Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Груевски ги повлекува владините кампањи


На лидерската најмалку се разговараше за она за што беше свикана - пробно електронско гласање на следниве избори

Лидерската четворка не постигна договор за пилот-проектот за електронско гласање

Светлана Унковска

Претстојните локални и претседателски избори да се одржат на 22 март, по распишувањето на изборите да престане емитувањето на владините кампањи, како и конечно формирање на комисијата за лустрација, се трите прашања за кои лидерите на четирите најголемите политички партии постигнаа договор на вчерашната средба, на која присуствува и министрите за правда и информатичко општество, Михајло Маневски и Иво Ивановски, и претседателот на ДИК, Александар Новаковски.

Иако во поканата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, упатена до челниците на СДСМ - Зоран Заев, на ДУИ - Али Ахмети и на ДПА - Мендух Тачи, беше наведено дека повод за средбата се препораките од меѓународната заедница за разгледување на можноста на претстојните избори да се воведе систем на електронско гласање, единствено за ова прашање не беше постигнат договор. Премиерот Никола Груевски вината за отфрлањето на овој предлог ја посочи кон опозицискиот СДСМ, од каде што, пак, одговорија дека на средбата најмалку од се' се разговарало на оваа тема и дека од претставниците на власта не добиле ниту објаснување ниту каков било одговор на нивните прашања околу функционирањето на овој систем.

„СДСМ застана на ставот дека е доцна да се спроведе тоа, дека изборите се блиску и не би требало да се ризикува да се направи некоја грешка и бидејќи најголемата опозициска партија не е подготвена во овој момент за такво нешто, одлучивме да го разгледуваме тоа понатаму“, рече Груевски, кој лидерската средба ја оцени како успешна. Тој најави и дека по денешното распишување на изборите од страна на претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, ќе престане емитувањето на владините кампањи.

„Во знак на добра волја, иако законот не не' ограничува, Владата ќе ги запре сите кампањи, затоа што не сакаме да оставиме никаква можност за евентуална критика или сомневања“, најави Груевски. Во врска со формирањето на комисијата за лустрација, тој рече дека од понеделник очекува опозициските СДСМ и ДПА да се договорат за тоа кој ќе биде прв претседател на шестмесечното ротирачко претседателство.

Опозицискиот СДСМ, пак, оценува дека Владата многу несериозно му пристапила на проектот за е-гласање кој, како што велат, премногу е скап и се покажал како неуспешен во многу земји.

Периодот за подготовка на пилот-проектот, според нив, многу е кус, а се прашуваат и како е веќе направен и изборот на фирмата кога не е распишан тендер.

„На средбата се зборуваше за се' освен за она за што бевме повикани. Заклучивме дека за овој пилот-проект за електронско гласање не е ниту време ниту место, особено по изборите од јуни 2008 година“, истакна в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој потенцира дека е неопходно до изборите да се одржат неколку лидерски средби за да се надминат разликите меѓу партиите на Албанците и да се постигне целосен договор за одржување фер и демократски избори.

Со ова се согласи и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој на средбата побарал да бидат поднесени кривични пријави и за активистите на ДУИ кои за време на изборите го прекршиле изборниот процес, а не само за членовите на ДПА, за кои досега биле поднесени 285 кривични пријави, а 87 се во притвор.

„Пилот-проектот што ќе го спроведуваат со ’калашникови‘ малку личи на манипулации. Во Владата има високи функционери кои за изборите имаат кривични дела, а ниту еден од случаите не е процесуиран“, истакна Тачи. Тој ја оцени лидерската средба како едвај успешна, затоа што се разговарало само за теми што ги предлагала Владата, но не и од опозицијата, која власта ја употребувала само како „ортопедско помагало“ кога имала проблеми. Тој се закани дека доколку во иднина не се разговара и за теми кои ги предлагаат тие, ДПА ќе ги бојкотира лидерските средби. Иако по средбата не беше решено за првиот претседател на комисијата за лустрација, сепак, Тачи рече дека има договор ДПА да го има првото претседателство со комисијата.

Од средбата се чини дека најзадоволна беше ДУИ, според која оваа лидерска средба значи добар сигнал за почетокот на годинава.

„Со задоволство можам да констатирам дека на овие избори одиме подготвени да го поправиме тоа што на 1 јуни 2008 ни нанесе штети. Го договоривме најприфатливиот датум за изборите, од понеделник да се формира комисијата за лустрација и по укажувањата на СДСМ Владата да се откаже од кампањите“, изјави Џеват Адеми од ДУИ.


Статијата е прочитана 1629 пати.

Испрати коментар

Од: saso
Датум: 10.01.2009 00:09:35
fala bogu
Од: bate
Датум: 10.01.2009 00:36:37
Фала Богу, па не отруја со глупости...
Од: Боро
Датум: 10.01.2009 00:42:44
Бидејќи опозицијата не била подготвена за електронско гласање одлучиле да го одложат??? Груевски се зеза со нас. Па не треба опозицијата да е подготвена за електронско гласање, ами - државата! Какво човече...
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 10.01.2009 08:14:34
Сепак и,,инатливиот,,Коле свати дека не може постојано да ја лаже Европа,мораше да седне со сите политички субјети иако лицемерно да се договори за изборите.Но,Колето нема да е Коле ако не си се изрекламира,како Премиер кој секогаш е подготвен за договор.Електронското гласање беше повод за разговор иако тој многу добро знаеше дека тоа не е спроведливо на овие избори,Но тој ја постигна поставенната цел,Предлогот е одбиен од,,неконстуктивната,,опозиција,Еве причина,,ослепените грагани од големата маркетиншка кампања на Коле да ја обвинат опозицијата за неконструктивна.А античкиот Коле за,современ Европјанин.
Од: Митре
Датум: 10.01.2009 09:34:34
Пред се`,ова се алиби средби во веќе оддалеку препознатиот стил на нашата Позиција,да не речам „Влада“.Тие лично,кога би биле опозиција,не би дошло во предвид да учествуваат на вакви средби.
Од: Ико до Оли Јулчевски
Датум: 10.01.2009 09:50:58
Ако нема состанок со опозицијата - немало дијалог. Ако се состанува - било лицемерие. Никако не ви се погодува. И што после овој состанок? Што се договориле? Им сметале кампањите! Опозицијата на чело со твојот ВД-40 од Струмица биле конструктивни? Што до сега конструирале? Секој проект на владата не чини. С��те се согласуваат дека електронското гласање ги зголемува шансите за фер гласање, само на вас тоа ви смета. Мене ми се чини дека најмногу ви смета тоа што граѓаните ќе излезат на гласање и ќе ви покажат колку сте конструктивни.
Од: mene
Датум: 10.01.2009 10:16:11
Znaci Gruevski si prizna deka se ona sto se vrti na TV e samo reklamna kampanja na samata vlada, te. na negovata partija. A elektronsko glasanje e cista glupost. Vo Francija, vo Germanija, vo Italija, Spanija i drugi zemji na EU nema elektronsko glasanje i Gruevski ednostavno laze koga veli deka nekoj mu sugeriral za toa. Potoa, voveduvanje na oprema za takvo glasanje e ekstremni skapo i ce se plati od NASI pari. Bas toa ni zatreba na gol gas shiriti od zlato. Inaku, na Gruevski moze mu sugerirala nekoja "megunarodna" frma, zasto toa bi bil odlicen biznis za niv da ni prodadat takva oprema. Gajle im e niv dali e Makeodnija ili Uganda ili UK. Biznisot e biznis. A elektronsko glasanje ima samo vo USA i na minatite izbori zname kako "slavno" pobedi Bush - so nepravilnosti.
Од: do Oli Julcovski
Датум: 10.01.2009 10:37:47
Bravo kolega.Kako dolgogodishen clen na SDSM ke ve predlozam za nash partiski portparol t.e portparol na nasiot aboliran v.d!!!
Од: zabegan
Датум: 10.01.2009 10:44:39
steta sto ce tropat sega latas i sitel. mozebi ce bidat opozicia. nisto cudno.
Од: Трпе
Датум: 10.01.2009 10:49:25
И ова беше еден од нечесните боксерски удари на нашиот аматерски боксер.Важно неговата суета е полна и слепците околу него.Слушајки го мистер Рејтинг, во иднина во Македонија се ке се обавува електронски со примена на информатичката технологија.Ке јадеме елњектронски,ке се облекуваме електронски ,ке правиме деца електронски и икс други работи.Затоа оваа влада не сака да си го развива мозокот.Мозок без вежби се закржлавува и се намалува.
Од: ljupco,bitola
Датум: 10.01.2009 10:54:07
Не знам колку е добро од повлекувањето на кампањите од ТВ,но сигурен сум дека ке одмориме малку од постојаното кукање и противење на секоја владина иницијатива од страна на опозицијата и некои од коментаторите во овој форум.Дури сум загрижен за што ли ќе пишуваат сега? За програмата на опозицијата,или за нивната елоквенција и каризма.ХаХаХа.Па нема такво нешто,едноставно не постои.
Од: Анита
Датум: 10.01.2009 11:13:29
Па се разбира дека не е подготевена опозицијата, тие впрочем за ништо ново не се подготвени, освен се разбира да ги критикуваат оние што се обидуваат да сторат нешто.На Оли од Струмица би му кажала дека за дијалог кога СДС е на власт не станува ни збор, затоа што вие не се консултирате со никој, тогаш воопшто не е важен меѓупартискиот дијалог, бидејќи се разбира СДС знае најмногу и нема потреба од консултација.
Од: zelezara
Датум: 10.01.2009 11:14:56
Nisto ne mu veruvam na ovoj covek.zosto ne izleze i ne kaze za kolku pari go ima ojadeno makedonskiot narod so ovie idiotskireklami
Од: Do Ljupco Bt-DPMNE
Датум: 10.01.2009 11:25:53
Pa sigurno tie debilni reklami gi znaes napamet posto verojtno si ucestvuval vo nivnoto kreiranje.Koga tolku ti go isprale mozokot , sigurno imas kopii da si gi gledas i da se voodusevuvas na lagi i gluposti. SDSM loso vladeea ama vie ste bre Epten za nikade, slepci edni.
Од: Vase
Датум: 10.01.2009 11:40:26
Do Ljupco i slicnite na nego...Ne,nema da odmorime od kukanjeto na opozicijata tuku ke odmorime od edno agresivno samoreklamiranje nevideno nikade.Pa vie ne ste normalni.Vo momenti na globalna finansiska kriza kade site normalni vladi na sekakov mozen nacin gi stopiraat neekonomskite,neracionalnite davacki vie uste gi zasiluvate.Sto ste napravile,kade e uspehot.Site ziveete vo utopijata od reklamite i samo prasanje na vreme e kako ke tresnete koga ke se razbudite.Na covek mu se gadi od seto toa reklamiranje plateno od nasi pari.Ne sakam moite pari nekoj taka bezobrazno da gi zloupotrebuva.Vie nemate cuvstvo za nisto...poglednete samo kolku ve ima kaj latas.Tamu nema mesto za komentar na normalen covek.Tamu nema mesto za bitka.Se samo komentari na takvi kako tebe.Lugje koi ne ziveat vo realnosta.
Од: Цандо
Датум: 10.01.2009 12:07:12
Нели ви е јасно - да се рекламира може само тој што направил нешто. Се прашувате ли зошто не се рекламираа СДС кога беа на власт?
Од: Европска Македонија АД
Датум: 10.01.2009 12:41:25
Фала ти гоподе имало црвена линија во инатот и самобендисаноста на премиерот.А за електронското гласање како информатичар да ви кажам дека во тој случај ќе има помалку инциденти(сигурно нема самите фамилиии да се тепаат меќу себе),ама ќе повеќе манипулација.Никој не може да спречи татко да ги искорити личните податоци на својата фамилија и да гласа за сите).А ќе има работа и за хакерите.Инаку и јас би сакал да си седам дома и да си гласам преку интернет.
Од: niko
Датум: 10.01.2009 12:49:57
a dali moze vladata vo zanak na dobra volja da prestane da producira, nema da kazam avtoritaren, tuku karikaturalen imidz za drzavata, i isto taka vo znak na dobra volja da gi smeni site, a gi ima mnogu, nekompetentni (se prasuvam samo kaj nasle takvi) direktori na javni i kulturni ustanovi.
Од: IGOR
Датум: 10.01.2009 13:26:55
Mitre i ostala jalovino, ne e vo prasanje dali e spremna ili nespremna opozicijata za elektronsko glasanje,tuku vakvi kako vas koi se isturena pesadija za trosenje municija,ke go belat obrazot na cepanicite od opozicijata,gospod neka vi e napomos. Za zapiranje na vladinite kampanji moze da se kaze odlicen poteg,tie stvarno bea idiotski,no postrasno e koj e idiotot koj gi smisluvase,rezirase i na krajot so koj pamet gi platija ovie moze da se kaze antikampanji,rezil neviden. Mu posakuvam na SDS so pobrgu da se konsolidira od debaklot koj mu prtstoi na slednive izbori,a na VMRO da mu go otstapat mestoto jaceto pred da go skrsat,so niv ne pocnuva niti zavrsuva svetot,malku se downlodirajte na zemja.
Од: Бато
Датум: 10.01.2009 13:34:32
Системот на електронско гласање е навистина добар предлог ,но откако ќе се утврдат сите постапки и заштитни мерки за манипулација ,а за тоа се разбира треба време.Ова се` мириса како со патриотските сметки,кои исто така се донесоа набрзина за време за изборите кога експерти и други чинители укажуваа дека е избрзана и незаконска мерка.Така и бидна и оваа екскурзија ја плаќаат граѓаните.Рекламите се прикаска за себе олку агресивна и безобразна навала не верувам дека имало или има во некоја друга земја ,за жал со пари од сите грагани кои се на работ на бедата. Во светот и Европа секаде се апелира и се спроведува штедење и наменско трошење на буџетски сретства а владата расипнички и безобразно ги троши овие пари.А актерите од „Досие Тоник „еве се сега и во утрински,Ико Кавадарци, Зоран87,Малена,Анита Кавадарци,Анита 87само имињата изменети. Реторика во која и самите не веруваат а во Вечер не се есапи оти сами пишуваат ,сами се читаат.Режисерот ви дал промашени улоги
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 10.01.2009 13:44:30
Im precat vladinite kampanji. Pa neka ne gi gledaat i slusaat.Ama da znaat deka se poveke luge gi slusaat i im veruvaat zatoa sto toa ne se lagi . Koga nesto nema da se napravi kako sto e receno togas neka kazat a sega nema za sto da se raspravaat pa se zapnaa so reklamite. Tie nemaa so sto da se falat pa sega im e krivo. a za elektronskoto glasanje barem nekoj se potrudil da predlozi nesto novo i da najde izlez od situacijata vo koja tie ne dovedoa a toa se incidentite i nepravilnostite ne samo za izbori tuku i voopsto.
Од: Кавадарчанец
Датум: 10.01.2009 13:58:01
Би можело ли опозицијата во знак на подршка на владата(која патем народот ја ��збра) за прекинувањето на владините реклами да допридонеси со намалување на кукањето и кодошењето по меѓународни организации и институции и дво месечно прекинување на ширење дефетизам по сите телевизии. Тогаш ке речам дека постои вистинска опзиција која се грижи за државно-народните интереси. позз до утрински
Од: do Anita od kavadarci
Датум: 10.01.2009 14:19:44
Ance i ovde te sretnav pa te zamoliv za komentar na drug natpis da te potsetam za cickoti Djemo aj napravimigo kejfot pisi nesto umno dete ke da si.Ako nesakas za toa pisi nesto za sunetot (a sto nebev pomlad da si napravev sunet na drzavna smetka ) samo neznam dali sunetot bese vo 100 cekori ili e prezemen od programata na cickoti Ali ti imas za ova odgovor.
Од: mk
Датум: 10.01.2009 14:41:25
Нека му е на здравје на владеачкото мнозинство.На 22.03,кога ке се измешаат лончињата (претседателски и локални) дојди па разграничи чиј интерес е погоден,ама по се изгледа ќе страдаат граѓаните да не речам државата.На оваа лидерска средба предлогот за е-гласањето е периферна работа,фрлен мамец за ништо,само за да може грујо да превртува изјави и тези.За овој напреден ИТ потфат треба да го запраша неговиот министер за инф.пшт.,дали државата е спремна,а не опозицијата и сл.Попаметно би било актуелната власт да ги проанализира изјавите на ДПА,отколку да се занимава со тоа .дали ке ги укинеле рекламите или не.И онака веке никој не ги гледа и слуша,па и тие од ВМРО.
Од: Прилеп
Датум: 10.01.2009 14:44:31
Груевски е голем човек и затоа ги предлага овие прдлози.Тој нее како неговите претходницикаде владееше едноумие и никогаш не ги послушаја сугестиите од опозицијата.Се гордеам што имаме ваков премиер и се надевам за доброто на сите дека така ке остане и во наредните дваесет години.
Од: goran
Датум: 10.01.2009 15:42:55
Abee Makedonce sekogas nesto ke ti smeta,ako ima kampanji zosto ima ,ako nema zosto nema .Posebno me zagrizuva detevo od Strumica,ne ke da e arno,sigurno e detence na bivso podoficirce ili milicajce od bivsiot ni rezim,sto tato go vrabotilo vo odborot vo Strumica kaj V. D presedatelot pa navalilo sekade da ostava komentari demek da vidat drugarite kolku e pametno.Sigurno ke stasas do potparol na opstina Strumica ne se sekiraj.
Од: pejo itrio
Датум: 10.01.2009 15:44:09
uffff imalo gospod
Од: verag
Датум: 10.01.2009 15:44:14
Како ли ќе живееме без нив!како ќе знаеме сега колку деца требада имаме,дали да бидеме толерантни,одлучни ослободители како Александар или да се откажеме од борба,не ќе знаеме дали знаењето е сила и моќ.
Од: ina,kavadarci
Датум: 10.01.2009 15:58:14
pa dobro be luge sramota e,ne znaci ako premierot dal predlog i treba da se pluka po nego,ete opozicijata ne se slozi i se e vo red,nema e-glasanje,a so toa sto se zapira kampanjata moze ke se zaprat vasite usti,vasiot materijal za plukanje i kukanje po vladata i premierot,ja pozdravuvam i vladata i premierot i site nivni proekti koi se realiziraat i koi treba do prva da bidat realizirani za dobroto na site nas koj ziveeme na ova parce zemja,Makedonija nemala i nema niogas da ia podobra vlada i podobar premier !
Од: petko
Датум: 10.01.2009 16:34:13
A bre makedonce tesko si ti , zosto si tolku glupavo i nedoveteno , ke nema fer izbori , ke ni udri kloca Evropa i ke ne rasparcat sto e i celta na ovie mangupi.
Од: Македон
Датум: 10.01.2009 16:44:56
Тоа што кај нас опозицијата не е спремна за електронско гласање всушност е одраз на фактот дека е повеќе од неспособна, односно кукавички се однесува на секоја нова иницијатива од власта. А што се однесува на рекламите имаа доста добар одзив кај народот (освен кај оние кои со сила под партиски директиви ги критикуваа) со тоа што го поткрева националното чувство и достоинство. Сепак владата докажа дека е доблесна и дека е за фер изборна трка па ќе го стави во мирување емитувањето на спотовите. А за комисијата за лустрација исто така сум доста задоволен, зошто конечно ќе дознаеме кои се тие предавници кои работеа против интересите на Македонија. Последната лидерска средба го покажа капацитетот на владата дека работи демократски и дека има слух и за предлозите на опозицијата
Од: Ташо
Датум: 10.01.2009 19:00:12
Светот отиде напред, само нашата опозиција се плаши од секоја новина. Божем имаат што да изгубат!? Да не сакаат да гласаме со кревање раце? И така ќе изгубат.
Од: Ивец
Датум: 10.01.2009 20:47:16
Владата се откажа од пропаганда? Таман работа, тоа е обична лаж. Еве, пред некој ден уважениот ПРЕМИЕР свечено го ОТВОРИ новиот студенстви дом “Стиф Наумов„. Прво, заради празникот децата се викаа од дома, со платен превоз и по еден сендвич за присуство. Второ, оние нови ќебиња што беа на ОТВАРАЊЕТО, веданш по процесијата се вратија во магацин, на нивно место си дојдоа, оние претходните, старите... Сега е прашање кој кого лаже и до кога?
Од: до Љупчо од Битола
Датум: 10.01.2009 22:55:58
Не се вели каризма туку харизма.Љупчо,учи поупорно за да знаеш бидејки знаењето е сила ...
Од: Skopje
Датум: 11.01.2009 05:25:13
Cando tebe kako da ne ti e jasno deka SEKOGAS SE REKLAMIRA TOA STO NE CINI I NE SE PRODAVA. Zatoa i postojat reklamite. Toa sto cini narodot go znae i sekogas se prodava zatoa na toa ne mu treba ni reklami. Od reklamiranoto posle upotreba retko koj e zadovolen. Ne slucajno narodot sekogas veli "ah, stom go reklamiraat znaj deka ne cini" pa taka e i so tvojava Vlada. Taa ako cini ne i treba reklami. Toj sto pravi dobro nikogas sam ne se fali. A prekinuvanjeto na reklamite e SPAS ZA NARODOT. Pa dosta veke ni go perat mozokot. Ako e vistina toa sto go reklamira Grujo vo reklamite neka izleze i neka go kaze toa vo duel so nekogo. Zosto bega??? Lesno e pred kamera da si citas i sam na sebe da si zboris pa potoa na TV da mu go pustas na narodot ama ako e maz aj neka izleze na jave vo duel neka kaze nesto. SDSM kakvi takvi ama imaa m... javno vo 4 oci da se soocat so opozicijata. Koj bega od javno soocuvanje znaci LAZE pa zatoa Grujo vecito bega i se krie. Samo SLEPCI mu veruvaat.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обама предупредува> Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае
Уште пет дена трае конкурсот за „Роман на годината“
Власта е сила, власта е моќ
Зденко
Претходен број
Преименувањето на автопатот е нетактичен потег, велат во ЕУ
Вербатим
Лудило и хаос
„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор
Владата го кочи и проектот за трамвајот?
Професионализам со аматерски лик
Владата го стега обрачот околу ЕВН, Австријците молчат
Гасот ќе стигне за три дена
Треска по Бекам
Акцијата на Израел и меѓународниот поредок