Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Дисидентска група „Постојана“ ИРА уби полицаец

Убиството се случи само 48 часа по убиството на двајца британски војници во Северна Ирска

Од нашиот дописник

Томислав Ивановски



ЛОНДОН - Само 48 часа по убиството на двајца британски војници и ранувањето на четири други лица, во нападот на касарната во Антрим од припадници на т.н. „Вистинска“ ИРА, како и броени часови по заминувањето на премиерот Гордон Браун од Белфаст и од Северна Ирска, каде што разговараше со политичките лидери за потребата да се спречи можната ескалација на насилствата, во градот Креигавон, во областа Арма, беше убиен полицаец, припадник на новите полициски сили во покраината. Одговорноста за овој втор, едноподруго напад врз безбедносните сили, ја презеде досега неидентификуваната и неогласена дисидентска, милитантна група, што себеси се нарекува „Постојана“ ИРА. Оваа група, која тврди дека го одржува „континуитетот“ на паравоената Ирска републиканска армија, што формално е распуштена и разоружана, во согласност со одредбите на договорот од Стормонт, вели дека „Ирска мора да биде одново обединета“, заканувајќи се дека ќе има нови убиства, се' додека Британците не си заминат од Северна Ирска.

Полицаецот Стивен Пол Карол (48) беше убиен во понеделникот ноќта, по 22 часот, во еден кварт во Креигавон, град оддалечен 40 километри од Белфаст. Според првите сознанија на истрагата, полицијата била повикана од луѓето кои се претставиле дека живеат во тој кварт, затоа што забележале некакви „сомнителни активности“. Кога полицајците со две возила дошле на местото од каде што дошол повикот, Карол излегол да види што се случува и во тој момент бил застрелан во главата. Тешко ранет бил префрлен во болницата, но набргу починал. Претставник на полицијата вели дека станува збор за „класична заседа“, објаснувајќи дека локалните сили на редот се „наместени“ за да се извршат нападот и убиството. Она што засега не се знае е дали во нападот учествувал еден напаѓач, или биле вклучени повеќемина луѓе.

Последен пат полицаец во Северна Ирска е убиен во 1998 година, како последица на бомбашки напад на лојалистичките, протестантските милитанти. Двајца полицајци, пак, беа убиени од републиканските, католички сили, една година пред тоа, во јуни 1997 година, во моменти кога беше започната завршната фаза на преговорите за постигнување на спогодбата од Стормонт. Убиството на полицаецот се случи само неколку часа по завршувањето на разговорите на политичките партии за случајот во Антрим, од што произлезе заедничката решеност да се истрае во мировниот процес, без разлика на случувањата и обидите на „криминални и терористички отпадници“ кои се обидуваат да ја вратат покраината во времето од меѓуверското насилство што траеше неколку децении. Сите го осудија партии и сегашното убиство на полицаецот, нарекувајќи го провокација и обид за уривање на постигнувањата од мировниот процес што трае веќе 12 години. Вториот човек на Шин Феин, најпопуларната партија на северноирските католици Мартин Мекгинис, заменик-премиер во локалната влада, го осуди убиството на полицаецот порачувајќи им на убијците дека извршиле „предавство на островот Ирска“. Шефот на полицијата во покраината Хју Орд рече дека убиствата во изминатите денови се дело на „очајници“, инфилтрирани за да извршуваат вакви работи во служба на злото.

Со остра осуда на најновото насилство во до скоро мирната покраина се огласи и премиерот Гордон Браун. Тој ги обвини сите милитантни и илегални групи дека се обидуваат да го уништат целиот политички процес, создаден изминатите години за да им служи на сите луѓе кои живеат во Северна Ирска.

Британски безбедносни експерти, тврдат дека станува збор за нови „изданија“ на дисидентски групи кои очигледно останале притаени изминатите години. За нив се вели дека се малубројни и дека ИРА на континуитетот, што се огласи со убиството на полицаецот, можеби и нема повеќе од 60 луѓе, со „минимална поддршка“ во локалното население од редовите на републиканците-католици. Тие се имаат одделено од Шин Феин и од поранешната ИРА, незадоволни од спогодбите за мировниот процес во Северна Ирска, но засега никој не може да објасни зошто се појавуваат сега, повеќе 12 години по потпишувањето на мировниот документ, како ниту се зборува за тоа што е поводот за бранот насилства што ја зафатија покраината. Во Лондон се тврди дека разузнавачките агенции имале сознанија за раздвиженоста на дисидентски групи по Северна Ирска и дека се очекувал еден ваков бран на насилство, но се смета дека и покрај неогласувањето и непознавањето во јавноста т.н. „Постојана“ ИРА не е составена од „млади и гневни дваесетгодишници“, туку и првиот, а посебно вториот напад во понеделникот ноќта, покажува дека станува збор за искусни луѓе.

Постои стравување дека бранот на насилства и убивања би можел да се пресели и внатре во Велика Британија, а шансите за обнова на нападите по британските градови што го карактеризираа животот од пред дваесет и повеќе години, се пола на пола.


Статијата е прочитана 217 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Изборна клетва
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)
Зденко
Доживотен затвор за серискиот убиец Радески
Став на партијата на Меркел
Насловна
Избирачки список за Гинис
Јавноста изненадена од нехристијанските клетви на Иванов
„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“
Сами против кризата
Четирикратниот убиец се' уште се бори за живот
Младите мислат дека Аушвиц е пиво
Буџетот снема пари - Владата се задолжи со екстра-камати
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации
На Србија и' се заканува банкрот
Строга контрола на изборните документи
Судбината им одреди да станат Авганистанци
Името не смее да биде измислено во лабораторија