Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Гасот ќе стигне за три дена

Ова ќе биде веројатно најбрзо воспоставената мониторинг - мисија на Европската унија

Брисел - Европа ќе добие гас за три дена ако се исполни договорот на Брисел со Москва и Киев постигнат прексиноќа со силна дипломатска иницијатива. По разговорите што траеја до доцна ноќта и телефонските убедувања меѓу челните луѓе на ЕУ и рускиот и украинскиот естаблишмент, објавено е дека тогаш кога посматрачите на ЕУ, заедно со тие од Русија, се распоредат на влезната и излезна точка на гасоводот, Москва ќе ги одврти вентилите за да протече гасот што треба да спаси од мрзнење илјадници граѓани во Источна Европа и Западен Балкан.

Ова ќе биде веројатно најбрзо воспоставената мониторинг-мисија на Европската унија, која почна трка со време и со часови за што поскоро да се задоволи Москва и да тргне гасот од Русија кон Украина, бидејќи до целта во Европа му треба пат од 66 часа. Кога точно ќе се случи тоа, вчера не беше можно да се каже, а без одговор останаа и прашањата дали ЕУ понудила финансиска помош да се одблокира спорот и дали Москва ќе чека навистина да се распоредат сите посматрачи, па да го одврти вентилот на гасоводот, или ќе го одврти веднаш, како што претходно навести кон Романија, како земја што ја смета за дел од својата политичка орбита. Главната цел на Брисел, повторена повеќепати вчера, беше да се спречи натамошното енергетско исцрпување на земјите-членки на Унијата и мрзнењето на граѓаните, па во тоа брзање немаше време за форма и за процедура, ниту пак за потпишување на договори кои би гарантирале дека ваквата драма нема да се повтори и во иднина. Портпаролот на комесарот за енергија во ЕК вчера објави дека мониторите се веќе во Украина и дека ќе останат во мисија се' додека е потребно да го контролираат количеството на гасот што влегува од Русија и излегува од Украина. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 299 пати.

Испрати коментар

Од: Од мене09
Датум: 10.01.2009 22:28:51
Те молам Русијо замрзниги сите во ЕУ.Дај им на знаејне да нема играјње.ова неје Македонија па да ја тргаат за нос така само со тие дебели покварени ЕУ вашисти.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обама предупредува> Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае
Уште пет дена трае конкурсот за „Роман на годината“
Власта е сила, власта е моќ
Зденко
Претходен број
Преименувањето на автопатот е нетактичен потег, велат во ЕУ
Груевски ги повлекува владините кампањи
Вербатим
Лудило и хаос
„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор
Владата го кочи и проектот за трамвајот?
Професионализам со аматерски лик
Владата го стега обрачот околу ЕВН, Австријците молчат
Треска по Бекам
Акцијата на Израел и меѓународниот поредок