Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Интервју

Самак многу ветува, а не остварува

Глигор Ташковиќ, поранешен министер за странски инвестиции во Владата на Груевски

„Џонсон Мети“ беше донесенa во Македонија од Мајкл Инглиш и на министерот Самак му беше сервирана на тацна

Соња Маџовска

Господине Ташковиќ, зошто на Владата, покрај сите напори, не и' успева да привлече директни странски инвестиции? Дали ваквата политика е погрешно разбрана?

Во еден перфектен свет Вашето прашање би било в ред. Но, не живееме во таков свет и, секако, не живееме во идеални времиња, бидејќи светот ја доживеа најлошата рецесија по триесеттите години од минатиот век. Затоа не би се брзал да најдам вина ниту во извршувањето на задачите ниту во дизајнот на изворната политика. Во врска со политиката, би укажал на тоа дека многу други земји работат на ист начин и имаат успеси. Ова е модел што е докажан. Би се осврнал, на пример, на „Инвестирајте во Чешка“. Во врска со конкретните резултати, навистина не можам да коментирам со оглед на тоа дека сум надвор од Владата уште од 1 август 2008 година и немам континуирани сознанија за настаните по моето заминување. Оттогаш многу работи се променети.



Според сознанијата што ги имате, каде се грешеше при привлекувањето инвестиции?

Почетната политика на администрацијата на Груевски беше да не се коментира за потенцијалните странски инвестиции и со тоа да се генерира краткорочен политички капитал, како што направи СДСМ во повеќе наврати. Да се чека додека не се склучи договорот и не се потпише, па потоа да се обелодени. Да ве потсетам што го сочинуваше привлекувањето странски инвестиции пред 2006 година. Ситуацијата тогаш личеше на една стереотипна личност порасната во време на стара Југославија (и се' ова имплицира за менталитетот), седната пред празно биро, со неколку телефони (колку повеќе телефони на бирото, толку сте поважен). Вратата до неговата (веројатно тој би бил маж) канцеларија би се отворила и луѓето што би влегувале низ неа ќе ја виделе оваа деловна личност како седи пред празно биро, можеби ќе пие кафе и ќе пуши цигара, чекајќи секојдневно некој таканаречен странски инвеститор да му тропне на врата и да побара негова помош. Доколку странскиот инвеститор има среќа, ова лице би се насмевнало кога тој ќе чукне на неговата врата.

Во тоа време не верувам дека медиумите обрнуваа внимание на странските инвестиции. Никој нема напишано ниту експозе или критички осврт за тоа како недостигот од странски инвестиции и' штети на Македонија. Тоа најверојатно беше најпасивната од сите активности финансирани од државата. Меѓутоа, сега кога е една од најактивните, инвестирањето стана цел на критики. Од големо значење е да се има предвид оваа перспектива. Разбирам зошто е така. Бидејќи сега тоа е еден од највидливите ефекти на администрацијата на Груевски, па со тоа и очекувањата се високи.



Како ја оценувате работата на Агенцијата за странски инвестиции и на промоторите што се испратени низ светот?

Додека соработував со директорот Виктор Мизо, за време на мојот мандат како министер, бев во контакт со него секои три месеци се' до моето заминување, па затоа не сум во добра позиција да дадам критика за неговата работа. Она што може да ви го кажам е дека Мизо успешно создаде институција што е ценета, во смисла на професионализмот и на пристапот, во регионот и низ европскиот континент. Таа се темели на практиките на слични таквите агенции (ирската ИДА, „Инвестирајте во Чешка“ итн.). Тој ја стави Македонија на картата на инвеститори како резултат на кампања, разви мрежа на економски промотори и имаше и други придружни активности. Македонија претходно не беше на ниту еден радар. Можеби уште поважно, во земја каде што владеењето на правото се' уште се развива, Мизо креира правна рамка за Агенцијата со внимателно усогласување на Законот за зони за технолошки индустриски развој со ЕУ-регулативите и критериумите за државна помош.

Значи, главна поента ми е дека резултатите се мерат и на други начини, не само во евра и во долари, иако се исто толку важни. Тие се мерат и со конструирање флексибилна структура што ќе опстои и по промената на власта во Македонија. Би посакал економските промотори што ги испративме да имаа можност и искуство да видат повеќе од светот, да знаат неколку јазици и да имаат повеќе контакти надвор од Македонија пред да ги заземат позициите. Секако, ова не можеше лесно да се постигне од никого, поради многу рестриктивниот визен режим што беше во сила се' до 19 декември 2009 година.



Што мислите за ангажираноста на министерот Веле Самак? Вие заминавте, а тој се' уште е на функцијата министер за привлекување странски инвестиции?

Основна разлика меѓу ангажманот на Мизо и на министерот Самак е тоа што Мизо дејствува во рамките на прифатливи меѓународни норми, додека министерот Самак се обидува да ги копира сите податоци внатрешно во својот кабинет и не работи конструктивно со другите сектори во власта. Ако го прашате него за ова, секако, тој агресивно ќе го оспори. Меѓутоа, може да прашате која било агенција во Владата, дали има добра соработка со министерот Самак и со неговиот кабинет. Одговорите ќе ви кажат се'. Нема потреба јас да ви го кажам тоа.

Самак јавноста го памети по тоа што многу ветува, но речиси ништо не остварува. Што се однесува до мене, јас никогаш не сум ветил нешто што не можам да го исполнам. Тој се обидува да си ги припише заслугите за „Џонсон Мети“, но, всушност, оваа инвестиција беше донесена во Македонија од Мајкл Инглиш и на министерот Самак му беше сервирана на тацна, од средината на ноември 2006 година до крајот на февруари 2007 година, кога одговорноста за „Џонсон Мети“ и' беше предадена на „Инвестирајте во Македонија“ директно по наредба на премиерот. Дали кабинетот на Самак првично имаше корисна улога? Секако дека имаше. Меѓутоа, јасно е дека ова беше групен напор и ниту една од неговите изјави за оваа тема не ја кажуваат таа вистина. Тоа е она што јас го сметам како разочарувачко од неговото однесување.



Дали рекламите во светските медиуми се доволни за инвеститорите да ја посетат и да се решат да инвестираат во Македонија?

Да, несомнено. Кампањата ги постигна своите цели. Имајте предвид дека ова ќе биде тековен трошок, со цел да се задржи името Македонија во мислите на странските инвеститори. Кампањата не заврши, но сега сите слушнале за Македонија. Она што сега се прави е носење на кампањата во други форми на медиуми за поголемо покривање на пазарот, како што е телевизијата, а се оддалечува од рекламирањето во печатени медиуми.

Би сакал да појаснам дека воопшто не бев инволвиран во концептот „Бизнис- рај“ . Ниту ми се допадна ниту го искористив во мојата работа. Како што можеби се сеќавате, преферирав Македонија да ја нарекувам „Сингапур на Европа“.



Што треба Владата да направи за да ги задржи инвеститорите што досега покажаа некаков интерес за нас?

Администрацијата и лицата што имаат директен контакт со инвеститорите треба да им бидат во секое време на располагање и да бидат достапни 24 часа секој ден во седмицата. Нивната работа не завршува во 16 или 16.30 часот. Мојот кадар ги разгали нашите потенцијални инвеститори со тоа што секогаш беше достапен дење и ноќе за да одговори на нивните потреби. Сега веќе не е така. Ова го знам, бидејќи инвеститорите ми се пожалија дека по распуштањето на мојот кабинет веќе не можат да ги решат проблемите лесно и како што треба. Второ, луѓето во Македонија треба да научат да бидат способни да комуницираат и со добри и со лоши вести. Дури и ако нема вести од голема важност за потенцијалниот инвеститор, треба да се знае дека лицето со кое тој комуницира внимателно го следи текот на работите. Место тоа, се игнорира барањето за информации. Тоа е неприфатливо.

Трето, владините службеници што имаат директни контакти со инвеститорите, исто така, треба да бидат способни да решаваат проблеми и да предлагаат креативни решенија за нив. Тие треба да бидат овластени од раководството да го прават тоа. И не треба да се плашат да преземаат иницијатива. Се' почесто гледам се' повеќе луѓе што се подготв��ни да го прават ова. Може само да се надевам дека тие ќе служат како поттик за другите.


#
Статијата е прочитана 4393 пати.

Испрати коментар

Од: sirma vojvoda
Датум: 19.04.2010 00:13:09
garant snemal pari pa sega se ulizuva ili pak go gleda sakam kako pravi duplo poveke od nego more najbitno e deka site slusnale za Makedonija kako do 2006 demek neznaeja za Makedonija ejgidi macna Makedonijo koga si dozvoli vakvi ljuge da kazuvaat po svetot za tebe.......OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: mirce
Датум: 19.04.2010 00:33:39
Ministerot Vele Samak vednas da se razresi. Dosta bese, ne i se potrebni nesposobni luge na Makedonija. Vele odi si!
Од: Pero SMK
Датум: 19.04.2010 02:13:20
Tocno,Samak e nesposoben.Ama nesposoben si i ti i V.Mizo.Na celo so Pastirot.Ekipa na nesposobni.3 "strucnjaci"+Premier= 2 stranski investii za 4 godini.I tie ne se vasi,tuku bea dogovoreni od prethodnata Vlada.
Од: Isus
Датум: 19.04.2010 03:14:55
go videl li nekoj tipov na tv kolku e zabegan? i toj samak isto,.. treba da se donese zakon: koj saka da raboti vo vlada da znae da zbori makedonski a ne vakvi zabegani tipovi da se setaat niz ilindenski bb ... kako mu go nacukal nekoj na grujo so ovie dvajca lele lele .... na kraju kraeva i taka vo vlada raboti pola svilare i kondovo pa sea steta i za ovie dvajca da nema mesto
Од: Gjorgji
Датум: 19.04.2010 04:54:32
Singapur vo Evropa?! Gospodine Taskovic, dali vie voopsto znaete kako Singapurskata ekonomija stanala toa sto e deneska? Kratok odgovor: dobra geostrateska pozicija, dolga tradiija na pomorska trgovija i na krajot razvoj na hi-tech industrii sto se atraktivni glo balno. Kade ja gledate slicnosta na Makedonija so Singapur? Bidete realen, celiot proekt stranski investicii propadna zatoa sto Makedonija ne e interesna za stranski investitori. Pazarot e uzasno mal- a toa e prv uslov za strasnki investicii. Visokobrazuvan kadar koj nie odamna go nemame; drzavnoto obrazovanie e korumpirano i neaktuelno a privatnite ne nudat kvalitet. Ni ednite ni drgite ne se vo kontakt so potrebite na pazarot . I na kraj, nasata rabotna sila e neproduktivna. Mit e deka nie sme mnogu produktivni. Toa sto se lazeme e deka eve kaj nas se raboti za 200 evra pa strancite ke imaat interes da investiraat. Naprotiv, slabo plateni rabotnici se neproduktivni. Vasata staretgija propadna i treba da priznaete.
Од: Risto Gushterov
Датум: 19.04.2010 05:52:11
Razgovorot so Ex-Ministerot e promasena rabota,bidejki za takvo nesto ne postoi nikakva osnova. Za objektivno informiranje na javnosta potrebno e da se znae deka Johson Meti svojata finalna odluka da investira vo Makedonija ja donese posle trikratnite konsultacii sto gi imase so lugeto od Johnson Controls. Ako Johnson Controls ne dojdese togas tesko mozese da se poveruva deka ke dojde i Johnson Meti.
Од: pavle ALIMASKA,prilep
Датум: 19.04.2010 08:02:13
Како не остварува ,па фирмата од неговиот татко во Прилеп ја разработи до најголема мера,им цвета личниот бизнис.Неговиот татко своевремено беше претседател ОК НА СКМ за ПРИЛЕП и заврши низ врата на половина од мандатот од многу негативни причини,а сега е „ МНОГУ ГОЛЕМ „ ВМРО - вец. Тешко нам со вакви кадри и камелеони.
Од: Makedonec
Датум: 19.04.2010 08:31:17
Јас колку што знам,Ташковиќ не знае македонски јазик, а дојде тука да ни продава басма.Наместо да ни помагаат доаѓаат од надвор да лапнат пари, да си ги отплатат куќите и сл.Резултати никакви.Солење ум, солење ум....
Од: vaga957
Датум: 19.04.2010 08:49:22
Не само Веле Самак туку цела влада треба да си замине ако е за аер доста е, не направија најсиромашна држава во Европа, да не можеме крај со крај да врземе СРАМОТА.Кога ќе ги видеш на ТВ како ставаат лопати лопатари едни мислиш дека во државава рози цветаат, се функционира иако буџетот им е празен ниедно министерство не пушта пари на фирмите,а ако народот нема леб да јаде кој го врти народот.До кога народе македонски до кога??????????
Од: Shero
Датум: 19.04.2010 09:00:44
Pero SMK, Побараја изјавата на директорот на Џонсон Мети -- Лери незнам презиме, ќе се убедиш дека тие во 2007ма почнаа да размислуваат за нова локација. Нека не те лажи Стефче Јакимовски со лажните изјави.
Од: Makedonija
Датум: 19.04.2010 09:11:07
G-dine Taskovik,interesno e vaseto intervju,ne se razlikuva mnogu od mnogu drugi,stom ne ste na vlast vednas kritika.Makedonskiot sindrom....jas sum najdobar drugite necinat,nesto slicno pred nekoj den imase ambasadorot Misajlovski,dodeka drzite pozicija site se super a [posle nikoj necini,za zal,zalno makedonce.
Од: Tode
Датум: 19.04.2010 09:13:32
Samo nasi mladi Makedonski momcinja mozat da napravat nesto za Makedonija, da gi otvorat vratite za investiranje vo Makedonija, a drugite se samo za koktaeli i golemi demagozi.
Од: браво...
Датум: 19.04.2010 09:36:52
Koj e Vele Samak? Baram negovo CV kade ucel, sto rabotel, kako se vrabotil, kade zivee, negovi roditeli, seksualna orientacija, i kapacitet ili IQ.......................jas velam dosta ni se eksperti. Da pobarame VISTINSKI MAKEDONEC vo Makedonija.
Од: petre
Датум: 19.04.2010 09:40:05
Neka si sedi tamu kade sto e.Nie si imame mladi sposobni luge.Mislam deka vidovme sto moze da napravi toj.Nisto
Од: zacuden od Kicevo
Датум: 19.04.2010 10:18:34
Za mene vest ke bide sledniot naslov: "Samak i kompanijata malku vetuvaat, mnogu ostvaruvaat"... Isto taka, vest bi bilo: "covek kasna kuce" namesto "kuce kasna covek" Pozdrav
Од: Трпе
Датум: 19.04.2010 10:32:44
Сите тајни,неспособности и направен криминал на ова пропагандна блада ќе бидат откриени кога ќе си заминат од власт.Само за жал, невиниот народ мора да го плака цехот.
Од: nekoj
Датум: 19.04.2010 10:49:41
Go delam istoto mislenje so Gjorgi tuka..Sakam da dodadam deka Makedonija dodeka ne se sredi vnatresno nema da dojde nikoj. Dali vie bi investirale na primer vo Avganistan? Toa sto ovie luge zboruvaat ili ne makeodnski nema nikakva vrska. Ako ste vie interesna destinacija, a pred se sigurna, investitorite sami ke ve najdat. "Srima vojvoda" koja e tvojata opcija posle 'otporot"?
Од: vasil
Датум: 19.04.2010 11:52:11
G-din Taskovic bravo ja kazuvas visinata a sega treba Premierot Gruevski da go razresi Ministerot Samak i da se dozvoli Viktor Mizi da rakovodi direktno so ovaa portfolija. Sram da me na Samak samo tatkomu da ostane orv covek na fakultetot vo Ohrid i donator ba VMRO.........drugo ne e vazno...Neli? za Gruevski?
Од: ODNADVOR
Датум: 19.04.2010 12:25:36
Da ne reteruvame so kritiki, no idejata na site Vladi, na celiot makedonski narod,bese od Makedonija da se napravi edna mirna , stabilna - sigurna drzava; nesto kako Svajcarija, pa i Singapur, bez doslovno da se fakja nekoj od komentatorite za zbor i da objasnuva nan" rajata" deka Singapur...Srto toa poleka i mozese da se stane. No i mladite "koi se sposobni", da napravbat nesto poveke od idojdenite od Amerika, veke obogateni ili gi " potpomognavme " vo toa, Samak Muzo Tashkovic , smetajte deka niti imale odvrzani race da rabotat na nacin kako sto zamisluvale, niti imalo nekoja soglasna sorabotka so nivniot rabotidavatel. Spored toa, ne mozele da pokazat nekoj osoben uspeh koga stranskite pregorivaci koi duri i go dobivale tenderor, vo posleden momebt bivale odbivani, atoj ponistvan. Nie ne sme SDIGURNA drzava za stranskite investitori! Poradi toa ,sé poveke se odalecuvame i od zamisleniot Singapur i od posakuvanata Shvajcarija,tuku dajte barem da go socuvame ovo parce od Make
Од: mene
Датум: 19.04.2010 13:21:32
A ovoj pa mnogu jak bese. Ista skola

Најди! во Утрински
Насловна
Ден за жалост
Зденко
Груевски и Ахмети судени еден на друг
Македонците спортуваат само во обложувалници
Појадокот на една свиња
Исповед на еден дипломат
Голем тест за старата машинерија на Ватикан
Хомо запиенс
Градоначалниците обединети против конфискацијата
Жените од Кремљ - од туршии до музеи
Убедлив концертен кам-бек пред скопјани
Немам друг чадор освен Македонија
Британците сакаат промена, a се плашат од неа
100 години напредок