Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Ленс Армстронг го потврди враќањето

Во својата кариера Американецот оствари седум едноподруго наслови на Тур де Франс

Американецот Ленс Армстронг, седумкратен победник на Тур де Франс, го потврди враќањето на велосипедските патеки.

„Многу сум среќен што го објавувам моето враќање во водите на професионалниот велосипедизам, на што се решив по консултациите со моите деца, семејството и најдобрите пријатели. Своето враќање го замислив и како уште еден придонес во глобалната брба против ракот“, изјави, Армстронг.

За неговото враќање медиумите секојдневно шпекулираа минатата недела, но 36-годишниот Американец не се огласуваше по тоа прашање, се' до своето официјално соопштение.

Во текот на својата кариера Ленс Армстронг оствари седум едноподруго наслови најдобар на престижната трка Тур де Франс. Од 1999 до 2005 година Париз го напушташе во жолта маица, нешто што никој не успеал во историјата на велосипедизмот. Историскииот успех го оствари откако во деведесетите го преболе ракот на тестисите.

Велосипедскиот магазин „Велоњуз“ повикувајќи се на анонимен извор, објави дека Ленс Армстронг оваа година ќе го нападне својот осми Тур де Франс, а ги прифатил и настапите на трката низ Калифорнија, трката Париз-Ница, потоа трката низ Грузија како и трката Дафин-Либер.

Истиот магазин објави дека Ленс Армстронг ќа настапува за казакстанскта екипа Астана. Меѓутоа, менаџерот на Астана Јохан Брунел тврди дека не постои никаков договор меѓу Армстронг и неговата екипа. Инаку, Брунел беше на чело на Дискавери Ченел додека во тимот беше и Ленс Армстронг, додека Астана според имињата е најсилна екипа во професионалниот велосипедизам. За него возат минатогодишниот победник на Тур де Франс, Шпанецот Алберто Контадор, одличниот Германец Андреас Клоден, како и Американецот Леви Липхајмер. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 107 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Одбојкарите се посрамотија во Чешка
Младите ремизираа без голови во Норвешка
Маса
Федерер
Влашиќ со нов рекорд на митингот во Загреб
Каранфилов 13. во спортски пиштол, Наковска-Бикова 15.
С. Кореја пропушти шанса првпат да ја совлада Ј. Кореја
Јаневски
Мартиноски почна со победа во Стара Загора
Победа и пораз на Работнички во Бугарија