Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Си велам...

Колку чини грчкото „не“

Ерол Ризаов

Инвестиции од повеќе милијарди долари би ја направиле Македонија значајна за големите сили

На грчки „не“ на македонски значи „да“. Македонското „да“ Грците секогаш го слушаат како „охи“, што на грчки значи „не“. Грчкото „не“ Македонците го разбираат само како своето „не“. Оваа игра на зборови и во буквално значење најдобро го отсликува лавиринтот низ кој талкаат двата соседа низ целото свое минато и сегашност. Лавиринтот е грчки, бидејќи Грција го наметна непостојниот проблем како национално прашање број 1, а Македонија влета во него боса по трње. Разликата е во тоа што итрите Елини го знаат излезот, но со своето „не“ впрегнувајќи го зад себе национализмот и шовинизмот што на Балканот никогаш не е тешко, ја одредуваат иднината на Република Македонија и на два милиона нејзини граѓани.

Македонија е се' поосамен тркач на патеката за Брисел. Наместо инает и дебати за античкото наследство, што ги влошува односите со Грција, неопходно е сериозно да се размислува како да се отстрани грчката блокада. Македонија мора нешто да им понуди на големите сили, но и на соседна Грција. Што е тоа, а да не се повреди националното достоинство и гордост. Постои едно единствено, но скапо решение: кога Владата би обезбедила повеќе милијарди долари за изградба на инфраструктурата во земјата, што и онака мора да го направи, тоа би бил елегантен излез двете страни да се чувствуваат како победници. Дали се исплатува такво големо задолжување.

Големите и моќни играчи засега не гледаат посебен интерес да се судрат со, сепак, влијателната Грција и да извршат пресуден притисок праведно да се разреши најглупавиот меѓународен правен спор од 20 век пренесен во 21. Својата ��равда Македонија не може да ја истурка самата. Што може во ваква ситуација да прави една мала сиромашна држава која ја освојува демократијата, соочена со затворени патишта кон евроатлантските интеграции кои се единствената нејзина надеж за просперитет, соочена со изолација и, што е можеби најстрашно, со драматични последици од светската економска криза. Меѓу најсиромашните земји во Европа, Македонија од кризата ќе излезе уште посиромашна и политички понестабилна. Тоа е потврдено правило. По сите светски кризи, сиромашните стануваат посиромашни. Тие ќе го платат гревот на богатите.

Навистина што, во едни такви неповолни историски околности, и' преостанува на Македонија и на нејзината политичка елита, а притоа да го зачува достоинството и на својот народ да му овозможи развој и просперитетна иднина. Нема друго решение освен да ја прифати стратегијата која секогаш дава резултати. А тоа е јазикот што го разбираат сите. Парите. За кои високата политика дала многу пософистицирано име - интересите. Има ли Македонија што да им понуди на најмоќните Америка, Русија, Франција, Германија, Англија... Колку ќе чини грчкото „да“ или „не“, сеедно. Треба да се тргне по патот на нашиот противник кој успешно не' блокира. Грција веќе за таа намена потроши неколку милијарди долари купувајќи оружје од Русија и од Франција, а веројатно некои интереси ќе се совпаднат и со Америка, Англија и со Германија.


Македонија е се' поосамен тркач на патеката за Брисел. Наместо инает и дебати за античкото наследство, што ги влошува односите со Грција, неопходно е сериозно да се размислува како да се отстрани грчката блокада

Република Македонија мора да го реши своето стратегиско прашање на развојот со енергетиката, патиштата и железницата. Исто така, мора како предуслов за влез во Европската унија да реши повеќе сериозни проблеми во секторот на екологијата. Според некои пресметки, вкупните инвестиции за таа намена во наредните две децении, се разбира, доколку се остварат, Македонија ќе ја чинат повеќе од 20 милијарди долари. Дали Македонија може да се задолжи со толку пари е едно од клучните прашања и уште поважно, ако не и најважно, дали ќе може да го сервисира тој долг со вакво стопанство и со оваа динамика на развој. Износот на долгот може да биде поднослив ако правилно се инвестираат парите во инфраструктурата која ќе ги отвори вратите на домашните и на странските инвестиции. Економистите се категорични дека тоа не е можно, гледајќи, егзактно, од денешен аспект и сметајќи на светската криза. Меѓутоа, сите се согласни дека најстабилен и стратегиски најсигурен извор на енергија е сопствена нуклеарка, гасовод и нафтовод, изградбата на десетина брани на Вардар со таканаречени реверзибилни централи и исто толку акумулации што можеби е најсилниот македонски адут од кој Грците стравуваат. Тие вршат и ќе вршат силен притисок да не се реализира одамна заборавениот проект „Вардарска долина“. Ако Французите, на пример, го добијат овој грандиозен градежен проект, а руските или американските компании заедно со македонските се ангажирани во изградбата на македонската нуклеарка, гасовод и нафтовод, и уште неколку стотици километри автопат и осовременување на македонските железници во повеќе стотици километри, неколку поголеми брани и педесетина мали акумулации и хидроцентрали, стотина пречистителни станици на отпадни и атмосферски води што се' заедно се големи инвестиции дури и за една веќе средно задолжена европска земја, ја прават Македонија примамлива за светските интереси. Македонија само така ќе има силни адути што е можно побрзо да се вклучи во евроатлантските интеграции.

Значи, останува клучното прашање како Македонија да ги обезбеди овие пари и како да го поднесе тој товар. Одговорот е повторно во самата Македонија и во Европа и во светските финансиски институции ММФ и Светска банка кој не дозволуваат презадолжување, но, прво ќе треба да ги вратиме назад, бидејќи непромислено ги откачивме. Деновиве ММФ ќе добие финансиска инекција од 500 милијарди долари од големите сили за поддршка на земјите погодени од светската економска криза. Самиот тој податок треба да биде аларм за Владата да се врати ММФ. Но, пред тоа мора да се сфати дека првиот предуслов е политичка стабилност и развојот на демократските процеси. Затоа мора да му се покаже на светот дека Македонија гради демократско општество. Тоа е можно доколку радикално се сменат односите меѓу политичките партии кои, за жал, перманентно се влошуваат. Само така Македонија, барајќи излез за своите стратегиски развојни планови може сето тоа да го употреби како голем адут во односите со големите светски сили и да стане примамлив регион за нивните интереси, а со тоа да ја деблокира Грција прифаќајќи достоинствен компромис.

Истовремено, Македонија и спрема соседите ќе мора радикално да ја промени својата политика како што сите го правеа тоа кога беа на патот кон Европа. Секоја од новопримените членки во Европската унија мораше за некои клучни прашања да им попушти на соседите дури и за некои историски наследени проблеми за кои се мислеше дека е невозможно да се направат отстапки.

Прво, неопходно е да престанеме со мешање на политиката во науката. На соседите можеме безболно веднаш да им понудиме дека споровите околу историското наследство го препуштаме на светската научна мисла. Нека пишуваат светските и балканските историчари, како што тоа го прават и досега за античкото потекло, за Западното и Источното Римско Царство, за преселбата на народите и нивното мешање. Македонија нема ништо спорно во својата историја во целиот 19 и 20 век, кога и сите европски народи ги формираат своите национални држави. Нема ништо спорно ни со средниот век во делот на доселувањето на Јужните Словени и нивното војување, но и мешање со народите на Византија. Да се држиме до тоа. Тоа е доволно за гордост на секоја нација. Со еден ваков научен и достоинствен став можеме многу да добиеме, бидејќи светската историја и наука е многу поскептична спрема самопрогласените наследници на цивилизациите пред нашата ера.

Ова е време за храбри државници и големи одлуки. Лесно е да се заведе сопствениот народ со разубавување на минатото. Тешко е да се трасира иднината. Само просперитетот на земјата, стандардот на граѓаните и европеизацијата се вистинска мерка за успешноста на политиката. Се' друго е гола борба за превласт и привилегии.


Статијата е прочитана 2554 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 26.02.2009 20:09:20
Ероле ваквите анализи се научна фантастика во Македонија. Буквално сите досегашни влади (и на СДСМ и на ДПМНЕ) отсекогаш размислувале од денес за утре. Моменталнава влада е шампион во кусогледоста.
Од: pk-canada
Датум: 27.02.2009 00:22:46
Makedonija bese na dobar pat da se resi sporot, i da se trgne napred, imase polna kasa pari sto trebase pametno da se investriraat i na toj nacin da se zajakne drzavata. Ne gi opravduvam predhodnite vladi site pravele i dobri i losi potezi, demokratijata bese vo zacetok, no sega da se pravat vakvi gluposti e nedopustivo.Citam deka ovaa godina ce se potrosat 20 milioni evra za arheoloski iskopuvanja.Kakov apsurd, nevidena rabota.I so gordost istaknuvaat deka nikoja vlada dosega ne potrosila tolku za taa namena.Pa normalno e deka nema smisla da se trosi tolku vo vakvo vreme za takva rabota.Toa e samo eden mal primer za toa zosto sme na ova nivo na koe sme, a mozebi i malku ni e
Од: Makedonec vo EU
Датум: 27.02.2009 00:28:12
Sto ke mu e EU na ovcarot? Si ima ovci, si gi molze, dosta mu se.
Од: Cuden son
Датум: 27.02.2009 00:32:20
G-dine Erol, sto vi stana?! Predlagate da Makedonija vo izgradba na energetski kapaciteti i infrastruktura se zadolzela 20 milijardi dolari!? Ehej , a kaj ce najdeme tolku ludi finansieri da na edna siromasna zemja od 2 miliona ziteli i odobrat tolkavi zaemi. Pa vie nesto ste pobrkale. da ne mislite deka nie sme Brazil ili Argentina? Pa tie krediti treba da se otplacaat so debeli kamati. A dali edna Makedonija e mocna da gi otplaca tie i tolkavi anuiteti , ili ce proglasi bankrot. Jas Ve cenam kako seriozen novinar ,koj sekogas iznesuvase izdrzani stavovi.Ako pa mislite tie proekti da im gi dademe da gi izveduvaat i da bidat sopstvenici spomenatite golemi zemji, togas ja stavame Makedonija vo polukolonijalen ili kolonijalen odnos.Navistina ne znam sto vi stana?!
Од: Red Rose: Alternativa na inaetliviot
Датум: 27.02.2009 01:02:29
Toa treba da im go dobie Makedonija od svoite gragjani,a potoa da mu ja ponudi i na svetot kako izbor na pametnite.So rigidniot i neprijatelski stav kon konkurentskite politichki partii na inaetliviot Premier takvata alternativa stanuva se poneophodna i vremeto za nejzino sto poskoro realiziranje e se poskapo kako krajna rezultanta.Vo funkcija na "borbata za gola vlast i privilegii" e zhrtvuvana idninata i na segashnata i idnbite generacii.Ne e optimistichna realnosta shto ni se servitra i idninata shto se ga se trasira.Dobronamerni i struchno elaborirani vi se preporakite,no ,adresata kon koja se upateni i od kade edinstveno mozhe da se napravi prviot chekor za nash prosperitet e so pogreshen broj.Ednostavno."nisu odavde" shto bi rekol Frchko.Ama , se mnogu "tuka" koga treba da si gi ostvarat lichnite interesi(politichki i materijalni).Site dosegashni soveti i dobronamernii ukazhuvanja od domashni i stranski eksperti bea kako zvonenje na pogreshna vrata.Vashite kje imaat ista sudbina
Од: Ace od Avstralija
Датум: 27.02.2009 01:18:52
Koj gi poznava Grcite koj si imal rabota so niv, znae deka duri i imeto da go smenime vo " Ciganija " nema da ima air a i ni centa od milijadite.Zosto Erol sekoj vikend izmisluvas i pravis problemi koi ti licno ne gi osecas i memaat vrska so tebe ?Moj sovet - pisuvaj za Kiparskiot problem i kako Turcin brani gi Grcite i nivnite " milijardi, i nema da dobies NE ili OHI, tuku JOK.
Од: aj pak jas
Датум: 27.02.2009 01:36:55
Pametno razmisluvanje samo ne gledam deka nesto vakvo ke se sluci vo skora idnina. Tesko e da se zivee vo vreme na mali mozoci (zaradi partiskite perenja) i golemi slucuvanja. Trebase odamna da svatat deka bez jaka ekonomija nie sme samo edna dupka na balkanot i nikoj nema da obrakja vnimanie na nas. Da imavme umni politicati odamna ke bevme Eldorado na balkanot i vo Evropa no zaradi zasituvanje na svoite ega (so vlast i finansiski ) politicarive zaboravija na zemjata. Sto bese lesno i malku pred nekoja godina denes e vekje nepremostiv problem a ke bide i se potesko vo idnina. Se nadevam deka eden ubav den ke dojde na vlast politicar koj ke i sluzi na ovaa zemja ( ne kako dosegasnive ne koi zemjava im sluzese za nivnite potrebi) pa seto ova ke bide samo los son. Pozdravi do site nepartiski vrzani gragjani vo mojata Makedonija
Од: cd
Датум: 27.02.2009 02:49:27
e ebiga Erol !!!!!! jas sum anticki !!!!
Од: d-dorf
Датум: 27.02.2009 02:56:58
Pocituvani Erole ja dodavam kopija od tvojata statija, namerno, osobeno za onie sto ke mavat so drvja i kamenje po tebe i ke te proglasuvat za NE Makedonec. Toe e nivno pravo i nivnoto slepilo vo ocite i malite umovite.Denesnata statija neka bide kako patokaz na ostanatite (kvazi) novinarcinja, sto ne razmisluvat i ne pisuvat so svoite umovi , tuku izvrsuvaat nardbi na CAUSITE sto gi plakat. Ова е време за храбри државници и големи одлуки. Лесно е да се заведе сопствениот народ со разубавување на минатото. Тешко е да се трасира иднината. Само просперитетот на земјата, стандардот на граѓаните и европеизацијата се вистинска мерка за успешноста на политиката. Се' друго е гола борба за превласт и привилегии. I SAMO TAKA SE STIGNUVA DO KRAJOT, NA MK-te MAKI.
Од: mitko za vistinata i lagata
Датум: 27.02.2009 03:02:11
Da, ova e vreme na hrabri drzavnici i odluki. Ama koj e takov vo ovaa Vlada? Kolku takvi luge se javile vo ovaa jadna Makedonija od nejzinata samostojnost? So vlosuvanjeto na zivotnite uslovi ke se zasili i proceso na Bukefalizacija. So nea narodot ke ni stane celosno mizeren i nesposoben da odi vo idninata, zatoa sto lagata ke mu stane vistina a vistinata laga. I popametni narodi od ovoj vo takva sostojba bi se izgubile.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 27.02.2009 03:12:43
E moj Erole… Edna nedela pisuvas vaka, druga pak onaka. Covek ne moze krajot da ti go najde. Se soglasuvam so poveketo od tvoite konstatacii izneseni vo denesnoto tvoe obrakanje do javnosta, megutoa ti zabelezuvam sto nemas izgradeno pocvrst stav po odnos na odredeni prasanja. Najprvin, mislam deka ti e kristalno jasno oti sto gode nie da prifatime kako kompromis Grcija ke go odbie, i toa nasiot sosed veke go pokaza vo poveke navrati. Za zal grckoto opstestvo po odnos na odredeni prasanja e se uste vo 19-ot vek, kolku i da izgleda moderno. Za Grcija problem e i ke ostane makedonskiot identitet a ne imeto na nasata drzava, i smetam deka tuka ne treba da se zalazuvame. Sto se odnesuva do pozelnite investicii, tuka potpolno se soglasuvam so tebe, no vo toj pravec razmisluvav uste pred desetina godini koga i ja napustiv Makedonija. Se uste mislam deka Makedonija ke pomine podobro dokolku se zadolzi sto e mozno poveke, no tie sredstva da se investiraat vo sustestveni proekti.
Од: Eli
Датум: 27.02.2009 03:37:43
Kako i sekogas, vo potpolnost se soglasuvam so stavovite na ovoj nas vrven novinar. Cestitam za analizata i ukazuvanjata. Vi posakuvam ubav den
Од: ff@
Датум: 27.02.2009 04:00:14
I ovoj teskt i onoj na Kramarska se ziva katasrtofa nova FABRIKA i sl. ..Trgedijata e sto ovie kvazinovinari nesto da pocnat da pisuvaa za fasistickata politika na Atina tie si ja napagaat sopstvenata vlada i ja obvinuvaat za izolacija i antizacija...No sto mozes da ocekuvas od novinari sto e prakticno portparoli na sdsm...I uste nesto kakva e istorijata ne Makedonija i koi sme i od kade sme toa e nas problem a ne na novinari od tipot na Rizaov koi i ne e Makedonec tuku Turcin taka da toj nema sto da pisuva za moja istorija
Од: MIKI
Датум: 27.02.2009 04:32:43
za kakov komprmis zboruvas coveku pa tie ne mnozat so nula ne sakaat da postoime,uste li ne ti e jasno.
Од: babana@baba
Датум: 27.02.2009 04:48:14
Od ovoj tekst zakluchiv deka Grcite se chustvuvaat losho , zaradi nasheto postoenje . Vo inters na idnite generacii avtorot ni predlaga da ne postoime povekje - da se otkazzime samite od sebe i na toj nachin da im prepushtime na istoricharite, kako toj veli vo svoite zvrshni rechenici, da pishuvaat za nas deka nekogash sme postoele. Otkazzuvajki se od samite sebe si kje vlezeme vo edna svetla idnina - ni sugerira avtorot- vo koja standardot na zziveenje dramatichno kje ni se zgolemi blagodarenie na tugji pari - na onie od mmf, francija, neznam rusija, itn - a plus kje vlezeme vo evrointegrativnite procesi ( no ne kako makedonci bidejki toj zbor mnogu gi nervira Grcite ) i taka kje se transformirame vo evropska nacija i toa ne bilo kakva tuku edna bogata nacija koja postojano kje zzivee vo mir i blagosostojba.
Од: 09
Датум: 27.02.2009 05:13:15
Убав коментар али едно кажуваш друго работиш ти и твоите црвени,вие сте тие што го делите народот во антички и словени,ние сите сне само МАКЕДОНЦИ Ероле тоа треба да го имате ти и твојот Бранко и Врчко
Од: Vlado Perth
Датум: 27.02.2009 05:21:25
Mnogu dobra analiza no za zal momentalno nema politicka strukrura koja moze ovaa ideja da ja razraboti.I ednite i drugite se za nikade si gi gledaat svoite partiski i licni interesi .nevelam deka ne e dobro da se gradat spomenici i crkvi no vo ovoj moment treba finasiskite sredstva da se upotrebat poracionalno za dobroto na site.Sepak mora na G.Rizaov da mu se cestita na ovoj komentar na ovie idei makar i da izgledaat tesko ostvarlivi.
Од: tomislav Ristoski
Датум: 27.02.2009 06:24:09
si velam: a da mu sugeriram na avtorot ,pokraj super zalozhbite od krajot na analizata, i da ja imenuva redovno nashata drzhava so nejzinoto ustavno ime - Republika Makedonija, namesto so Makedonija (poshirok regionalen termin), shto mozhe i da se koristi pred svetot vo sporot so imeto.
Од: pameten
Датум: 27.02.2009 06:28:33
Vo sredniot vek narodite ne se fornirale od pleminja, toku od drzhavi. "Словени и нивното војување, но и мешање со народите на Византија" stanalo vo ramkite na Bugarskata drzhava. Taka se formiral Bugarskiot narod! Prerodbata vo 19 i pochetokot na 20 vek imala "Bugarska oznaka". Na del od togashniot Bugarski narod ne mu bilo dozvoleno da se pripoi kon moderna Bugarija. Toj imal druga evolucija. Se formiral Makedonskiot narod! Ova e vistinata shto svetot znae za nas. Koga i nie ja prifatime, site problemi so identitetot kje se rashat prekonokj!
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.02.2009 06:38:29
Interesno e toa sto ovie denovi gledame i slusame identicni stavovi po odnos na imeto kaj dvata do vcera nepomirlivi protivnici Branko i Ljubco.Toa go smetam za uste edna potvrda na ispravnosta na vladinata politika po ova prasanje.Edno ime imame i nikomu ne go davame.Da zivee Makedonija!
Од: бугарин1
Датум: 27.02.2009 07:25:11
Глеj ти.....и сред македонците имало ак'лиj ора!
Од: Лавица
Датум: 27.02.2009 07:53:34
Г-не Ризаов, прашањето од насловот ви е погрешно. Требало да прашате - Колку чини грчкото „ДА“, односно колку пари им ветиле грците на некои наши политичари да ни го продадат името.
Од: Коелга
Датум: 27.02.2009 08:14:54
Можете да си замислите каков сон сонувал г-динот Ерол Ризаов, пропаднат историчар но новинар, добар или лош нека судат читателите. Вероватно сте слушнале г-дине Ризаов што е УТОПИЈА. Ослободете се, дојдете мегу народот, дојдете во радивишко од каде потекнувате, да ви ги дадам моите очи и да ја видте ���реалноста.“ Но умот не ви го давам, тој е од господа.
Од: ed
Датум: 27.02.2009 08:26:06
Dobra statija. Ne veruvam deka investiciite vo infrastrukturata i energetikata ke pomognat vo resavanjeto na sporot so grcite, no sekako deka se vrven prioritet za razvoj na Makedonija.
Од: aco
Датум: 27.02.2009 08:34:19
гладна кокошка просо сонува
Од: Nikolaj II
Датум: 27.02.2009 08:59:10
Се е на место, наполно се сложувам, ама дали ќе го сватат ова ВМРО-вските лајачи кои се учени само да делат бумбари кај Тања бумбарката...Политика со инает не се води, на децата од Владата им треба искуство, а тоа го немаат и ќе го немаат... јагурина се...а Македонија страда...
Од: Gospod
Датум: 27.02.2009 09:53:41
Ma Makedonija i treba antikata - mnogu. Od vremeto na Aristotel e razviena RETORIKATA. Naukata za umetnosta na ubeduvanjeto. Umetnosta na govorot e (ne na nisko nivo) ispod sekoja kritika vo segashnosta, kako vo M taka i vo G. Citajte debata za demokratija na Sicilija 400 g pred Hristos. Vo Makedonskiot tim se oseca potreba od prisustvo na zena pa i povece zeni. Mlada makedonka/-i koja ja vladee retorikata i moza da parira na Todorka i Hillary. Seto toa naveduva deka M tapka vo mesto so gasenje na pozarcinja. Proaktivnoto rabotenje e poefektivno ama treba da se planira i misli. :-) Ne e receno bez pricina deka: Djavolot ne spie. Toj raboti i denje i noce. Nekoi se prashuvaat dali Erol e vo sorabotka so djavolot i i ja potkopuva idninata na Makedonija ili pravi razdor za podobar rejting? Kolku li imash do penzija.
Од: agrijan
Датум: 27.02.2009 09:56:34
ova e prekrasen primer mislam i realen kako da izlezeme od ovoj lavirint so imeto em makedonija ke dobie kapitalni investicii za vo idnina samo treba hrabrost kako vo pesnata, koj ke ja propadi cumata od makedonija, sepak vo ovoj moment makedonija nema takvi politicari od takov kov koi bi napravile dobro za sebe i drzavata. Poz do erol go znam od Nova Makedonija
Од: итар пејо,вратисе
Датум: 27.02.2009 10:03:40
не знаеме да играме за понадвор,тоа е проблемот,а имаме многу добар пример од дома,Имено,заминиси како технолошки вишок со 24 плати,завршиси некоја работа и пак вратисе наработа и тоа на исто работно место,и тоа пред двете години.Политика си е политика ама изгледа само за подома си сме махери,а цел свет и понадвор си тера исто.Ние се правиме многу чесни.Надвор со крстот на чело,дома...
Од: М-р Коста Стоименовски
Датум: 27.02.2009 10:22:30
Поради ограничениот простор ќе се осврнам само на економските аспекти во написот. Предлогот за инвестирање на 20 милијарди евра/долари и нивно инвестирање е, навидум, добар, но, тоа е само пуста желба и илузија! Кој денес би и дал толкави пари на една несолвентна држава каква што е Македонија? Значењето на инфраструктурата е добра работа, но, нивната градба трае многу долго (а Македонија нема време за чекање) и бавно се исплатуваат! Македонија приоритет треба да даде на развојот на малите бизниси, со кои брзо би се ублажил горливиот проблем на невработеноста и би се зголемил девизниот прилив со извозот на храна, модни брендови текстил, чевли итн. Кина во времето на Мао Цетунг, со слоганот „Големиот скок“, градеше „челичарници во секое село“ но скокаше в место. Со реформите на Денг Сијао Пинг се активираа рацете на милијарда Кинези и еве ја Кина на патот кон економски најмоќна земја во светот!
Од: Ристе
Датум: 27.02.2009 10:24:12
Се согласувам дека сега ни се потребни храбри политичари. Но моментално тоа е тешко остварливо. Сега имаме едно мноооогу уплашено и ИНАЕТЛИВО премиерче кој за овие 3 години НИТУ ЕДНАШ не седнал да дебатира со некој кој мисли спротивно на него. А ако се додаде и неговиот кандидат кој исто така покажува СТРАВ од јавни соочувања и кој сам си кажува дека нема кичма и му треба космодиск, не можеме да оче��уваме никаква храброст за нешто повеќе.
Од: Panathinaikos
Датум: 27.02.2009 11:12:14
За да го продадете името треба прво да го имате.
Од: Bitolcanec
Датум: 27.02.2009 11:50:16
Kako shto pishuvash (a dosta vreme go pravish toa), poleka ama sigurno pochnuvash da svajkash koi, pametni i daleku sezhni planovi ima ova Vlada i toa ne od sega, nego ushte pred da dojdi na vlast. Zatoa i dojde, zoshto imaat lugjeto VIZIJA, pradi shto i bea izbarani od NAS, koi toa go vidovme, na prvite i votrite izbori . Se nadevam deka poleka, ama sigurno i tie shto nesakaat ke gi vidat tie vizii, zoshto ova Vlada raboti , ne ssedi i naprazno vreme ne gubi vo muabeti.
Од: milko
Датум: 27.02.2009 12:07:26
tekstov poveke mi lici kako da e delo na soros od kolku na makedonec.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 27.02.2009 12:18:28
Uste vo tekot na godinava MK ke dobie nova vlada!Ovaa e gotova.Ne mi trebaat anketi,za da dojdam do ovoj zaklucok.Dosta mi e da gi citam komentarive i ke prepoznavam edna jasna tendencija,deka podrzuvacite na DPMNE od den na den se namaluvaat.Ne gi opravdam SDSM-vladite 100%,no vo klucni momenti donesoa hrabri odluki bez koi denes MK mozebi i nemase da postoj.Na primer 1993 (FYROM)-koj znae sto ke se slucese so MK i dali bi ja priznale preku 120 zemii pod ustavnoto ime;1995:Spogodbata so GR-otstranuvanje na blokadite;Srbija bese uste pod UN-sankcii;BG i AL nemaa infrastruktura;2001:Spas za MK od planiranata megjuetnicka vojna na DPA i DPMNE so vlezot na SDSM vo vladata na nac.edinstvo!Navistina bile predavnici tie "Komunjarite";-).Nikolce stanuva se ponervozen i ima dosta pricini zasto!So pocit
Од: Стар внимателен читател
Датум: 27.02.2009 13:07:00
Реакциите на чуден Сон и на м-р Коста ми се повод да се јавам. Ако авторот самиот констатирал дека економистите се категорични против ваквото задолжување и ако дава објаснување за стратегиските планови во наредните години за инвестиции тогаш нр фер дасе критикува со неговите констатции. Една од малите балтички земји најави изградба на нуклеарка која ке се гради до 2025 година. Македонија не може да се развива без енергетика и инфраструктура значи пораката е ако веке мора да се потрошат повие пари во наредните две децении да се бира мудро кој ке ги гради. Тие големи корпорации влијаат на државните политики. Премиерите прво се договараат па потоа корпорациите. Затоа мислам дека авторот укажува да велесилите, а не на тендерчиња за лично богатење. Ако со големи проекти во Македонија влезат Франција, Русија Америка Германија и Англија ке се најде решение за името. Тоа сега се прави за наредните 20, 30 години. Правилно инвестирани пари си го вракаат долгот. Важно како ке ги потршиш.
Од: mile
Датум: 27.02.2009 14:06:42
Pocituvan G-ne, Redovno gi citam vasite kolumni, Vasite razmisluvanja , predlozi i stavovi vo vrska so dnevno- politickata situacija vo drzavat. Kamo sreca Makedonija da ima povece novinari od Vasiot mentalen i intelektualen sklop, luge hrabri, cesni i dokraj dosledni na novinarskata etika. Sekoj Vas zbor, recenica se taznata vistina za Makedonija, sekoja Vasa kolumna e vrv na novinarskiot zbor koj momentno vo nasata drzava e zatvoren vo temnite zandani na nasiot balkanski prostotilak, ocaj i nemoc. Site onie koi pisuvaat protiv Vas i Vasite razmisluvanja se luge- partiski poslusnici, so um i razmisluvanje na ednogodisno dete, luge slepi vo svojata suludost, glupost , moralna i materijalna izopacenost. Ne mozam da sfatam, kako ovie maalski falangi za sitni dnevnici, sedat pokraj kompjuterot i vece napisanite tekstovi za nasta slavna antika gi pracaat vo eter, ne mozejci da sfatat deka so toa ja unistuvaat sopstvenata idnina, idninata na svoite deca i pred se idninata na drzavata.
Од: taipov abdula-intelekrualec turcin
Датум: 27.02.2009 15:55:15
Gospodine Erol vo svojot dopis pocnuvas so ekonomija zavrsuvas so istorija ili se vrakas na "Istocnoto prasanje" od 19vek i kolku sto jas te razbrav pisuvas deka"na Grckoto ne RM vleta na nego bosa po trnje" tuka so toa dali ja napagjas vladeackata partija neznam. Jas mislam deka so ovkvi novinarski izjavi po utrinski vesnik ti i pravis reklama na Grcija a vo sprotivno moze i da se profitira bidejki Grcija moze i debelo da ve plati ili da dobiete viza expres(godisna) Ti kako novinar daj konkreten primer shto da pravi denesnata vlada?daj tvoj predlog koje ime da go prifati RM? Sprema tvoeto pisuvanje ke izleze kako da e Grcija super sila vo EU,kako da e cela Evropa zavisna od Grcija,bi sakal kako citatel da znam koji sili stojaat pozadi tebe posle tolku reklami na Grcija.
Од: realen
Датум: 27.02.2009 15:59:40
G. Erol'e ne znam za kogo pisuvas. Gledas od komonetarite deka groto se slepci na DPMNE. A sto se odnesuva za soveti, Grujo ne slusa nikogo osven negoviot ''pameten'' sovetnik Kuzman Pasko, covek koj nosi dva casovnika na edna raka. Edniot casovnik mu pokazuva Anticko a drugiot Vizantisko vreme. Sto se gleda deka covekot e vo korak so vremeto.
Од: carevoselec
Датум: 27.02.2009 16:26:40
Erole, ima raboti sto nemaat cena. Nesto sto ne se prodava, ne moze ni da se kupi. Ama bidejki Ti i tvoite mentori ste izvezbani dzamazi ke si prodadete i rodenata majka, a kamo li ime, vera , naxcija. Na tebe i takvite kako tebe nisto ne vi e sveto. Pari se pecalat erole,ama cesta,dostoinstvoto...Bog na pomos!

Најди! во Утрински
Насловна
Променетиот патриот Љубе Бошкоски сака пакт со народот
Лустрацијата опасно оружје во изборната пресметка
Лустрацијата почна инквизиторски
НБМ стега посилно - само добра плата за кредит
Македонија му се оддолжува на Трајковски
Пресудата за Скопје
Политиката ги здроби учениците во Струга
Бакојани од мисија во мисија за поддршка на грчките ставови
Три хипотези за паѓањето на турскиот „боинг“ во Амстердам
Црно-белиот свет
Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ