Денешните млади се искрени, информирани, знаат за минатото, но повеќе од тоа тие сакаат иднина
„Државата е распад, државата е катастрофа!“ Вака извикуваа младите едно сончево саботно попладне на школката во Градскиот парк. Не викаа, колку да се каже, туку буквално се дереа од петни жили. Признавам, сето тоа помалку изгледаше нападно и исфорсирано. Впрочем, такви и треба да се младите, емотивни и инстинктивни. Но, настрана модалитетот, тие ја кажуваа вистината и воедно се единствени или ретки што го прават тоа во ова корумпирано општество. Јас не познавам некоја друга категорија што отворено има храброст да ја плукне кнедлата што им стои в грло. А велат денес младите биле неписмени и индиферентни. Биле „гикови“, заглавени пред компјутерите! Велат дека младите не ги интересирало школото!
Само неколку податоци. Стапката на неписменост во Македонија кај возрасните е екстремно висока. Во северисточниот регион на Македонија 12,5 отсто од населението е неписмено, во Вардарскиот регион е 10,3, а во источниот регион неписменоста изнесува десет проценти.
Ако на ова додадеме дека најмалку 80 отсто од популацијата е интелектуално неписмена, односно престанала или одбива да чита весници, книги, да се надградува, тогаш се наоѓаме пред едно навистина депримирачко мнозинство. Исклучок од овој податок се денешните млади, додека најлоши се возрасните генерации.
Во ваква ситуација сите би покажале со прстот кон школскиот систем, но прашањето е - кој ги уништи училиштата? Владата создаде диспензирано високо образование, поткопувајќи ги предусловите за она малку добар занает што остана, за она малку мануфактура што имавме, осудувајќи го на смрт обичниот работен човек. Основното образование е катастрофа, а нашата Влада сака од полуписмени да прави доктори на наука. Образованието е руинирано на секое ниво. Па, како да не е, кога почнаа куќата да ја градат од покривот. Оваа Влада не ги поттикнува луѓето да учат, ги поттикнува да земат парче хартија за кое утре ќе нема работа на пазарот на трудот , кое ќе нема каде да се материјализира, да се капитализира. Знаете ли зошто на Запад и на сите оние канали од типот на Дискавери, се форсираат толку многу емисии каде што се глорифицира работниот човек, оној што знае некаков занает? Затоа што ниту може, ниту треба ниту, пак, секој човек сака да биде интелектуалец или да се занимава со премногу теоретско знаење во својот живот. Ниту, пак, денес најголем дел од знаењето се стекнува од книги, зад клупи, во училници. Но, барем и тие да беа како што треба. Компјутерите што ги купија, не ги ни приклучија. Немаме доволно штекери за сите тие неупотребливи компјутери. Тој што сака да учи ќе учи, но на човек не треба да му се вели - учи за да бидеш поконкурентен на пазарот. Ви се молам! Добра е паролата „знаењето е моќ, знаењето е сила“, но тука и застануваме. Не сме ја разбрале суштината. Системот никогаш не може некого да го натера да научи, тоа е промашување во старт. Системот треба на човекот да му создаде љубов и желба спрема знаењето, спрема секакво знаење, а потоа и да го насочи кон тоа што посебно го интересира или кон тоа за што покажува особена инклинација. Власта сака да произведува енциклопедисти, само што доцни најмалку три века.
Така, политиката во образованието, за која власта мисли дека е успех и оти со неа собира поени кај младите, всушност, е едно огромно фијаско. Веќе подолго време постои еден тренд што е забележлив низ цела Европа, но во поново време се појавува и кај нас. Знаете ли кој не може и кој со континуитет не ја прифаќа десницата како валидна опција? Тоа се младите. Зошто? Затоа што денешните млади се искрени, информирани, знаат за минатото, но повеќе од тоа, тие сакаат иднина, а во политиките на десницата не ја гледаат иднината. Не сакаат некој да ги труе, а верувајте го препознаваат тоа.
Десницата во Македонија е пример за лош педагог. Се грижи за квантитетот на деца, прави смешни кампањи за раѓање, за просто демографско мултиплицирање, а не се прашува дали младите имаат услови. Каде бевте вие да раѓате и да го ширите семето во вашите дваесетти години? Вие сте уништувачи на добрата едукација. Дисеминатори на една антикултура. Што, всушност, му нудите вие на младиот човек, но и на остатокот од популацијата, освен визуелни сензации. Ги злоупотребувате маркетингот и технологијата за вашите пропаганди што немаат врска со реалниот живот. Но, во манипулација на младите оваа власт добро разбрала едно нешто. Дека човечката природа се менува токму преку технологијата. Не дека вие сте пронаоѓачи на технологијата ниту, пак, сте виновни за нејзиниот напредок, но дефинитивно сте виновни за манипулацијата што ја вршите преку неа. Ваша единствена цел е масовно оглупавување на македонската популација. Како во приказната за Пинокио, мислите дека изградивте убав забавен парк и оти еднаш замаени младите ќе се претворат во магариња. Ќе ви кажам во која насока одите и зошто, всушност, со вашите политики сте избрале медиумски да го бомбардирате народот, а тука, пред се', мислам на младината.
Кога при крајот на 1400 година Гутенберг ја измислил машината за печатење, всушност, настанува демократизацијата на знаењето, што претходно било ограничено на рачно пишување или на прераскажување. Од тој момент можеме да го санкционираме постоењето на хомо сапиенсот. Кога е измислена телевизијата, пак, се создава човекот што е навикнат да гледа и неговото знаење и разбирање почнува да се ограничува во рамките на нештата што се гледаат, на штета на идеите, на штета на менталните слики создадени преку процесот на размислување. Тоа е принципот на хомо виденс, како што го дефинира прочуениот политиколог Џовани Сартори. Тоа е една голема ментална загуба за човекот. Некои понови теоретичари, од кои сигурно се инспирирани и нашите политичари на власт, ја измислуваат и теоријата на хомо запиенс. Оваа теорија ја глорифицира за потоа некој во практика да ја искористува менталната загуба за која зборував.
Терминот „хомо запиенс“, близок до тоа што се вика поимот „запинг“, произлегува од искуството создадено со далечинскиот управувач на телевизорот. Нешто што ни дозволува постојано менување на каналите и што, според забеганите теоретичари, е нешто што би го научило нашиот мозок на мултитаскинг, на способноста да се прават повеќе нешта истовремено. Но, ќе се согласам со Сартори и ве поканувам да направите мал експеримент во вашите домови. Скокајте од канал на канал и кажете ми дали размислувате на повеќе нешта или, пак, вашиот мозок се исклучува, односно доживувате еден вид ментална дисконекција? Овој процес што се реплицира преку бомбардирањето со информации, искажувањето на многу половични податоци, френетичното повторување на невистини е еднаков на начинот на кој дејствува нашата Влада.
Добро знаат дека скокањето од една тема на друга е еднакво на уништување на логиката. Тоа е уништување на логичкиот капацитет да се размислува на едно нешто во еден даден момент, за луѓето да не можат да направат аналитичко расчленување во секвенца и на тој начин со сигурност да заклучат дали еден однос порано-потоа има свое причинско-последично оправдување. Не можеме да ја обвиниме технологијата за овој процес, место тоа, треба да покажеме со прст кон оној што неа ја злоупотребува и на тој начин помага во создавањето на хомо ступидус, ступидус. Се' повеќе на младите им се наметнува живот во хиперконекција, всушност, за да им се наметне тотална дисконекција. И со право им се лоши од политиката, посебно од онаа на десницата, празна и параноична во суштината, така убава и фантазмагорична на екранот.
Но, со спомнување на младината имам една сосема друга поука. Овие млади денес ниту заслужуваат ниту, пак, ќе трпат вакви учители. Денешните млади се многу подобри од нивните учители. Постои оптимизам и ведрина во интелигенцијата на младите, во нивната желба да видат, да осознаат нешто суштински, не да висат само покрај компјутери и да гледаат во мониторите. Младите заслужуваат подобра Македонија. Заслужуваат подобро образование, европска иднина, земја во која се ценат културата и знаењето. Во недостаток на државата, во злоупотребите на власта, во евидентноста на нивната некомпетентност, не смее денешната младина да се претвори во уште една изгубена генерација. Затоа нека возат велосипеди иако патеки нема, нека одат на театар и изложби иако малку од нив вредат, нека го копираат тоа што ќе го научат некаде на страна или што самите тука ќе го стекнат и нека го пренесуваат. Тоа нека биде нивниот мултитаскинг.
Што ќе им е на младите нивна Македонија ако не можат да бидат тоа што сакаат во неа. Да бидат дисконектирани магариња како што сака власта, едноставно не е в ред.
Ова е втората колумна на Ивор што сум имал можност да ја прочитам. Секоја чест дечко! Навистина крајно сум восхитен од твојот начин на размислување.
Од: patricija
Датум: 19.04.2010 00:38:04
Mladite vikale. Izgleda i niv ste gi podelile na levica i desnica. Koja bila politikata na levicata vo obrazovanieto(ako takvo nessto voopssto postoi vo Makedonija). Postoela samo selektivna stipendija na Soros za deca na podobni roditeli za koi nemalo zima vednass da se udomat vo NVO i sega organizirano vikaat za svoite profesori od SDSM. Bla Bla bla
Од: Tommy Hilfiger
Датум: 19.04.2010 01:20:02
Добро кажано навистина. Посебно споредбата со т.н. "мултитаскинг". Би се надоврзал на темата зафатена во овој текст. Значи не само што владата прави лошо применувајќи го бомбардирањето со непотребштини од типот на реклами, лажни ветувања, лажни универзитети(кои и не би требало да го носат називот универзитет),..., туку и самите неависни телевизиски и радио канали нудат секакви непотребни и невистинити информации многу пати. Исто и увезувањето и промоцијата на разни книшки кои немаат н��каква литературна вредност, носи голема глупавост. Потребен е цел еден нов систем кој би се темелел на ЗНАЕЊЕ, а не на лаги. Инаку човекот останува ПРАЗЕН во себе и со себе. Постојат правилни вредности во државава кои треба да се истакнат.
Од: Blue fighter; Prost narod ,silen Grujo
Датум: 19.04.2010 02:04:42
Koj gi unisti ucilistata- prasuvate! Se znae,ama zosto? Tuka e podobro da se bara odgovorot.Na kogo mu e celta da sozdade nemislecki podanici,koi samo kje gledaat vo svetkavite reklami i kje klimaat so glavite pred razmavtanite race i noze na setackiot Premier slusajkji gi negovite kje-falbi i lagi.? Potisnuvanjeto na se sto oznacuva kadarnost i kvalitet vo drzavava na marginite na opstestvenite zbidnuvanja e del od dobro osmislena strategija za ostvaruvanje na 1000-godisniot vmrovski son. Silata - NAPRED, znaenjeto -STOJ !! Se nosat zakoni za otpustanje od rabota na iskusnite za da se smestat polupismenite i nesoodvetni lepaci na plakati.Kade da se bara izlez za spas od sistematskoto unistuvanje na logikata i samostojnoto rasuduvanje na poedinecot? Dali e izlezot samo napustanje na zemjata ? Toa go posakuvaat za inteligencijata koja ne im treba,zasto ne pripagja vo procentite na nepismeni koi najlesno se "ubeduvaat" da glasaat za slicni so nivnite poimanja na "arno kaza" ideologijata.
Од: nacional-patriot
Датум: 19.04.2010 02:42:06
Kolku izgubeni generacii imase vo mracniot predavnicki rezim na SDSM,avtorot ne saka da vidi ili se preprava deka ne gi gleda.Onie deca sto se derele,da ne im bilo receno da vikaat kako ludi,a za vozvrat nekoj od Bihacka im kupil sladoled?Samo prasuvam.
Од: Brian, Canada
Датум: 19.04.2010 07:01:36
Momce mlado, ocebijno poentata na tvoeto pisuvanje e kritika na vladata. I pokraj seuste losata sostojba vo obrazovanieto ovaa vlada ima napraveno nemerlivo pati poveke od site dosegasni, taka da tvojata kritika deluva degutantno. Bidejki ziveam vo Kanada mozam mnogu podobro da gi dolovam uslovite na mladite tuka otokolku sto gi naveduvas ti, ilipak sakas da go "peres mozokot" na citatelite. Ovde maldite SAMI se izboruvaat za svojot status i obrazovanie. Tuka nikoj ne ceka vladata da mu dade nesto, vladata e regulator na javnite, opstestveni i ekonomski odnosi. Nisto poveke. Mnogu politicki si oboeno, momce, taka da mladinata brgu ke te procita, osobeno sega ovaa nasa mladina neopteretena od komunjarsko - tranziciskite bandi.
Од: BRAVO
Датум: 19.04.2010 09:28:45
Јас сеуште се прашувам зошто ми е мојата диплома која ја добив во време на постоење на два Универзитети во РМ кога имаше сосема поинаков пристап кон знаењето (се отепав од учење) за сега да си седам дома и да барам огласи за вработување - патем немам партиска книшка и богати родители. На ТВ гледам постојано реклами дека животот ми бил совршен (трето дете, реклами за вино, знаењето е сила-моќ, сакај ја Македонија, нов универзитет во некое село) Негледам начин дека некогаш ќе ги повратам тешко заработените пари на моите родители што ги потрошив за школување, се вработуваат МЛАДИ кадри со купени дипломи и испрани партиски мозоци за да му служат на народот....или власта.
Од: Orvelovsko scenario
Датум: 19.04.2010 09:46:11
Cestitki za avtorot. Napravena e edna vistinska analiza na edno sistemksko unistuyvanje na obrazovanieto, kako eden od najvaznite segmenti vo edno opstestvo. Site oni tarigikomicni"proekti' I stvaranje na" livadarska visokoobrazovana populacija" so steknuvanje na nekakvi hartii , nareceni diplomi na site onie " "livadarski univerziteti". ne samo sto e komicno no prestavuva vistinska tragedija za edno opstestvo. Ovaa vlast gi prifatila Orvelovite paroili za znaenjet( odnosno neznaenjeto) i uporno sproveduva stupidni proekti za koi ne znaes dali da se smees ili da se krstis. No so edno ne se soglasuvam so avtorort. Mislam deka mladinata, a posebno studenstkata e izmanipulirana od vlasta i instaliranite lideri i premnogu pasivno go posmatra seto toa.Obelezje na studenstkata mladina e buntovnost javno izrazuvanje na otpor protiv site tie manipulatori , a ne poltronstvo i lakejska poslusnost.Site onie providni laskanja na vlasta se cista laga i manipulacija, so lukrativna pozdina
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.04.2010 10:07:35
Имам длабока резерва кон младата популација како некаков сегашен или иден општествен двигател.Ќе набројам неколку примери,како прво како студентите дозволуваат да бидат изманипулирани од партиите со инсталирање на партиски војници за нивни преседатели а тие молчат,нема протести за подобрување на студентскиот стандард а при тоа манипулирани политички како архи бригади.Купување испити и дипломи на добростоечки дечки и на крај кога ги гледам напредните Ѓорчев,Станковиќ,Иванов и др. вербата во младоста ја снемува.
Од: nekoj
Датум: 19.04.2010 11:11:52
Hmm mislam deka nasiot sistem na vrednosti pocna da se raspaga uste vo 90te poleka. Toa ste e Mk denes a rezultat na rabotata na site vladi do sega, bez isklucok. Obrazovanieto moze bilo dobro za prethodniot sistem, na za ovoj sto sledese voopsto ne se transformira. Na drzavnite fakulteti uste pred 15 godini situacijata ne bese dobra: arogantnost, nezainteresiranost, predavaat licnosti sto ne se izgradile sebe si kako licnost prvo (cest na isklucoci), arogantna administracija, grupi od po 100 studenti so koi nikoj ne moze da raboti, preobemen materijal-cesto neinteresen za studentot, nikakva praksa, nikakvi proekti za motivacija itn. Edna poraka za mladite: ako imate moznost ili moze da zemete stipendija-studirajte NADVOR od Makedonija. Makedonija tone.
Од: До: nacional-patriot
Датум: 19.04.2010 12:10:22
Секако! Во право си! Големиот број изгубени генерации и школувани (недоучени)во времето на СДСМ,сега наеднаш, се најдоа во редовите на Власта! Неописменети и Полуучени,сега се во висините и Моќта,па мислат никој ништо не им може! Најпаметни се!Особено, кога Молчат!
Од: Karokan-gambit
Датум: 19.04.2010 12:39:45
До Бриан Канада=
Не сум знаел дека од Канада,Македонија поубоаво се гледа? А како изгледам јас,помлад,поубав,со поубава куќа и патничко возило,со поголеми месечни примања и повисок стандард.??????
Веднаш заминувам на банкомат и потоа,ако тука не свршам работа,директно во банка!.Мајчето ќе им го расплачам,само ако
ми речат дека нема пари на мојата сметка.
Весникот со твојот коментар туп под нос па нека видат.А Ако не им се гледа нека си испратат свој човек (службеник) во Канада за оттаму да им
дава инстругции каде да ги пронајдат =непостоечките= пари на коминтентите.
Бриан,постојано тресеш зелени,денес дефинитино ги сотре уште во цветот.Како мраз или слана..Временска непогода!!!!
Таму Владата била само регулатор,а учениците и студентите сами се изборувале за својот статус??????? Па и тука кој ја тера Владата да се меша каде не и е местото.Да речеме во високото образование.
Го сотре до даска,што вели народот.Парам-парче го направи.Последиците ќе се почувствуваа подоцна!!!!!!!!!!
Од: Даскалка
Датум: 19.04.2010 13:45:12
Браво за анализата на најпропаднатиот образовен систем на планетата земја. Власта успеа се да уништи. Отидете на сајтот на новиот Универзитет за информатика во Охрид. Ќе најдете се, само не професори од компјутерски науки. Видете ги само Ректорите. Од толку етаблирани професори извадија Ректори од буништа. За Владата важни се само просторните услови, а и тие се секаде мизерни. Професорите расипуваат енергија во непрекинато патување да опслужат селски дисперзирани факултети. Од наука нема ниту “Н“. А само со научната дејност Универзитетите се Универзитети. Инаку се средни ушилишта. Па дури и таму тој што предава биологија не предава математика. Само се бркаат бројки на запишани студенти и подарени дипломи. Сакам само да дочекам, на пример таквите студенти утре да ги лечат овие од Владава, или да ги судат. Комплетна деградација на образованието. Така е кога полуписмени деца кројат системи кои се важни и грешките направени во нив се непоправливи. (Не)знаењето за жал е моќ кај нас.