Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Одбојкарите се посрамотија во Чешка

Македонија загуби со 3:0 во првиот меч од баражот за ЕП 2009 во Турција, освојувајќи само 43 поени

Веројатно најслабата игра во историјата на машката одбојкарска репрезентација на Македонија резултира со катастрофален пораз од 3:0 (25:15, 25:15, 25:13) на гостувањето во Чешка во првиот натпревар од баражот за Европското првенство што в година ќе се одржи во Турција. Возвратниот дуел, на кој треба да се случи чудо за Чесите да освојат помалку од 43 поени и со тоа да им подарат на македонските одбојкари прво учество на ЕП, ќе се одигра в недела од 20,15 ч. во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Историскиот меч за македонската одбојка заврши за само 64 минути, колку што ефективно им беа потребни на Чесите за да го „ибришат“ подот во малата сала во местото Свитави кај Брно со недораснатиот противник. Поинаков епилог и не можеше да се очекува од натпревар во кој ќе се забележи само една успешна блокада, со која беше освоен првиот поен по серијата од 5:0 за домаќинот со сервисите на техничарот Лукаш Тихачек. За споредба, Чешка прокнижи 11 блокади. Токму Тихачек со ас стави точка на нерамноправниот бој.

Поразителни се показателите и за соодносот во другите елементи од играта. Македонија направи 13 грешки од 45 сервиси наспроти само седумте утки од дури 74 сервиси на ривалот! Од 83 напади црвено-жолтите освоија само 34 поени или 41 проценти, а Чесите имаа ефект 58/36 или 62 отсто. Ништо подобар не беше ни приемот од само 46 проценти наспроти 61 отсто на домашните одбојкари.

Тежината на поразот е уште поголема ако се знае дека Чешка настапи без болниот Мартин Лебл, меѓу најдобрите блокери во италијанската А1-лига, потоа без извонредниот примач Јиржи Новак од Париз Волеј, како и без добро познатиот дијагонален играч Јан Штокр од А1-лигата. Чесите имаа три нови имиња во однос на натпреварувањето во групата, во која беа втори (зад Словачка), двајца повратници - заздравените Петер Платеник и Јан Новотни, а дебитира Јакуб Весели.

Македонскиот селектор Светислав Пеица се обидуваше на секаков начин да ги „разбуди“ своите избраници од несфатливата летаргија што не ги напушти во ниту еден момент, правејќи чести ротации. Единствени што барем малку се доближија до своите објективни можности беа новиот капитен Хари Наковски, кој освои девет поени од 20 напади, и Јовица Симовски со ефект 11/26. Но, Симовски направи и пет грешки од седумте свои сервиси.

Во другите две први средби од баражот Словенија дома ја декласира Португалија со 3:0 (25:18, 25:16, 25:22), а Полска победи во Белгија со 3:2 (22:25, 25:22, 23:25, 25:18, 15:9). Реваншите се претстојниов викенд. (Р.Д.)

Чешка - Македонија 3:0



По сетови: 25:15, 25:15, 25:13. Сала: „На стрелници“ во Свитави кај Брно. Гледачи: 1.000. Судии: Фолкер Шименц (главен) и Дитер Брестл (втор) од Германија.

Чешка: Боула, Конечни, Криштоф, Ј. Новотни, М. Новотни, Платеник, Попелка, Рак, Станек, Тихачек, Вацлавик, Весели. Селектор: Зденек Ханик.

Македонија: Деспотовски, Гинов, Ѓорѓиев, Ѓорѓевски, Јосифов, Милев, Милков, Митев, Наковски, Симовски, Трајчевски, Зафиров. Селектор: Светислав Пеица.


Статијата е прочитана 212 пати.

Испрати коментар

Од: Соња
Датум: 11.09.2008 00:28:38
Сепак Богоевски треба да ја води машката селекција на Македонија. Тоа го тврдев и напишав по заминувањето на Тасевски, сега уште повеќе сум убедена дека сум во право.
Од: belostenji
Датум: 11.09.2008 11:41:42
sekoj moze da izgubi ali vakov poraz e sramno za makedonskata odbojka.sme gubela ali nikogas vakov poras ne sme doziveale.koj visoko leta nisko paga.zalno ali istinito.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Младите ремизираа без голови во Норвешка
Ленс Армстронг го потврди враќањето
Маса
Федерер
Влашиќ со нов рекорд на митингот во Загреб
Каранфилов 13. во спортски пиштол, Наковска-Бикова 15.
С. Кореја пропушти шанса првпат да ја совлада Ј. Кореја
Јаневски
Мартиноски почна со победа во Стара Загора
Победа и пораз на Работнички во Бугарија