Мартиноски почна со победа во Стара Загора
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Илија Мартиноски почна со победа на тенискиот фјучерс во бугарскиот град Стара Загора, со награден фонд од 10.000 американски долари. Мартиноски, кој неделава е 875. на АТП-листата, славеше со 7-5, 6-4 против Патрисио Конортоф (1034.) од Аргентина и денеска треба да игра со подобриот од дуелот меѓу третиот носител Тодор Енев (507.) од Бугарија и Паул-Михај Пушкашу (894.) од Романија. Другиот македонски претставник на турнирот Димитар Грабулоски (1216.) синоќа требаше да стартува против првиот носител, Романецот Каталин-Јонут Гард (364.).
Во двојки, пак, Мартиноски и Грабулоски загубија во првото коло со 6-4, 6-2 од првите носители Иван Бјелица и Милјан Зекиќ од Србија. (Р.Д.) |