Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Акцијата на Израел и меѓународниот поредок

Филип Петровски

Никаква технологија не може да го компензира човечкиот потенцијал и неговата упорност

Поминаа точно две недели откако започнаа нападите на Израел врз Газа. Овој случај е интересен за разгледување од повеќе аспекти и се поставува прашањето зошто токму сега се случува конфликт со олку голем интензитет. Имено, за некој ден Обама треба да започне со своето претседателствување. Дома го чека огромна економска криза за којашто самиот изјави дека може да трае подолго од очекуваното, додека на меѓународната сцена веќе се поставуваат отворени прашања како ќе дејствува тој, односно која ќе биде неговата позиција.

Но, да се вратам на Израел и Газа. Оправдувањето за напад беше да се неутрализира Хамас кој постојано ја ракетира нивната територија, односно во Газа да се инсталира умерената власт на палестинскиот претседател Абас. Всушност, тие сметаат дека со цврста воена интервенција ќе ја намалат силата на радикалното крило, со што би го принудиле на прифаќање примирје, под услови што ги диктира Израел. Ова, лесно можеше да се предвиди, доведе до сосема спротивен ефект од посакуваниот. Хамас, играјќи на факторот време одбива да ги прифати барањата на Израел и истовремено прогласи дека за нив победа ќе биде преживувањето на кризата. Имено, Хамас е навикнат на воени закани, на постојан оган, на притисок. Тие по воен пат и ја презедоа власта во Газа од палестинскиот претседател Махмуд Абас.



Очекувано, по интензивните воздушни напади, армијата на Израел навлезе во Газа и копнено. Притоа, областа воено ја подели на повеќе делови, настојувајќи да го пресече дотурот на воен материјал. Прогласувајќи ја зоната на своето дејствување за затворена, Израел всушност им забрани пристап дури и на новинарите. Како за споредба, замислете во 2001 година македонските воени власти да забранеа пристап на новинарите во конфликтните подрачја. Што покажува тоа? Покажува одредена сигурност дека Израел може да се потпре на својот сојузник САД, кои многу често во минатите години безрезервно ја поддржуваа нивната борба со терористичките организации. Манифестираната ко��отност, при состојба во која целиот арапски свет се крена на нозе, значи дека повеќе од јасно на нивна страна го имаат механизмот кој може да ги заштити од санкции или, пак, да ги отслика како агресор. Одредената предност, стекната преку стратегиско сојузништво со САД во кампањата за борба со тероризмот, од која САД не отстапуваат по септемвриските напади во 2001, им даде за право да изберат начини во овој случај кои ги сметаат за соодветни.

Како што поминуваа деновите од оваа двонеделна драма, светот се' повеќе се инволвира во судирот. Израел се' повеќе останува осамен, посебно по копнената офанзива. Сериозни светски играчи ја осудија оваа постапка, меѓу кои и Франција и Британија. Го видовме Саркози дека направи некакви обиди за негово инволвирање и промоција и во овој случај. Меѓутоа, Израел и покрај се' останува на својата траекторија. Светското мнение, исто така, се свртува против оваа акција. Тоа е поддржано со организирани демонстрации насекаде. За кратко време овој воен напад поради самоодбрана (ако можам да се послужам со речникот од култниот македонски филм - „Тетовирање“) го постигнува сосема обратниот ефект за Израел. Деновиве дури почнаа да летаат ракети и од северната граница, од Либан, кон Израел. Хезболах, кој беше цел на напад во 2006 година, побара од Хамас да истрае и притоа да убие колку што е можно повеќе израелски војници...



Според мене, Израел многу добро го познава системот за колективна безбедност кој функционира во Обединетите нации. Израелците многу добро знаат дека имајќи ги САД за сојузник, кој има право на вето во Советот за безбедност, всушност, можат да продолжат со своите акции без притоа да влезат во конфликт со светската организација. Додека на терен се одвиваше копнената офанзива, Советот за безбедност (СБ) одржа неколку вонредни заседанија. Од страна на Либија, која во моментот е единствената арапска држава-членка на СБ, беше поднесена резолуција која повикува на прекин на огнот. Меѓутоа, САД на овој предлог ставија вето и со тоа оневозможија каква било акција од страна на Светската организација, давајќи му на Израел некој ден повеќе за дејствување. Ваквата поставеност системот за колективна безбедност го прави неефикасен, и всушност претставува мала врата за вакви инциденти насекаде во светот. Иако ООН е формирана да го штити мирот, и Советот за безбедност има големи овластувања во оваа област, секоја држава што има свој сојузник може да го заобиколи системот и да дејствува по свое. Така, системот станува бесмислен, а истовремено е невозможно да биде реформиран. Уште поинтересно е што на четиринаесеттиот ден од акцијата, СБ успеа да донесе резолуција со која се повикува на прекин на огнот. Резолуцијата беше донесена со 14 гласа „за“ и еден воздржан (САД, во работата на СБ учествуваше Кондолиза Рајс). Па, сепак, дури и покрај донесена резолуција, Израел продолжи да напаѓа. Бројот на жртви во Газа до овој момент, според ООН, се искачи на околу 800.



Прашањето за реформа на ваквиот систем за колективна безбедност го оставам настрана, за некоја друга прилика. Ќе се задржам на обидот на Израел со воени средства, со огромна надмоќ да ги неутрализира терористите на Хамас. Ефектите, се чини, изостануваат. Иако претрпеа огромни загуби, радикалите ќе излезат прекалени и уште посилно групирани. Она што би требало да му донесе победа на Израел не е функционално. Огромната воена машина, комбинирана со користење лостови во меѓународната политика не го дава посакуваниот ефект. Напротив. Овие терористи, херметички затворени во Газа, немаат што да загубат. Како со нив да се справиш? Ми се чини дека најдобар одговор даде култниот режисер на „Блејд Ранер“, Ридли Скот во својот најнов филм – „Боди оф лајс“. Имено, тој ја прикажува воената надмоќ на државите влезени во долготраен конфликт со фундаменталистите преку технологијата, која е вчудовидувачка. Неколку оперативци се на земја, повеќето во некаков кабинет и преку прецизна сателитска слика делува како да се присутни на самото место на настанот, иако се во САД. Надмоќта што ја имаат без малку потсетува на научна фантастика, според која би требало без проблем да се решаваат ситуациите во сопствена корист. Но, на терен не е така како што се претпоставува. Лишени од основните човекови потреби, фундаменталистите немаат што да загубат. Тие не поседуваат никакви технички помагала или, пак, се откажале од нив доброволно, во интерес на борбата. Така, не постои начин да се пресретне нивната комуникација. Сета технолошка надмоќ на терен е сведена на нула. Таму се гине во прашина. Човек на човек. Во таков случај кој може да помогне да се добие борбата со тероризмот? Единствено човек кој им доаѓа оттаму. Човек однатре. Всушност, пораката на Ридли Скот е таа дека мора да се пронајде линк до тоа милје однатре.



Борбата против тероризмот, ако е базирана на етички и морални вредности, мора да најде свои поддржувачи секаде. Никаква технологија не може да го компензира човечкиот потенцијал и неговата упорност. Она што не можеше да го реши цел тим оперативци и уште дузина сателити, на многу едноставен начин го реши човек однатре. Долу на земјата, но со иста верба во исти вредности.

(Авторот е магистер по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk


Статијата е прочитана 929 пати.

Испрати коментар

Од: Боро
Датум: 10.01.2009 00:38:15
Ама колумна... Ни ја прераскажа познатата ситуација која ионака ја пренесуваат сите медии. Кај си ти Филипе во ситуацијава? Што мислиш ти за акциите на Израел? Кај се Палестинците (само за Хамас зборуваш) кои гинат со темпо од скоро 100 на ден?
Од: Prilep
Датум: 10.01.2009 00:57:09
Тие по воен пат и ја презедоа власта во Газа од палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ova vi e netocno vo Okupiranata i krvava Palestina Hamas dodje na vlas so izbori duri pomirni i od Ova Makedonija kade imase se i sesto samo izbori ne inaku dobro e so pisuvate za PAlestina no navedete deka Izrael e okupatorot i toj e koj vrsi teror a Hamas normalno ke vojuva da go izbrka okupatorot Izrel
Од: mene
Датум: 10.01.2009 09:06:14
Перформансите дури и на најнапредните од неврално-мрежните компјутери имаат одприлика еден десетилјадити дел од умствениот капацитет на една домашна мува.Тогаш размисли колку е само безуспашно еден компјутер да се рамни со човечкиот мозок,кој е толку забележително супериорен.Човекот не е аналитичка машина,туку има енергија,итуиција,идеали,комуникациски вештини,совест,свест,емоции,морал,способностда планира иднина...човекот е свесен за постоењето на Бог.Никаква па и најсофистицирана опрема(сателитска,навигациона и сл.)не може да ја победи човечката душа.Никаков СБ и резолуции не ќе донесат мир.Човечкото битие и неговото чувство за правда ќе победат како и вербата во нивниот Бог.Така е од Хирошима и Нагасаки,од Виетнам...така ќе биде за навек.
Од: atiljan
Датум: 10.01.2009 10:07:47
tocno filipe pocna so obama tamu e i faktot sto naveduva na toa koga ke dojdi obama veke ima 1000 problemi zato i go isbraja, zato i brza izrael da gi unisti site vo gaza a svetot da reci amin.no mislam kako i sekade vo sekoja rabota tuka ima kontra efekt gazenjeto na bliskiot istok moze dase vrati kako bumerang tije veke se mobilizirat,no sto kese sluci togas koga toj bumerabg ke napravi svetski steti pa svetska vojna togas nema ni da treba sovet za bezbednost.dase molime da zavrsi na dobro seto ova
Од: petar
Датум: 10.01.2009 10:37:07
Ova zapaleno kibritce ke potrae(moe viduvanje).Mena mi lici na ortoma koja se vleci pa se ceka da ja capnat i Sirija i Iran pa zarem Amerika nema nov presedatel pa zarem nema kriza vo svetot kako ke ja spasat nivnata ekonomija ako nema vojna.EVROPA e so istoto mislenje kako i SAD samo ke pocekaat zaren nam ke ni gi kazat nivnite planovi zarem nee svetot skroen taka da vo sekoj moment golemite sili moze da si napravat stategija za nivnata ekonomija a deka narodot gine pa sto sekako ne ima premnogu toa priroden nacin na separiranje (pojaki -poslabi)
Од: паганини
Датум: 10.01.2009 12:30:12
вештачка држава создадена во англо-американскиот инкубатор во 1948., вештачки и се одржува во живот од своите акушерки.имале право да се вратат во својата прататковина од која биле раселени преди 2000 години, и да создадат држава на земја на која живеат други.дали е тоа награда за холокаустот.и дали оваа творба треба да се одржува во инкубаторот создавајки постојано услови за холокауст на другите кои се осмелиле да живеат на * нивната* земја.та нели се тие избраниот народ ? кај ке ни е крајот ако сите се враќаме во својата * ветена*земја и сите се прогласиме за *избран народ*. чудесија
Од: Igor
Датум: 10.01.2009 13:05:21
Авторот или заборава да каже или пак не знае кој е односот на останатите арапски држави кон Хамас. Во моментов најмоќните арапски држави (Саудиска Арабија, Египет и Сирија)) се против Хамас и го посакуваат неговото уништување. Единствена држава која го поддржува Хамас во моментов е Иран (а знаејќи дека иранците се шиити и воопшто не се арапи разбирлива е зголемената нетрпеливост кај Египет и Арабија). Хосни Мубарак минатата недела ја затвори границата кон Газа и изјави дека Египет е доведен во ситуација да граничи со Иран. Како и да е текстов е добар за да им стане јасно на сите дека во светот функционира сила, а не правдина затоа што во Македонија има многумина кои мислат дека ќе го добиеме спорот со грците затоа што правдината била на наша страна.
Од: nlo prizemjen
Датум: 10.01.2009 13:30:50
vreme e "zapadot" so ogled deka nema vreme ni za kaenje,a celiot svet ja znae vistinata,da prestane da se podcenuva dozvoluvajci navistina do sudniot den istiot da pravi nered na zemjata pod zakrila deka vospostavuva red.Navistina Bog go spusti covekot na zemjata edni so drugi neprijateli da bidat ama zatoa pak go obdari so razum.Dali razumot totalno e izguben.Navistina ako ima smisla i vredi nekoj da se gine vo odnos zasega 1:100,dali e normalno nekoj nekogo da go laze konstantno vo odnos pogolem od 1:1000
Од: Mizi Asan
Датум: 10.01.2009 15:37:52
Tie sto se povikuvaat na Boga im preporacuvam da ja procitaat knigata za Abel i Kain ( Se naoga na pocetokot od Svetoto Pismo)
Од: Apostol
Датум: 10.01.2009 17:13:52
Tocno e toa deka Hamas vo vooruzen konflikt so Fatah, vo Juni 2007 godina, celosno ja prevzede vlasta vo Gaza, medjutoa tocno e i toa deka Hamas pobedi na slobodnite izbori vo Januari 2006 godina. Medjutoa kako radikalna partija, so voinstveno vooruzeno krilo, Hamas e okarakteriziran kako teroristicko dvizenje. (Povece sekoj moze da vidi na Wikipedija) Sekako deka Izrael, SAD, a i Egipet se najzainteresirani ova dvizenje da se unisti. Medjutoa Hamas vo palestinskiot narod ima golema, bi rekol fanaticna podrska. Navistina ce bide tesko ova dvizenje da se unisti i pokraj site napori na Izrael i negovite sojuznici. Mnogu krv se ima proleano na tie prostori, a medjusebna omraza e na mnogu visoko nivo. Del od palestincite se podlozni i na manipuliranje od nekoi arapski drzavi, koi si imaat svoi interesi. Koga se govori za medjunarodniot poredok i akcijata na Izrael: Hamas e teroristicko dvizenje za EU, SAD, Japan, Avstralija i ne treba povece da se kaze za akcijata na Izrael.
Од: tombolla
Датум: 10.01.2009 19:48:12
istina e deka vestacka drzava.pa kaj sme deca da se ubivaat nevini .izraelcite se kao da im ostane ovoj svetot celiot za niv.ostavete mesto i na drugi imzemmaa sve i sega ubivaj kogo mozez komuide.ednaska ke odgovarat za ova.sum musliman ama mislam na druga strana musliman nema da si prai takvi ubivanja samo zatoa sto e druga vera.sramota na celio svet.osven britanija i usa.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обама предупредува> Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае
Уште пет дена трае конкурсот за „Роман на годината“
Власта е сила, власта е моќ
Зденко
Претходен број
Преименувањето на автопатот е нетактичен потег, велат во ЕУ
Груевски ги повлекува владините кампањи
Вербатим
Лудило и хаос
„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор
Владата го кочи и проектот за трамвајот?
Професионализам со аматерски лик
Владата го стега обрачот околу ЕВН, Австријците молчат
Гасот ќе стигне за три дена
Треска по Бекам