Каранфилов 13. во спортски пиштол, Наковска-Бикова 15.
Ванчо Каранфилов го освои 13 место во дисциплината пукање со спортски пиштол од 25 м на 13. Параолимписки игри што се одржуваат од 6 до 17 септември во Пекинг. Во конкуренција на 26 стрелци Оливера Наковска-Бикова заврши 15-та.
Каранфилов собра вкупно 554 поени, од кои 283 (96, 93, 94) од трите истрели во делот на прецизното гаѓање и потоа 271 (91, 95, 85) со брза стрелба. Од финалето го делеа седум поени.
Наковска-Бикова, пак, одлично почна и со 287 поени од серијата 97, 97, 93 по прецизното гаѓање го делеше третото место, но потфрли во брзата стрелба, каде што имаше само 266 поени (94, 85, 87). Нејзиниот вкупен резултат е 553 поени.
Двајцата македонски стрелци утре ќе го завршат настапот во Пекинг со учеството во квалификациите во пиштол слободен избор од 50 м. Стартот е закажан за 5,45 ч. по македонско време. (Р.Д.) |