Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

На прва топка

Професионализам со аматерски лик

Фарко Шакири

На спортски план годинава што остана зад нас, многумина ја оценија како една од најуспешните од нашето осамостојување. Своите тврдења спортските аналитичари ги поткрепија со осмото место на ватерполистите на ЕП во Шпанија, пласманот на кошаркарите на ЕП во Полска, пласманот на ракометарите на СП во Хрватска, кое почнува идната недела, и на крајот, седмото место на ракометарките на ЕП што се одржа кај нас. На индивидуален план боксерот Вели Мумин освои бронза на ЕП во Ливерпул како и каратиската Ардита Исени, која освои бронза на ЕП. Се разбира, аналитичарите по правило ја прескокнуваа најголемата светска спортска смотра - Олимписките игри во Пекинг. А, јасно е и зошто. Таму нашите спортисти поминаа како боси по трње.

Но, сето тоа е зад нас, а прашањето е што ќе биде во оваа 2009 година во услови на голема светска економска криза од која не може да остане имун ниту спортот. Сепак, кога сме во прашање ние, и во услови на економска криза, а и без неа, нашиот спорт се однесува нерационално и надвор од сите стандарди, затоа што модерниот спорт мора да се третира како единствена целина која го опфаќа контекстот на современото друштво и културата.

Пред се', нашиот спорт, односно тие што го креираат, не расчистиле со неколку неопходни работи кои се насоки за вистински развој. Прво, нема јасно разграничување на односот меѓу професионалниот и аматерскиот спорт кое треба да го разреши и односот на масовниот и елитниот спорт. А, за долгорочно дефинирање на концепцијата и содржината на врвниот спорт и да не зборуваме. Овие параметри кои може да се најдат во кој било учебник од оваа област, бегло се нафрлени во стратегиите на МОК и на спортските федерации, и како по правило остануваат мртва буква на хартија, фрази кои се повторуваат само на годишните собранија на тие институции, кои постојат и функционираат единствено само за себе. Токму поради ваквите состојби кај нас постои аматерски професионализам, а вистинскиот професионализам во современиот спорт е институција како и многу други сегменти од општественото живеење коишто се институционализирани.

Со несредени односи во спортските федерации каде што седат ��овеќе бирократи отколку што членуваат спортисти и не може да се очекува повеќе, се' е сведено на гола импровизација, а таа никогаш не носи добро. Ваквите состојби се како препорачани за политиката која секогаш спортот го користи како средство за манипулација и сопствена пропаганда. Политички контролираниот спорт е само предуслов за негова стагнација, затоа што тој се остварува преку дејствувањето на моќниците (политичарите) и послушниците (таканаречените спортски работници), погубна комбинација, но состојба која носи бенефит за актерите во таа спрега. Ваквиот амбиент станува одбивен и за потенцијалните спонзори кои сакаат да вложат во спортот, затоа што тоа се профили кои сакаат чисти фискални сметки, а такви во нашиот спорт никој не издава, нема дури ни патриотски. Напротив, кај нас се случуваат трагикомични ситуации, како на пример онаа кога вардаровите „Комити“ бараа финансиски отчет од главниот спонзор. Како заврши тој циркус знаеме сите.

Сето ова произведува состојби во кои најзагрозени и од никого заштитени се самите спортисти. Во светот на високиот професионализам следен од развојот на технологијата постојат инструменти за нивна грижа која функционира низ национална и меѓународна заштита, а особено преку синдикатот на професионалците. А, кај нас се' обратно. Спортистите може да останат без премија, без плата, а може како надомест за својот труд да лапнат и ќотек. И повторно тие да бидат виновни за се'.

Денешниот проферсионален спорт го карактеризираат висока организација, управување и менаџмент. Резултатите се вреднуваат на спортскиот пазар исто како и стопанските резултати кои се вреднуваат на економскиот пазар. Од сето тоа кај нас не функционира ништо, затоа и нема многу ниту на спортски план.


Статијата е прочитана 663 пати.

Испрати коментар

Од: Tim Tim
Датум: 10.01.2009 03:20:38
Ne moze eden klub da bide uspesen dodeka ne se znae koj mu e stopan !!! Ne moze SOPNZOR da vodi klub, SPONZOR moze da si stavi reklama na dres i da si gleda seir. Samo gazda/sopstvenik/stopan moze uspesno da vodi klub. Znaci ITNA PRIVATIZACIJA ! Samo privaten Vardar, Pelister, MZT, Rabotnicki, Strumica, Tikves mozat da bidat uspesni klubovi. A za MOK, dur e Cile-prevara na celo, za zal, ne vredi laf da se trosi. Medal od Olimpijada ke bide samo pust son!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Обама предупредува> Ако не сториме ништо, рецесијата ќе трае
Уште пет дена трае конкурсот за „Роман на годината“
Власта е сила, власта е моќ
Зденко
Претходен број
Преименувањето на автопатот е нетактичен потег, велат во ЕУ
Груевски ги повлекува владините кампањи
Вербатим
Лудило и хаос
„Руен“ испрати 127 работници на принуден одмор
Владата го кочи и проектот за трамвајот?
Владата го стега обрачот околу ЕВН, Австријците молчат
Гасот ќе стигне за три дена
Треска по Бекам
Акцијата на Израел и меѓународниот поредок