Победа и пораз на Работнички во Бугарија
Во паузата од годинашново фудбалско првенство поради квалификационите средби со Шкотска и Холандија, фудбалерите на Работнички беа на мини турнеја во Бугарија каде практично и се подготвуваа за продолжувањето на годинашново првенство. Во првиот меч Работнички доживеа убедлив пораз од Литекс со 3:0, додека во втората средба ја победи Славија од Софија со 2:1. Двата гола за Работнички ги постигна Ефтим Аксентиев.На турнејата Работнички играше во состав: Ангеловски, Богдановиќ, Секуловски, Крстевски, Лазаревски, Османи, Муарем, Серафимовски, Велковски, Туневски, Зе Карлос. Шанса добија уште и Илиоски, Итуа, Димовски, Аксентиев, Нухиу и Кировски. (М. М.) |