Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Обама предупредува: Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае

Вашингтон - Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама имаше обраќање на универзитетот Џорџ Мејсон во Вирџинија, посветено на економската обнова на земјата и на усвојувањето финансиски план за стимулирање на економијата. „Ја почнавме 2009 година во состојба на криза, различна од се што досега сме виделе во текот на животот“, изјави Обама пред аудиториумот, составен од сенатори, гувернери и конгресмени. Обама стави акцент врз итноста на преземањето мерки за спас на земјата. „Не мислам дека е доцна да извршиме промена во курсот, но ако не дејствуваме веднаш, рецесијата може да трае со години“, предупреди Обама. Тој го обвини Волстрит за донесувањето „непромислени и опасни одлуки“, кои довеле до сегашната криза. „Цената на планот ќе биде значителна и на краткорочен план ќе го зголеми буџетскиот дефицит“, призна Барак Обама. Тој вети дека ќе ги намали даноците за 1.000 долари. Обама предупреди дека доколку Конгресот не инјектира средства во економијата тоа ќе има тешки и долготрајни последици за земјата, пренесуваат агенциите. Од друга старна, пак, британскиот министер за бизнис и трговија лорд Менделсон го предупреди Обама дека ќе се направи „голема грешка“ ако на производителите на автомобили им се префрлаат пари за помош, без притоа компаниите да извршат реформирање. (МИА)


Статијата е прочитана 834 пати.

Испрати коментар

Од: Maja
Датум: 10.01.2009 11:32:47
Neverojatno. Nikakov komentar za iskazanite nameri od Pretsedatelot Obama a toa i te kako ke donese promeni za site.
Од: ekonomist
Датум: 10.01.2009 13:11:23
Sakale ili ne Amerika e seushte svetski lider i vo ekonomijata i vo svetskata politika.Se zapochnuva od USA i kriza i nazaduvanje.Obama predlaga konkretni merki i pokazuva so prst koj"prv zapochna-Berzata vo NY),a EU, kon koja site sakaat da se prikluchat,nema jasna vizija i ne mozat da se dogovorat shto da napravat.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Уште пет дена трае конкурсот за „Роман на годината“
Власта е сила, власта е моќ
Зденко
Претходен број
Преименувањето на автопатот е нетактичен потег, велат во ЕУ
Груевски ги повлекува владините кампањи
Вербатим
Лудило и хаос
„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор
Владата го кочи и проектот за трамвајот?
Професионализам со аматерски лик
Владата го стега обрачот околу ЕВН, Австријците молчат
Гасот ќе стигне за три дена
Треска по Бекам
Акцијата на Израел и меѓународниот поредок