Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Маса: Хамилтон направи грешка

Мекларен најави жалба до ФИА поради казната на Луис Хамилтон

Контроверзната трка за Големата награда на Белгија од годинашниов „октански циркус“ се' уште нема разврска. Имено, тимот на Мекларен најави жалба до Меѓународната асоцијација (ФИА) поради казната на Луис Хамилтон. Британецот, според мислењето на тројца судии“, илегално го претекнал Кими Раиконен, поради што доби 25 секунди казна и наместо на првото, заврши на третото место. На патеката во Спа Франкошамп победата ја славеше Бразилецот Фелипе Маса. Овој возач не се согласува со констатацијата на Хамилтон дека се' било регуларно.

„Хамилтон премногу беше загреан да го претекне Раиконен. Да влезеше во свиокот регуларно, никогаш немаше да го престигне, затоа што по свиокот следи многу краток правец“, објаснува Маса.

Бразилскиот возач со овој триумф му се доближи на Луис Хамилтон на само два бода во генералниот пласман пред самата завршница на шампионатот.

„Тоа што го направи Хамилтон се случува често. За тоа се дискутира на состаноците на возачите. Апсолутно е јасно дека тој го „исече“ свиокот и дека на тој начин стекна предност. Знаеме дека по таквиот потег позициите на патеката треба да останат идентични. Се' ќе беше поинаку ако Хамилтон сочекаше и да се обиде да го претекне Раиконен на наредниот правец“, додаде Маса.

„Го искористив пократкиот пат и знаев дека треба да го пуштам Раиконен да мине. Токму тоа и го сторив, а по тоа го претекнав. Тој ме закачи одзади и малку недостасуваше да се завртам. Не сакав да чекам да прелета покрај мене“, изјави Хамилтон.

„Не очекува возбудлива завршница на шампионатот, сега сум на само два бода зад Луис. И во Белгија возејќи размислував за шампионската титула и тоа на крајот ми се исплатеше“, објаснуваше Маса.

Легендата на најбрзиот циркус на светот, Ники Лауда, огорчен е поради одлуката на ФИА. „Ова е најлошата и најпервезната одлука во историјата на Формула 1. Апсолутно е неприфатливо функционерите на овој начин да влијаат на првенството“, бескомпромисно нападна Лауда.

Случувањата во Белгија, без оглед на епилогот од жалбата на Мекларен, ќе влијае на занимливоста на шампионатот во неговата завршница. (Евроспорт)


Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 11.09.2008 09:52:55
Masa tebe te pravat sampion,LAUDA bese ne sampion tuku legenda.Ako jas ne razbiram nekoi raboti toj gi znae podobro od tebe.Hamilton se borese i navodno zgresil na krajot,a od kade ve pretekna Raikonen na startot.Zosto masa go kaznuvaat so smesni 10000 evra,a Hamilton so 25sekundi?Kanal5 nema komentar,posto za nivniot komentator postoi samo Ferari,otsega ke gi gledam bez ton.
Од: Goran
Датум: 11.09.2008 11:39:25
Od koga pamtam, navivam za Mclaren no vo slucajov,ni malku ne sum pristrasen pri mojata procenka. Hamilton so skoro cela dolzina go projde Raikonen pred kontraverznata sikana, po sto sledese duelot vo koj Raikonen uspea da go istisne. Edinstveno resenie e kratenje na sikana, vo sprotivno ke imase sudar.Za toj poteg podednakvo vlijaea i dvata vozaci. Po izlezot od sikanata, HAmilton go prepusta i vednas posle toa i pretrkuva Raikonen. Tuka sporno nema. Prednos nema.Stujardite igraat prljava politika, Ferari politika. Zalno e za sportot. Bodovite ke gi brojam so POBEDA na HAMILTON.Ne me interesiraat "sudiski" vlijanija za kraen ishod.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Одбојкарите се посрамотија во Чешка
Младите ремизираа без голови во Норвешка
Ленс Армстронг го потврди враќањето
Федерер
Влашиќ со нов рекорд на митингот во Загреб
Каранфилов 13. во спортски пиштол, Наковска-Бикова 15.
С. Кореја пропушти шанса првпат да ја совлада Ј. Кореја
Јаневски
Мартиноски почна со победа во Стара Загора
Победа и пораз на Работнички во Бугарија