Лустрацијата стартуваше неславно, најлошо што може: со етикетирање и јавен линч. Пред воопшто да биде направен првиот чекор за институционално и правично спроведување на овој процес, партиските лустратори ги зедоа работите во свои раце, пред телевизиски камери мавтаа со документи, се закануваа. Се случи токму тоа што предупредуваа некои експерти: лустрацијата доби инквизициска димензија.
Оваа политичка гарнитура по многу колебања го донесе Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, популарно наречен Закон за лустрација, и собра сили да ја формира Комисијата за лустрација. Но, очигледно дека нашата политичка елита нема храброст да се соочи со предизвиците и да ја направи потешката задача: да го спроведе Законот. Затоа беше и инсистирањето Комисијата да се избере по партиски клуч, сите сакаа да бидат сигурни дека гревовите од минатото нема да излезат на површина.
И додека Комисијата за верификација на фактите се загуби низ владините лавиринти, барајќи простории и елементарни технички услови за да почне со работа, партиите ја презедоа улогата на лустратори-егзекутори. ВМРО-ДПМНЕ излезе со документи дека носителот на советничката листа на СДСМ за Скопје, актерот Петар Арсовски, го клеветел Ристо Шишков и ја повика Комисијата за лустрација да го провери овој случај. Ваквиот настап на владејачката партија не може да се протолкува поинаку освен како директен притисок на луѓето кои се во Комисијата, која се' уште не го одржала ниту првиот состанок.
За да го возврати ударот, СДСМ извади од некоја друга архива „проверени информации“ дека и носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Скопје, професорот Владо Поповски, функционирал по системот на кодошење. Но, во брзината направија цела мешаница од личности и датуми.
И, за да нема забуни - во текот на вчерашниот ден централите на двете партии продолжија со серијалот објаснувања за тоа кој, кога и како кодошел. Сега се на ред ДУИ и ДПА, тие да ги отворат своите депоа и приватните збирки.
Прашање за дискусија е од каде им се на партиите такви доверливи документи и како ги добиле. Исто така, непознатост е колку такви документи има во нивните фиоки и како ќе ги употребуваат. Можеби секој ден до изборите ќе свикуваат прес-конференции и ќе испраќаат соопштенија со сензационални откритија за јавноста. Се разбира, на тапет ќе бидат исклучиво политичките противници. Клучната работа е зошто партиите се впуштија во оваа опасна авантура и не и' дозволија на Комисијата за лустрација да ја провери документацијата на кандидатите кои учествуваат на изборите.
Тоа сигурно не го направија поради непромисленост или незнаење. Па, Законот го донесоа „лустраторите“ кои деновиве самите се промовираа во јавноста. Тие многу добро знаат што има напишано во Законот, дека само Комисијата може да објавува податоци. Сигурно им е познато дека поради неовластеното објавување информации поврзани со соработката на лицата со органите на државната безбедност, може да заработат затворска казна.
Но, веројатно не се грижат за таквата опасност. Можеби се убедени дека нивните испади нема да предизвикаат внимание кај обвинителите. Или, пак, намерно прават конструкции и вадат податоци од судски процеси, кои, сепак, лесно се достапни. И, притоа, многу добро знаат дека немаат во рацете крунски докази за кодошење, меѓутоа имаат потреба да направат драма во изборни цели.
Впрочем, нив само изборите ги интересираат, особено како ќе се пласираат. А, за да обезбедат подобра пласман, не избираат методи. Водени од оваа желба, ги газат сите принципи и уништуваат човечки судбини.
Izbori na ovcarski nacin. Se nadevam na ovie ke ima pomalku zrtvi i pukotnici...
Од: Super kameleon
Датум: 27.02.2009 00:48:13
Cekajte bre. Ovaj politicki kameleon Vlado Poposki kolku partii smena od osamostojuvanjeto i vo kolku razlicni partisko oboeni vladi bese minister ili pak sovetnik? A videte , ne sme znaele deka pred toa bi i aktiven organizator , zaedno so Manevski vo onaa groteska tvorba " Pokret za Jugoslavija" ( vo l99l god)konstruiran i planiran od srpskite generali po diktat na Milosevic. Abre na nekoi nasi politicari ni kameleonite ne im se ravni!?
Од: Red Rose: "Bog da bie,koj prv pochna..."
Датум: 27.02.2009 01:20:58
Voopshto ne e za iznenaduvanje deka najgolemite patrioti i kvazi demokrati vo drzhavava prvi zapochnaa so javen linch i otstrel na konkurentite,koi im gi pomatuvaat smetkite i presmetanite procenti za sigurna dobitna kombinacija.Sekoe malo narushuvanje na ochekuvanoto ispolnuvanje na planiranoto e alarm vo nivniot mentalen kod za akcija,pa i od ovakov neperimeren i antiregularen tip.I,togash e normalno kako reakcija da se stavi vo odbrana so kontrapanad vekje targetiranata strana.I taka klopcheto se odmitkuva se do momentot na vrzuvanje vo Gordiev jazol.Koj kje go preseche,prashanje e sega?! Za kluchnata uloga na edinstveno nadlezhnata komisija za lustracija nema mesto vo prikaznata na dzelatot,koj sam se samonaznachil vo taa uloga od pozicija na sila,proizlezena od politichkata mokj.Zatoa i namerata da ja svedat vo uloga na pion vo otvorenata partija shah e pokaz za zloupotrebata na vlasta vo segmentot na raschistuvanje na site sluchai od ovaa oblast .Bez usul se kako i sekogas.
Од: zoro
Датум: 27.02.2009 01:38:24
ВМРО ДПМНЕ + Закон - Катастрофа на векот , така го обележаа 19 век , кога е убиена скоро целата Македонска интелегенција , така во 20 век , кога се загубени балканските војни и можност за создавање на држава и ослободување од одтоманската империја а за 21 век да не спомнуваме подобро , загубена војна а се плашам дека на најобар пат е да се загуби и државата.
Од: mitko za monotonijata
Датум: 27.02.2009 02:25:42
Vo Makedonija nema mnogu pametni luge, mozat da se izbrojat na edna raka, na koja i falat nekolku prsti poradi petardi. Gledas TV - dosadni faci, citas vesnici - stari tezi od komunizmot od osumdesetite godini. Se e ucmaeno i dosadno. Ama sega rabotite stanuvaat pointeresni kodosite ke pocnat javno da se plukaat. Na ovaa zemja kodosi ne i nedostasuvaat duri izobiluvame so niv.
Од: Круме
Датум: 27.02.2009 07:59:27
Море каква инквизиција! Само што се појави едно име и веднаш се јавија кочничари. Како тогаш ќе се објават имињата на стотици и илјадници такви? Оставете ги париите, ве молам барем вас новинарите - немојте да ги браните кодошите! Тие мора да си платат за злата што им го направиле на многу ~есни и невини граѓани.
Од: bale
Датум: 27.02.2009 09:02:48
Лустрацијата почна ептен ВМРО-вски... демократски џанам...со неа сама уште повеќе ќе го закрват Македонскиот народ, а нема да се свесни што прават...Оливер Шамбевски, јак штик џанам, блика од интелигенција...
Од: Trajko
Датум: 27.02.2009 11:20:23
Ovaa,ne ke e na arno.Losho i se pishuva na Makedonija.Po se izgleda deka se zapochnati montirovkite kako pri krajot na 19 vek ,pochetokot na 20 vek i posle osloboduvanjeto 1944 do 1949 godina.Vistinskite krvnici se prikrivale a zaglauele onie koj ne znaele da se odbranat,potochno im ja zemale merkata predvremeza da si gi prikrijat nivnite nechesni dela.Makedonija zivee vo minatoto.Segashnive ne se sposobni za idninata na graganite da im obezbedat posiguren zivot.Takae koga odmetnicite se krijat zad patriotizam.
Од: Ратко
Датум: 27.02.2009 11:26:46
А зошто министерот Маневски кој има ЗАДОЛЖЕНИЕ од Владата да ја операционализира работата на Комисијата, сеуште игра матни игри и тоа не го прави? Се плаши од нешто?