Фудбалски вести
Осим зборувал со Тадиќ за Балканска лига
Бившиот селектор на некогашната југословенска репрезентација. Ивица Осим. изјави дека се сретнал со претседателот на Србија, Борис Тадиќ, со кого разговарал за можното формирање балканска лига. Осим смета дека таквата лига ќе даде голем придонес за развојот на фудбалот во регионот.
„Тоа би требало да биде европска идеја, посебно доколку УЕФА и ФИФА се позанимаваат со тоа. Фудбалот би добил многу“, кажа Осим, кој додаде дека луѓето успехот на регионалната лига го гледаат во количината на парите што треба да се вложат во организацијата. „Мислам дека фудбалот во овој случај би добил како игра. И пари би имало, во тоа нема сомнеж“.
Снајдер доаѓа во Манчестер Јунајтед, Агеро во Сити
Ако се суди според пишувањата на британскиот печат, во Манчестер ќе живеат двајца нови фантастични фудбалери: Јунајтед се засилува со холандскиот репрезентативец Весли Снајдер, а градскиот ривал Сити го носи Серхио Агеро од Атлетико Мадрид. Јунајтед би требало да ��лати 35 милиони фунти за Снајдер, а Сити 40 милиони за Аргентинецот.
Снајдер на „Олд трафорд“, каде што нови станари веќе се Де Геа, Фил Џонс и Ешли Јанг, ќе заработува како и во Интер - по 191.000 евра неделно.
Бензема или Игуаин и 25 млн. евра за Тевез! Управата на Реал е подготвена да се откаже од еден од двајцата свои напаѓачи Карим Бензема или Гонзало Игуаин и плус да додаде 25 милиони евра за да го добие Карлос Тевез од Сити. Тренерот на мадриѓаните, Жозе Мурињо, е тој што стои зад оваа интересна понуда, бидејќи „живее“ да ги поврзе во нападот Роналдо и Тевез.
Рома ја доведе младата Ѕвезда на Ривер Плата, ламела Денеска се очекува Рома да го официјализира договорот со младиот 19-годишен офанзивен среден играч од Ривер Плата, Ерик Ламела. Елегантниот левоног фудбалер треба да потпише петгодишен договор, вкупно вреден шест милиони евра. Медиумите во Италија пишуваат дека Рома ќе треба да му плати на неговиот досегашен клуб астрономски 20 милиони евра отштета.
|