|
|
|
|
|
|
Ѓоковиќ поразен во првиот меч по Вимблдон
Првиот настап на Новак Ѓоковиќ по освојувањето на вимблдонската круна заврши со разочарување кога тој и ненад Зимоњиќ не успеаја да и' го донесат победничкиот поен на бранителот на трофејот Србија во четврт-финалниот натпревар во Шведска. Шест дена откако го покори клубот „Ол Ингланд“, новиот светски рекет број еден можеше да ја круниса победата на Србија, откако неговите колеги Виктор Троицки и Јанко Типсаревиќ ги добија и двата сингла во воведниот натпреварувачки ден. Меѓутоа, Ѓоковиќ, кој не играше во петокот поради проблеми со коленото, во двојки со Зимоњиќ изгубија со 6-4, 7-6, 7-5 од Симон Аспелин и од Роберт Линдстед во Халмстад.
„Неверојатно. Ова е еден од оние мечеви за кои сонувате да ги добиете. Се сретнавме со еден од најдобрите светски играчи во двојки и со најдобриот тенисер во сингл, па би рекол дека ова е нашиот најдобар меч“, изјави Линдстед.
Франција во Штутгарт си го обезбеди пласманот во полуфиналето, откако Мишел Лодра и Жо-Вилфред Цонга ги победија Кристофер Кас и Филип Печнер со 7-6, 6-4, 6-4 за недостижно водство од 3:0 за деветкратниот освојувач на Дејвис купот.
Аргентина надмоќно влезе меѓу четирите најдобри нации со максимална победа над Казахстан во мечот на двете земји што никогаш не го освоиле ова натпреварување. |
#
|
Статијата е прочитана 1397 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 11.07.2011 08:24:16 |
|
Vo dubl,Gokovik porazen!Ne e senzacija,koga retko igra
vo dubl.Senzacija e ako izgubi,vo momentot ubedlivo
najdobriot svetski igrac vo singl i toa protiv sekoj teni-
ser,osven Nadal,Federer,Marej... |
|
|
|
|
|
|
|
|