Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ПОРТРЕТ

Променетиот патриот Љубе Бошкоски сака пакт со народот

Нe крие дека е разочаран од водството на партијата, но тврди дека никогаш нема да се откаже од ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Дувњак

Кој е Брат Љубе? Македонски херој и патриот? Или политички циркусант, кој ќе ги направи претседатeлските избори забавни и ќе го подели традиционалното десничарско вмровско ткиво.

Независниот кандидат Љубе Бошкоски, кој прв ја објави кандидатурата за шеф на државата и ќе го носи бројот пет на гласачкото ливче за избор на четвртиот македонски претседател, е свесен за бројните контроверзии што ги предизвикува во македонската јавност. Разочаран е што неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, во чии редови е од 1990 година, не го поддржа во неговите претседателски амбиции. Сепак, очекува поддршка од сите граѓани, а најмногу од своите сопартијци. „Верувам дека тие пет-шест луѓе кои одлучија да не бидам нивен кандидат, ќе увидат дека згрешиле“.

Го замрзна членството во ВМРО-ДПМНЕ и потенцира дека нема намера да ја напушти оваа идеологија додека е жив. „За мене тоа се четири свети букви. Не се врзувам за луѓе и личности, туку за принципи“.

Последниве месеци популарниот Љубе Бошкоски се обидува од петни жили да покаже дека откако ја поминал хашката голгота, станал друга личност. Осознаен човек, кој цврсто гази на земјата и ги препознава вистинските проблеми на луѓето. „Нема право ни Љубе, ни Никола, ни Бранко, ни кој било да си игра со иднината на овој народ. Доста е веќе од ширење лажен патриотизам и од виртуелен свет на реклами. Треба да и' се погледне на вистината в очи и да се види колкава сиромаштија има во Македонија, колку невработени, апатични и разочарани луѓе!“

За саркастичните коментари упатени на негова сметка, помалку иронично возвраќа: „Јас би гласал за цирку��ант, кој е подготвен да го даде својот живот за државата и кој ќе ја внесе Македонија во НАТО и во ЕУ“. И уште додава: „Лесно е да се биде политичар и да се гледа и да се сака Македонија од удобната професорска фотелја, а многу потешко, но пореално, од неудобната хашка ќелија два на два“.

Помалку претенциозно вели дека за овие избори склучил пакт со народот. „Моето повторно враќање во политиката се должи на народот, кој од мене побара да се кандидирам на изборите. Можеби не сум најинтелигентниот, најталентираниот политичар, но имам разбирање за моите граѓани. Тоа е мојот мотив за враќање во политиката“.

На што се должи ваквата радикална промена во ставовите и однесувањето на оваа необична политичка фигура на македонската политичка сцена?



Како се случи човекот кој во првите години во медиумите потсмешливо се нарекуваше „слаткарот од Хрватска“ да стане еден од најсериозните претенденти за освојување на претседателската фотелја? Навидум симпатичен лик, препознатлив по својата срдечна насмевка и едноставноста во пристапот, кој на сите анкети на јавното мислење редовно е меѓу првите тројца според висината на рејтингот. Хашки повратник,чии говори и изјави секогаш изгледаат помалку театрално и патетично, токму поради специфичниот стил на изразување, во кој има многу драматика, поезија и големи зборови. Посебно е омилен во македонската дијаспора.

Некогашната воинствена реторика во последно време ја замени со гранка од маслина. Повикува на единство, на соживот меѓу различните етнички заедници, на политичка прагма во решавањето на проблемите со името. Бара историјата да им се остави на историчарите и да се свртиме кон иднината. Ваквиот негов проблесок за некого е израз на длабока искреност, за други наместена поза. И додека едни го величат, други го гледаат со голема скепса и го доживуваат како опасен човек, кој носи темни дамки во биографијата.

По шест години истрага, четири години притвор во Шевенинген и една година траење на судскиот процес за воени злосторства, минатото лето беше ослободен од вина и, барем засега, успешно го затвори хашкото поглавје за случајот „Љуботен“. Судското досие за „Раштански Лозја“ се' уште е отворено во Пула. На последното рочиште, на кое требаше да се испитува неговата одговорност за убиството на шестемина Пакистанци во март 2002 година, не се појави, а следното е закажано за наесен. Допрва ќе треба да се утврди дали стануваше збор за опасни терористи на Ал Каеда кои планираа да кренат во воздух неколку странски амбасади во земјава. Или, пак, за сиромашни емигранти кои беа на пат кон Грција, а трагично ја завршија својата судбина како колатерална штета за импресионирање на светската јавност во заедничката борба против глобалниот тероризам.

Речиси и не постои личност од поновата македонска историја кој е повеќе присутен на Интернет-порталите, на блогерските форуми, на виртуелните социјални страници, каде што неговите верни фанови нудат цело богатство негови фотографии, видеоклипови, песни посвети на Љубе војводата, места за поддршка и дружење...

Љубе Бошкоски е роден 1960 година во тетовското село Челопек. По професија дипломиран правник, кој по завршувањето на студиите на скопскиот факултет, во средината на осумдесеттите години, заминува во Хрватска за да му се придружи на својот татко Панче, гастарбајтер, сега покоен. Кусо време ќе работи како приправник во суд и како агент во едно осигурително друштво. На местото на старата куќа на имотот во Истра, ќе изгради прекрасен дом во камен со ресторан во приземјето и апартмани. Вилата „Ката“, наречена по неговата мајка, и ресторанот „Лав“ долго време ќе бидат сврталиште за македонските намерници, но и за странски туристи. Хрватското државјанство го доби во 1993 година по женидбата со Виолета, хрватска државјанка по потекло од Македонија. Со тивката животна партнерка, русокосата Летка, трите деца Катерина, Филип и Панче, ќе ги дели сите животни Сцили и Харибди во кои има многу подеми и падови, тага и радост.

На македонската политичка сцена зачекори по победата на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година како карикатурална верзија на Елиот Нес. Облечен со црн мантил и шешир, заедно со Пане Велев, сега покоен, правеше упади по фирмите. За тоа каубојско време, кога беше втор човек на ДБК, од оваа временска дистанца, вели дека брзо сфатил дека така не се води битката со криминалот и корупцијата. „Јас сум човек кој знае да каже - згрешив. Им се извинив на семејствата за упадите во фирмите, за неоправданите стресови што ги приредува��ме додека луѓето ги влечкавме со лисици на раце и пред камерите. Се однесувавме како од нас да почнува светот. Бевме и судии и обвинители“. Не му се допаѓа тоа што неговите наследници од ВМРО-ДПМНЕ ја продолжуваат истата ретроградна практика.



Човекот што љуби сликање и камери, дружби со новинари и музички ѕвезди, за време на воената криза во 2001 година, кога беше на местото министер за внатрешни работи, од домашната и од меѓународната јавност беше доживеан како тврд националист. Се' уште се живи сеќавањата за неговите гафови, непримерни изјави, инцидентите, кога не ретко поради потребата секогаш да биде на вистинското место, но и поради потребата од самореклама, знаеше да ги доведе во опасност оние што беа во негова непосредна близина. Додека на дипломатите им се креваше косата на главата од еуфоричниот македонски министер, специјалните полициски единици беа подготвени на негов повик да заминат и во најжестоките битки.

„Имав историска шанса да станам најреспектабилниот дипломат и да заседнам во некоја амбасадорска фотелја, доколку во 2001 година ги послушав господата Робертсон и Солана и ги повлечев безбедносните сили од теренот“. Убеден е дека ја одбранил земјата, а историјата допрва ќе го проценува она што го направил за време на воениот конфликт. Тврди дека му е мирна совеста, затоа што ја спречил поделбата на Македонија.

По губењето на власта на неговата матична партија, стана пратеник. Во април 2004 година, имаше неуспешен обид да стане претседателски кандидат. Иако собра 10.000 потписи, неговата кандидатура беше оспорена поради законски пречки. Од скопскиот хотел „Амбасадор“, во кој беше сместен неговиот изборен штаб, преку ноќ замина за Хрватска. Тоа се случи буквално преку ноќ, откако увиде дека неговите пратенички колеги одлучија да му го одземат пратеничкиот имунитет за да може да одговора за судскиот процес „Раштански Лозја“. Бегството во неговата втора татковина беше со кус век, бидејќи оттаму беше екстрадиран во Хаг. Подоцна му се придружи и Јохан Тарчуловски, кој се' уште е во Хаг и ја чека жалбената пресуда.

По завршувањето на мачната хашка епизода, се врати во Македонија како прероден. Беше дочекан како воен херој со многу помпа, но и јанѕа од највисокото водство на ВМРО-ДПМНЕ.

Уморен од премислувањето во својата матична партија, реши сам да ја испроба среќата на изборите. Вели дека ова не е неговата ВМРО-ДПМНЕ, во кое кандидатите се регрутираат на конкурс, без еден ден партиски стаж.

„Денес не гледам идеологија во врвот на мојата партија, туку гледам дека таму влегол богот на парите. Раководството го направи предавството што не ме поддржа, а не јас. Кандидат на раководството е ’падобранец‘, кој до лани пишуваше говори за СДСМ“, нагласува разочарано Бошкоски.

Се лути кога го врзуваат со почесниот лидер на ВМРО-НП и експремиер Љупчо Георгиевски, со желба, како што вели, да го етикетираат и да му наштетат.

„Го почитувам Георгиевски како човек кој има заслуга за поновата македонска историја, но подвлекувам дека ни порано ни сега не сум имал ментори. Македонија ја сакам повеќе од кого било“, додава Бошкоски.


Статијата е прочитана 2670 пати.

Испрати коментар

Од: Radovan
Датум: 27.02.2009 00:07:20
Kakov i da e Ljube, mnogu e podobar od siledzijata Frchko i plachkoto Ivanov.
Од: pk-canada
Датум: 27.02.2009 00:12:58
Ljube se prestavuva za makedonski patriot i heroj iako toa jas ne mozam tocno da vidam i da se setam so koi postapki toa i go zasluzil. Gi priznava greskite i toa e dobro, i isto taka ce bide interesno da se vidi kako ce dejstvuva na glasacite od Vmro.Najverojatno ce im zeme dosta glasovi iako spored nivni anketi toj "vredi" samo okolu 5%.(vecer vo novoto izdanie)Ne znam isto taka kako moze da se kandidira i kandidaturata da e prifatena koga se vodi postapka protiv nego vo Hrvatska.E ama Makedonija i sve e mozno.
Од: Pirin
Датум: 27.02.2009 00:17:36
brat ljube site znaeme da ja sakas makedonija i nie ja sakame i ponatamu ke ja sakame , samo za kandidat sto se kanditiras e greska, zasto za da bides pretsedatel logicki je od site da bides podrzavan a ne samo od nas makedoncite , tuka gruevski je vo pravo zasto koga bi ti dosol na toa mesto bi izbuvnale nemiri od albanskiot blok , toa mu je jasno na site nas vo makedonija, najdobro je i ostanisi vistinski patriot kako sto si brat ljube, kako sto rekol jane sandanski majka makedonija drugi ke rodi i ke ja oslobodat.
Од: struzanec
Датум: 27.02.2009 01:28:25
Site znaeme koj e brat.Ljube.Ziv i zdrav bidi i ti pozeluvam se najdobro.Ako zatrebame ,nie sme tuka,samo za tebe,i zaedno so tebe.
Од: toso
Датум: 27.02.2009 01:43:13
Narode na MK (siptari,makedonci,albanci,romi ,srbi,vlasi bugrai ,grci ,bosanci ,bosnaci,cigani mk muslimani i turci glasajte za Ljube Boskovski(brat ljube)nem da pogresite toj ke ja napravi nasata idnina posvetla,podobra i pobogata.
Од: Red Rose: Za se ne vazhi "Izvini"
Датум: 27.02.2009 01:51:15
Се однесувавме како од нас да почнува светот. Бевме и судии и обвинители“.No,bevte i sorabotnici,kreatori i pomagachi vo planiranjeto i izvrshuvanjeto ubistva,duri i vo sorabotka so stranski kolegi od sosedski policii,za osveta poradi anti-vmrovsko politichko dejstvuvanje tuka.Ako ne na egzekutiraniot lichno,togash poradi aktivnostite na chlen od tesnoto semejstvo vo ,za vas protivnichkata, omrazena i na otstrel podlozhena konkurentska politichka partija.Za toa nema shansa za izvini nitu tuka ,nitu na onoj svet .Kje bide meritoren samo sudot na vechnata pravda. A taa stignuva sekogash ,iako nekogash i podocna. I ostanuva kako nadezh za pronaogjanje uteha na onie,shto bile zhrtvi na vasheto osvetoljubivo vladeenje.Nema oprost za nitu edna solza ,bolka i rana vo istraumatiziranite detski dushi i unishteni zhivoti na srekjni semejstva.Nitu edna cel ne moze da gi nadomesti nivnite stradanja.Potestete se na se od ova pred da se pretstavuvate kako chovekoljubec.Za" mirniot son,sami si znaete
Од: nekoj
Датум: 27.02.2009 03:22:14
Volk oblecen vo jagneska koza.Nasiot nartod e muder i intelegenten go prepozna toa. Rezultatite od izborite ke bidat katastrofalni po nego i treba da go osvesta Boskovski deka na mestoto na Tarculovski trebase da bide toj.
Од: vmrovec
Датум: 27.02.2009 04:59:34
Bravo Ljube, I tebe te uplasija tie od VMRO DPMNE - komunisticko krilo, pa duri na krajot go spomna Ljubco Georgievski. Kazi jasno i glasno ako ne bese LJubco Georgievski ke nemase za koja drzava da se kandidiras nitu ti nitu drugite. ako ne bese Ljubco Georgievski ke nemase VMRO deneska. site tie sto go kazuvate negovoto ime sramezlivo pogotovo tie od DPMNE - komunistico, neka gi preslusaat site intrvjua od poslednite nekolku meseci na Ljubco Georgievski, pa neka povelat na televizija, ama vo zivo. Sepak mojot glas ke go dadam za tebe. Ljubco - Forever
Од: од загрижен
Датум: 27.02.2009 05:02:02
Бошковски нема ништо различно од Лупчо,само интерес.А дали ја одбранија Македонија?немисе верува, оти сите што беа во владата од тие огнени години треба да се судат и на судот да се докажи како ја бранеја Македонија кога изменаме устав и територијална поделба а за Борис Т.не сум зажалил ни малку .Оти не нареди одбрана на Македонија како врховен командант на воружените сили Исто не знам зошто го величите до небо кога ни тој не направи ништо за одбрана.А исто и Лупчо ништо не сторија со Лубе наш па се сие на исто како пред 2001,па се пука па се Албанците незадоволни секогаш ќе е така дури постојат околу нас дошмани.
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.02.2009 06:58:42
Rakovodstvoto na partijata mu svrti grb,od nerazbirlivi za nikoj pricini,mozebi pod stranski pritisok, no narodot i obicnoto clenstvo na VMRO-DPMNE toa nema da go stori nikogas.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 27.02.2009 07:52:08
Samo covek tepan,suden i lezen vo zatvor moze mnogu da ja saka i treba da ja vodi Makedonija. Plus iskustoto, poznanstvoto i mediumska svetska slava go pravat Ljube da bide ona sto treba : Predsedatel na Makedonija !!! Mnogu sum siguren deka UMETNOSTA, specijalno MUZIKATA ima da dozivee golema renesansa, a toa e uslovot edna zemja da cekori NAPRED.
Од: Биле
Датум: 27.02.2009 08:49:39
Многу те сакав и те подржувавв, но ме разочара и нема да гласам за тебе ке гласам за Горги Иванов сега он е идеален кандидат за претседател.
Од: Chichko Stoilko
Датум: 27.02.2009 08:50:41
Brat Ljube e dobar chovek.
Од: Blagoj BT
Датум: 27.02.2009 10:12:51
Go molam Gospodinot Ljube Boskovski da prestane da kazuva kako bil izmacuvan vo Hag i slicni gluposti. najmalku 200 pati gi imame videno na televiziski programi kako izgledaat keliite vo Hag. Voopsto ne se 2 na 2 kako toj objasnuva, tuku izgledaat podobro od domovite na 40 % Makedonci. Isto taka koga e tolku iskren zosto ne kazuva deka sekoj mesec dodeka prestojuvase vo Hag dobivase nadomestok vo visina (priblizno) 5000 evra, sto e isto taka brojka nezamisliva za mnogu Makedonci. Ako e toa izmacuvanje...ne znam sto e ova sega sto im se slucuva na Makedoncite
Од: МЗ
Датум: 27.02.2009 10:45:00
Од шоумен и Елиот Нес до озбилен политичар,не форсирам никого, но од толку виновни за наша некоја си вонредна состојба (рат)2001,го најдоа него како најодговорен за се(жртвено јагне).Наша држава му даде еден мандат во Шевенинген ,зошто не најдоа смелост и неговата матична партија да му овозможи еден мандат и како претседател.Некои кандидати не ги бива и како шоумени а камоли за политика,што за мене нема некоја разлика.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 27.02.2009 11:04:18
Ѓорѓе Иванов за претседател, човек со богато минато како основач на политичките науки и уште побогата иднина, едноставно човек без црни дамки позади себе.
Од: Ratko
Датум: 27.02.2009 11:19:29
Барем Љубе има храброст и има КИЧМА. А не како уплашениот кандидат Иванов кој НЕМА КИЧМА и сам си призна дека МУ ТРЕБА КОСМОДИСК.
Од: мене
Датум: 27.02.2009 11:40:28
Исклучително ја почитувам храброста и доблеста на Г-дин Љубе Бошкоски да ја каже вистината таква каква е, да понуди визија за иднината, а особено го почитувам што знае да ги признае сопствените грешки и заблуди. Остана до крај верен на идеологијата на ВМРО како ретко кој.Како вистински искрен патриот, прерасна во мудар политичар и човек. Се надевам дека народот ќе ги препознае овие негови особини и ќе ја донесе вистинската одлука.
Од: citatel
Датум: 27.02.2009 11:41:46
kako moze da se kandidira covek za koj se vodi sudska postapka i koj nekolku godini pominal vo istrazen zatvor ???
Од: dijasporec
Датум: 27.02.2009 12:43:01
Postovetuvanjeto na dijasporata so ovoj predsedatelski kandidat e popolno pogresna. Vo Avstralija konkretno se raboti zanemarliv brojintelektualci koi imaat svoi licni interesi i privatni vrski so Ljube koi se obiduvaat da gi pridobijat doselenicite od pred 30 i poveke godini koi i onaka nemaat nekoja realna predstava za slucuvanjata vo Makedonija.
Од: Makedonija
Датум: 27.02.2009 12:59:20
Господинот Бошковски е богат човек и нема што повеке да краде..Секој друг што би бил само ке го збогатиме,а народот ке останеме исто така сиромав,пртен и незадоволен...додека политичарите ке ликуваат..а тој професорот што не знае да зборува..па него во општо не треба никој да го гласа..ако веке се прават од ВМРО нека знаат дека Љубе е ВМРО,а додека другиот е сдс...Гласајте за Љубе повеке ке е оправи работничката,сиромашната класа во Македонија..човек кој разбира од сиромаштија..додека сите други се навистина збеснати,можат само да е продадат Македонија за пари како што впрочем го прават сите години...Позз...вистинските Македонци ке гласаат за Љубе Бошковски..нема да не изневери....
Од: od patriot
Датум: 27.02.2009 13:02:30
ni eden ne zasluzuva da bide pretsedatel.kako da glasam protiv sebe.zatoa nikoj od ovie nema da go imaat mojot glas.
Од: pero
Датум: 27.02.2009 14:41:56
Dali na clenovite od VMRO im stana deka gabe se tepaa do sega vo gradite za ovaa Makedonija .Denesnite poletarci koi ja vodat VMRO gi zanimaat samo pari koj kolku da zeme .Ako im bese da ja upravat Makedonija imaat veke 3 godini , no za zal od ekonomijata seuste ne sme stignati ni do ,,E" .Treba da svatat deka tie se dsnicarska partija ,a ne zaradi vlast da koaliciraat i so levicarski parti , pa luge ova go ima samo kaj nas vo Makedonija
Од: d.t.a od Kavadarci
Датум: 27.02.2009 15:13:01
Da ne mislea na nego od negovata partija nemase ni da go precekaat kako heroj od Hag nitu pak da mu pomagaat i nemu i na Johan dodeka bese vo zatvor.Megutoa so ne pojavuvanjeto na Konvencijata kade sto sekoj mozese da si ja podnese kandidaturata toj ne ja pobara poddrskata od negovata partija tuku se resi da odi sam. Tocno e deka ja saka Makedonija , megutoa pogresna strana si izbra toj samiot.
Од: Delco
Датум: 27.02.2009 15:58:45
Interesen biogravski patopis za covek koj nasledil od tatko imot. I namesto biznis se vpusta vo politickiot lavirint od kade sega trazi izlez. Izlez od lavirintot vo koj ”naivno” vlegol ili smisleno zalutal mislejki deka toa e mackina kaslica za nego! Najzalosno e sto vo makedonskiot politicki okruzok sedat seuste ”coveci” kako da se vo lavirint, pa takva uteha si ja gledaat opravdanosta sto se tamu.
Од: tome jovanov paterson
Датум: 27.02.2009 16:27:01
Brat LJube e prav i vistinski patriot.toa go dokaza na vistinski nacin za celo vreme dodeka bese vo konfliktot,za toa ima i fakti.Ne kako sto vikaa ovaa pk od kanada deka toa ne go videla i ne se secava,mora da e senilna Site morame toa da go priznaeme,zatoa i go saka celiot makedonski narod,samo toj imase jajca da im se sprotistavi na stranskite olesnuvaci koi ja krojat politikata vo Makedonija Bidejci bese patriot i hrabar go postuvaat i albancite pa i oni ce glasaat za nego.malku zgresi i vmro sto ne go predlozi no kako sto rekov,nasata sudbina drugi ja krojat oti ne sme edinstveni.Samo treba da bide i natamu patriot i da ne podlegnuva pred pritisocite na grcija i orospijata Evropa za promenata na imeto ,kako sto toa go pravat predavnicite Branko i frcko.Samo napred brat LJube site sme zatebe.
Од: ama
Датум: 27.02.2009 16:48:10
мене искрено ми се допаѓа бошковски па тој е поголем патриот од сите др кандидати само тој гинеше за оваа земја и заслужува да биде преседател на македонија. посакувам тоа да се случи само така грујо ке има некој контра него . инаку со новата марионета иванов ке си прави што си сака.Само напред брат љубе иако не те подржуваат од вмро половина и повеке вмровци ке гласат за тебе сигурна сум
Од: tome sad
Датум: 27.02.2009 17:01:55
Brat LJube go znam od poodamna sekoja cest kako covek,no vo ovoj moment jas mislam deka ne e za presedatel.Vo nego opozicijata vide covek sto moze da ja obori vlasta.Nemoj brat LJube ne se zdruzuj so gjavolite.

Најди! во Утрински
Насловна
Лустрацијата опасно оружје во изборната пресметка
Лустрацијата почна инквизиторски
НБМ стега посилно - само добра плата за кредит
Македонија му се оддолжува на Трајковски
Пресудата за Скопје
Политиката ги здроби учениците во Струга
Бакојани од мисија во мисија за поддршка на грчките ставови
Три хипотези за паѓањето на турскиот „боинг“ во Амстердам
Колку чини грчкото „не“
Црно-белиот свет
Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ