а сега нека не кукаат за списокот,аман.
Од: 123
Датум: 11.03.2009 07:11:51
prosekot e uste podobar.Ima opstina so ist broj na ziteli i glasaci
Од: ЗСС - Скопје
Датум: 11.03.2009 08:00:52
Од септември о.г. одговорноста за Избирачкиот спискок поминива на ДИК преземајќи ја од Министерството за правда. Ајде да се направи една акција (како собирањето на оружјето) и на луѓето да им с овозможи, наоѓајќи го нивниот личен интерес, да се пријават на адресата на која живеат. Јас живееам тука - колку е значајно и гордо. Се смета дека околу 400.000 жители (и децата се тука) немаат лични документи на вистинакста адреса. А сакаме да имаме што повеќе договори за реадмисија?! Имаме официјално околу 54.000 дивоградби, а најмалку се дупло (иако правилото е: само 10% се гледа). Погледнете го бројот на избирачите во некои населени места и бројот на стварните жители на тоа место! - 10 пати разлика!
Од: gimce tetovo
Датум: 11.03.2009 12:18:29
Do Pirin izgleda deka se poistovetuvas so likot od narodnata prikazna za magareto sto go jadel volkot Gospode napravi deka e son Ne se raboti za siptarite od kosovo tuku za 200.000 glasaci na grujo
Од: Миле
Датум: 11.03.2009 13:08:09
Со кого ли ќе има „фер„ избори, кога во старот имаат 300.000 гласови повеќе (88% гласачкото тело)!! Но, Брисел и тоа го гледа и пак СДСМ ќе им биде крив на pastirot и клетварот!
Од: Che Gi Varam
Датум: 11.03.2009 14:21:55
Ako i Partiite se slagaat deka brojkata na izbiraci ne e tocna, togas kako ke odredat dali e ispolnet cenzusot na izleznost. Veke moze da se izvede zaklucok deka i ovie izbori kako i site prethodni ne se pravilno sprovedeni, odnosno rezultatite ne se tocni. A deka rezultatite mora da bidat so 100% tocnost, mislam deka ne treba da ve ubeduvam. Se drugo e gola voda, uste ednas samite na sebe si dokazuvame deka NE NE BIVA

Најди! во Утрински
Насловна
Изборна клетва
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)
Зденко
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Став на партијата на Меркел
Насловна
Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов
„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“
Сами против кризата
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации
На Србија и' се заканува банкрот
Строга контрола на изборните документи
Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец
Судбината им одреди да станат Авганистанци
Името не смее да биде измислено во лабораторија