Македонија е единствената држава што покрај Русија каде што се случи авионската несреќа и ЕУ, чија членка е Полска, прогласи ден на жалост за трагично загинатиот претседател Лех Качињски и за другите членови на делегацијата што патуваа кон рускиот град Смоленск.
Претседателот Лех Качињски и земјата што ја предводеше, Полска, се големи пријатели и поддржувачи на Македонија и како такви заслужуваат најголема почит. Покрај тоа, во Полска има најмногу лекторати за изучување на македонскиот јазик и култура. Значи, станува збор за земја-амбасадор во ширењето на националната посебност на македонскиот народ.
Меѓутоа, прогласувањето ден на жалост кон настан што се случил во друга земја е, исто така, и чин што спаѓа во доменот на водење државна политика. И затоа секој таков потег треба да биде одмерен и да содржи во себе некоја поента. Што се вели, да го измериме и неговото политичко значење.
Која е поентата на Македонија во прогласувањето ден на жалост цела седмица по настанот крај Смоленск и каква е пораката што нашето раководство сака да ја испрати до домашната и до меѓународната јавност со овој чин? И дали е тој плод на некакви одложени анализи што се направени седум дена по паѓањето на претседателскиот авион.
Да, можеби, затоа што во моментите кога очите на светската јавност беа вперени кон Полска и кон местото на трагедијата – Смоленск, и кога се пребројуваа жртвите на несреќата и се подготвуваше списокот за идентификација на телата, македонската Влада држеше отворена седница. Ја одработуваше третата фаза од својата маркетиншка стратегија.
Изгледа од политичкиот маркетинг на нашата Влада - никој не е поштеден.
Nacionalna nazzalost se proglasuva denta i trae nekolku dena vo zemjiite na nesrekjata. Drugite zemji go pravat toa na denot na zakopot ili na denot koga se drzzi zaupokojnata bogosluzzba. Toa se fakti i odlukata na Vladata e na mesto .Utrinski e ozbilen vesnik i nema potreba se da politizirate.Istoto i Polska go napravi koga zagina makedonskiot pretsedatel.
Од: Blue fighter:Poradi telefonot samo so del za slusanje
Датум: 19.04.2010 01:43:11
E,pa kako toa da proglasi den na zalost istocniot sosed ,a nie ne ! "Majka da jede,kjerka da gleda na kjerku da ne daje" ne biva. Zatoa kade site Turci tamu i Asan.Vo slucajov,ne e mnozina tuku e samo eden Turcin sto go sledime od znajni pricini na odlukonosacot.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 19.04.2010 06:51:27
Мисам дека претседателот мораше да отпатува на сахраната во Краков, со автомобил, се разбира, како што тоа го направи словенечкиот претседател. Македонија многу ќе добиеше, ќе значеше благодарност што Полска и нејзините луѓе прават за нас и ќе отвореше големи преспективи.
Од: oд колега - пензионер
Датум: 19.04.2010 08:07:18
Промашен текст.Злоупотребен новински простор.Контрадикторни тези.Ако не е правен по нарачка или нечиј налог ,авторката ја валка својата и воопшто новинарската професија.
И Полска и жртвите и владата македонска и одлуката нејзина заслужуваат респект.
Од: Nikola
Датум: 19.04.2010 08:55:09
Odbelezuvanjeto na zalosta bese konfuzno. Vo petokot, pred "Denot na zalosta", okolu 17.30 (seuste den), bese simnato znameto na krovot na Vladata, a duri utredenta okolu 8 casot bea simnati na pola kopje znaminjata na Kale. Vo sabotata vece okolu 18 casot bea dignati znaminjata na vladata i na jarbolot na Partizanska. Ovaa nesinhronizirana aktivnost vo nesoodvetno vreme me zbuni i voznemiri.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.04.2010 09:04:51
Ако се гледа во денот на жалоста маркетиншки потез,тогаш е залудно некому да се објаснува чинот односно одавањето почит кон докажаниот пријател на Македонија.Е тука се гледа одработување виножитен маркетинг на новинар кој се декларира за независен,кој обземен од неподносливоста кон власта наоѓа во траорни моменти да пишува за некаков маркетинг.Краен невкус не само кон власта туку и кон земјата која ги оплакува починатите.
Од: stanoev slavco
Датум: 19.04.2010 10:17:24
Знам дека Утрински е опозиционен весник.Затоа и го читам.Меѓутоа Ве молам немојте да ја преминувате границата на вкусното.Нормално беше да се прогласи ден на жалост за еден голем пријател на Македонија,но тука завршува се.Полска е наш пријател без оглед од која партија сме.Ваквите плукачки коментари редовно постигнуваат контра ефект.Навистина не разбрав која беше целта на колумната.
Од: citatel
Датум: 19.04.2010 10:29:23
Konstatacijata vo prviot pasus od tekstot e kompletno netocna, zasto i Srbija i Hrvatska, iako ne se clenki na EU, proglasija den na zalost. Vo Srbija vo cetvrtokot, a vcera, nedela, den na zalost bese i vo Hrvatska. pa taka , i podolu iskazanata analiza nema nikakna poenta. Steta, zasto Kramarska dobro pisuva, samo moze da procita i nekoj vesnik od sosedstvoto,ima dobri tekstovi, ne mora da se citaat samo svetski brendovi vo novinarstvoto
Од: Milena
Датум: 19.04.2010 10:40:17
Ден на Жалост прогласија и Србија и Црна Гора, а не се членки на ЕУ. Срамен текст! Манипулација и политизација по секој цена.