Фред го спаси Бразил од пораз против Парагвај
Во 90. минута за конечни 2:2 заби напаѓачот на Флуминенсе Фред, спасувајќи го на тој начин Бразил од пораз против Парагвај во второто коло од групата Б на Копа Америка. Бразил, кој поведе со голот на Жадсон во 29. минута, одигра уште една бледа партија по онаа со Венецуела. Стрелци на головите за Парагвај беа Роке Санта Круз во 55. минута (тоа е негов рекорден 25. гол во 85. настапи за репрезентацијата - толку има и Кардозо) и Валдез во 67. мин. Како и да е, Бразил се држи во свои раце. Во последното коло петкратниот светски првак ќе треба да го победи Еквадор и неговиот настап во четвртфиналето нема да дојде во прашање. |