МНР не дозволува Градот да отвори канцеларија во Брисел преку која, меѓу другото, ќе лобира и за пари за трамвајот
Деспина Трајковска
Владата не дозволила Градот Скопје да отвори свое претставништво во Брисел преку кое градската власт би остварувала директни контакти за обезбедување финансиска поддршка за капитални проекти од европските фондови. Од Министерството за надворешни работи демантираа дека се против отворање канцеларија на Град Скопје во Брисел. Напротив, рекоа од МНР, целосно ја поддржуваат иницијативата, но штуро напомнаа дека „процедурата мора да ги запази сите неопходни модалитети кои треба да бидат детално дефинирани во соработка со сите надлежни институции во државата“. Каде е пропустот на градските власти во барањето, од МНР не потенцираа.
Градоначалникот Трифун Костовски овој чекор на централната власт го оцени како уште една сопка од страна на Владата за вистинска децентрализација, а пред се', како тотална изолација на Градот и ставање рампа за евентуално добивање финансиска помош за реализација на планираните големи проекти, пред се', за трамвај во Скопје. Градоначалникот смета дека одлуката е нереална доколку се има предвид дека државата се стреми за влез во Европската унија.
„Очигледно ’не' решија‘ по кратка постапка и тоа без да ни укажат на конкретни причини поради кои го одбија нашето барање. Се прашувам, зошто постапија така ако навистина државата се стреми за влез во Европската унија. Ова што го направија не е штетно само за нашиот главен град, кого го турнаа во изолација, туку воопшто и за државата“, изјави револтирано вчера Костовски, кој смета дека со овој потег Владата ги урна надежите дека со пари од ЕУ ќе се реализираат големи проекти.
Беше планирано канцеларијата да почне со лобирање за финансиска помош за проектот за трамвајот. За таа цел Градот пред повеќе од половина година ангажираше и надворешен консултант, кој даваше препораки за подготовка за проектот за да ги исполни критериумите за влез во потесниот круг пред европските фондови. Со последните случувања се урнати сите надежи дека со пари од ЕУ ќе се заокружи финансиската конструкција за реализација на проектот за трамвајот. Засега се обезбедени само 7,5 милиони евра од г��адскиот буџет, а тие пари се доволни за изведба само на првата од предвидените три фази.
Костовски потенцираше дека одлуката за отворање на канцеларијата едногласно добила „виза“ од градските советници кои биле согласни дека таа ќе придонесе не само за обезбедување европски пари туку и за остварување контакти со претставништвата на градовите и регионите во ЕУ. Наедно, градските власти процениле дека преку Брисел поефикасно би се промовирала македонската метропола на која би и' било овозможено да лобира за партнерство пред институциите на Европската унија. Советот на Град Скопје дури одобри од буџетот да се одвојат 100.000 евра за отворање и непречено функционирање на канцеларијата.
Инаку, повеќето земји од регионот имаат отворено вакви канцеларии уште пред една година, меѓу кои Бугарија и Босна. Сите тие функционираат со цел да добијат финансиска помош од фондовите на ЕУ за чие трошење можат да аплицираат институциите, граѓаните, компаниите и здруженијата на граѓани од матичната земја.
do koga bre ovoj grujo ke se zafrkava so drzavava,ajde tamu da mu recime cao na vonredni parlamentarni izbori vo 2009
Од: blage-kavadarci
Датум: 10.01.2009 01:06:47
a gospodinot Kostovski e razocaran od ovaa "sopka" zatoa sto nema da profitira od gradot uste ednas pred da go simnat od fotelja? od koga pa toj tolku se interesira sto ke bide so gradot?
Од: Makedonec vo EU
Датум: 10.01.2009 04:46:04
Ako tramvajot zavisi od Trifun Kostovski i Antonio Milososki, kaj i da e, ke go bide do 2020 :) Taman koga fosilnite goriva kje pocnat da se povlekuvaat od pazarite so slaba platezna mokj.
Од: Dusan Stojkovski,arhitekt
Датум: 10.01.2009 07:12:24
So Otvaranjeto kancelarija se postavuva prasanjeto sto pravat ambasadite vo Evropskite zemji? ; Za kogo i za sto postojat?
A sto se odnesuva do tranvajot vo Skopje iako uporno se forsira toj proekt,smetam deka bez da se izjasnat skopjani za negovo voveduvanje ke bide utopija.
Од: ljupco,bitola
Датум: 10.01.2009 08:45:52
Трифун си прележа четири години во градската фотеља,сега во пет до дванаесет ќе набави трамвај,а во таа намера го кочела владата.Има ли некој што верува во ова?
Од: saso-skopje
Датум: 10.01.2009 12:36:22
dobro be ljupco od bitola, daj olabavi malku, prosetaj do vecer i tamu radosno komentiraj so drugite verni drugari, site ovci.
Од: verag
Датум: 10.01.2009 16:06:19
Љупчо,не се сите фанатици и обожаватели на пастирот. Јас мислам дека Груевски нема да дозволи ништо што ќе го подигне рејтингот на некој друг,а не неговиот. Како може луѓето да обожаваат ваков медиокритет? Можеби се поистоветуваат со него.
Од: Филип2
Датум: 10.01.2009 16:50:58
Читам и не можам да се начудам. Како Трифун Костовски да е на почеток на мандатот. Па кај спиеше 4 години??? Не купи 1 автобус да го обнови возниот парк на ЈСП а ќе градел трамвај. Уште сакал да отвори претставништво во Брисел...зошто?за да укр��де уште некое евро со претставништвото пред избори? А од друга страна владата со набавката на новите автобуси јасно стави до знаење дека има намера од Скопје да направи европска метропола со модерен градски сообраќај. А метро не се прави преку ноќ!!! За тоа се потребни детални планови и анализи. Трифун не може да воспостави ред во сообраќајот на главните раскрсници па камоли кога ќе имаме трамвај
Од: do Filip II DPMNE
Датум: 10.01.2009 23:58:25
Kako prvo ni traga ni aber od tie vasi avtobusi na dva sprata i toa bese mizi asan da ti bajam. a mnogu me interesira ako slucajno i se nabavat tie dvospratni avtobusi koj gi ima vo metropolite samo kako avtobusi Sightseeing za panoramsko razgleduvanje, koga ke pocnat po nasite iskopani polni so dupki ulici da e prevrtuvaat.Sramota, cukni ja glavata malku ped da ispadnes glup so sekoj tvoj gruevski komentar.