Стартува проектот Литванија
Денеска прв собир на кошаркарската репрезентација, која во септември ја очекува Европскиот шампионат
Наум Котевски
Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска во 11 часот во салата „Борис Трајковски“ ги отвора подготовките за претстојното Европско првенство во Литванија. Селекторот Марин Докузовски очекува сите повикани кошаркари да се појават на зборното место, освен плејмејкерите на Монтепаски и на Олимпија, Бо Лестер Мекејлеб и Владо Илиевски, кои поради подолгата клупска сезона ќе се приклучат на подготовките во Охрид.
Докузовски објави поширок список од 24 кошаркари, но со тренинзите во Скопје треба да почнат 16 од нив, вклучувајќи ги и споменатите Илиевски и Мекејлеб. Станува збор за Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Предраг Самарџиски, Ѓорѓи Чековски, Кирил Николовски, Ристе Стефанов, Дарко Соколов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Златко Гоцевски, Ивица Димчевски, Димитар Мираковски и Александар Костоски.
„По краткиот одмор, сите кошаркари треба сериозно да ги насочат мислите кон Литванија. Како што се договоривме денеска во „Борис Трајковски“ треба сите да се собереме и да ги почнеме подготовките. Мекејлеб и Иливски најавија дека ќе задоцнат и тука нема проблем“, ни изјави директорот на репрезентацијата Врбица Стефанов.
Националниот тим една недела ќе биде во Скопје, потоа на 17 јули заминува на подготовки во Охрид, по што ќе одигра серија пријателски натпревари во Словенија и во Италија.
Еврошампионатот почнува на 31 август, а нашата репрезентација се наоѓа во групата со Црна Гора (прв наш противник), БиХ, Грција, Хрватска и еден квалификант.
ПокраJ Партизан, и ОлимпиJaкос и Панатиникос во СкопJе?
МЗТ Скопје од сезоната 2012/2013 би можел да игра во Јадранската лига со најсилните европски клубови. Покрај Партизан и Макаби, можно е и двата грчки гиганти Олимпијакос и Панатинаикос да партиципираат во оваа лига.
Причината за тоа е финансиската криза во Грција, која ги натера спонзорите на двата клуба да побараат уште еден пазар.
Откако успеаја да се спасат од колапсот кој им беш предвидуван потребно им е многу поквалитетно натпреварување од домашното грчко првенство, за да можат да го задржат високиот статус во кошарката.
Од друга страна, управата на Јадранската лига ќе биде презадоволна што може да вклучи вакви големи имиња за продолжување на прогресот.
Викендов претседелот на Јадранската лига, Роман Лисац, потврди дека Макаби од наредната сезона ќе игра во оваа лига. Изреалскиот шампион потпишал договор на три години и покрај првичните најави дека ќе биде само една.
Дека Макаби сериозно и пристапува на Јадранската лига потврдува и последната информација која вели дека центарот на Њујорк, Амар Стадемаер, е пред преселба во Тел Авив. Поради локаутот во НБА лигата, Стадемаер е меѓу многуте кошаркари кои планираат да преминат во Европа, а центарот дури преку „Твитер“ побарал од своите фанови мислење дали треба да замине во Макаби.
Пораз на младинките од
ПортугалиJа на стартот на ЕП (Б)
Пред околу 500 гледачи во салата „Билјанини извори“ во Охрид, Македонија го загуби првиот натпревар од Португалија (58:72) на Европското првенство до 20 години Б дивизија.
Првиот кош го дадоа нашите девојки, но потоа следеше серија на Португалија од 16:0. Во продолжението имаше многу осцилации на двете страни, а резултатот се задржа на околу 10 поени разлика, иако имаше кратки периоди кога Португалија водеше со преку 20 поени, но и такви кога Македонија намалуваше на само четири коша минус. Во нашиот состав најефикасна беше Митрашиновиќ со 13 коша, а по неа следуваа Раденковиќ и Темелкова со по 10. |