Број 3627  понеделник, 11 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Протест на „Ајдуци“ за посилна Беласица

Прекинат контролниот меч со Осогово

СТРУМИЦА - Членови на навивачката група „Ајдуци“ и поранешни фудбалери на Беласица преку протест побараа струмичкиот второлигаш да се врати на некогашните славни патеки, а сопственикот на клубот Перо Мишевски да го напушти кормилото. Со голем транспарент на кој беше испишано „Струмица сака силна Беласица“, протестантите прво се собраа на новиот градски плоштад, а потоа се упатија кон стадионот „Младост“, за таму да го искажат своето незадоволство. Тие се незадоволни што Беласица осма сезона по ред ќе настапува во Втора лига, а протестот го поддржаа и поранешни фудбалери од генерацијата на Горан Пандев.

„Даваме целосна поддршка од сите поранешни фудбалери на Беласица од генерацијата на Пандев, Попов, Балдовалиев и другите. Сите се приклучуваме кон овој протест и сите сме заедно со „Ајдуците“. Сите сакаме да престане самоволието на Мишевски. Беласица заслужува полни трибини, заслужува Прва лига. Клубот заслужува да го води човек што ќе вложува во него“, рече поранешниот фудбалер на Беласица, Дени Масев.

По влегувањето на стадионот, мирниот протест доби други размери, откако дел од протестантите почнаа да фрлаат предмети на теренот, каде што се играше пријателски натпревар меѓу Беласица и Осогово од Кочани. Потоа влегоа на теренот, прескокнувајќи ја оградата, и го прекинаа натпреварот.

За сопственикот на Беласица, протестите на навивачите не се оправдани, бидејќи струмичкиот второлигаш е во негова сопственост: „Тоа што го бараат навивачите ниту е оправдано, ниту е етички. Ако тие се навивачи, нема да го прават тоа. Ќе дојдат на трибините и ќе навиваат како вистински љубители на фудбалот. Беласица е приватен фудбалски клуб. Значи, Беласица е мој клуб, а не на навивачите“. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 778 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Стартува проектот Литванија
Квартет пред целта во трката за селектор
Фред го спаси Бразил од пораз против Парагвај
Алонсо најдобар во Силверстоун
Осим зборувал со Тадиќ за Балканска лига
Болт лесно во Париз, Гетлин прв во Мадрид
Ракометарките 10., ракометарите 12. во Европа
Ѓоковиќ поразен во првиот меч по Вимблдон
Хусховд не ја дава жолтата маичка
Тетекс, конечно, на тренинг

"""