Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Само со добра плата до кредит

Гошев ги обврзува банките уште повнимателно да им ги гледаат платите на барателите, пред да им дадат заем

Нина Нинеска-Фиданоска

Монетарната власт уште посилно го стега обрачот околу кредитирањето, особено за населението. Советот на Народна банка на Македонија вчера излезе со нови поригорозни мерки за банките, со цел тие уште повеќе да ги намалат кредитите што ги пласираат на граѓаните.

Имено, гувернерот Петар Гошев воведе обврска банките многу повнимателно од досега да ги гледаат и да ги проценуваат платите или другите приходи на барателите, пред да одлучат да им одобрат кредит, само со цел тие да бидат доволни за навреме да ги враќаат ратите. „Со измените на Одлуката за управување со кредитниот ризик се воведува обврска за банките да го дефинираат прифатливото ниво на покриеност на изложеноста на кредитен ризик кон физички лица со соодветен извор на отплата (висина на плата и други приходи), при што треба да го имаат предвид и движењето на трошоците за живеење“, се вели во соопштението од седницата на Советот на НБМ. Наедно, НБМ бара од банките да бидат многу повнимателни и при вложувањата во хартии од вредност.

Ваквите нови затегања на Централната банка следуваат по серија мерки кои веќе ги презеде на тој план, што веќе дале плод и го намалиле кредитирањето. Па, така, кредитите во јануари 2009 во однос на јануари 2008 година имаат годишен пораст од 32,1 отсто, што е помалку од нивниот раст лани кога надминуваше 40 отсто, додека депозитите пораснале за 10,3 проценти. Согласно со последната анкета на НБМ, банките очекуваат намалена побарувачка за кредити во првиот квартал од 2009 година, а наедно упатуваат и на натамошно заострување на кредитните услови. НБМ ги следи движењата и е подготвена за мерки, ако е неопходно тоа.

Инаку, банкарите завчера изјавија дека и без да бидат затегнати условите, кредити годинава ќе има се' помалку и тие ќе бидат поскапи, бидејќи им се ограничени изворите на средства за кредитирање.

Советот ја изменил и Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот, со која се бара издвојување на потребното ниво на капитал за покривање на оперативниот ризик на банките. Се зајакнуваат и условите за добивање дозвола и вршење менувачки работи.

Инаку, Советот го признава намалувањето на девизните резерви, но охрабрува дека во февруари се намалиле интервенциите на девизниот пазар. Со состојба на 31 јануари 2009 година бруто девизните резерви изнесуваат 1.441,8 милиони евра и во однос на крајот на 2008 се пониски за 53,2 милиони евра. „Во јануари, НБМ интервенираше на девизниот пазар со нето-продажба на девизи, во првата половина од февруари интервенциите беа помали, а досега во втората половина на февруари нема интервенции. НБМ ќе продолжи да интервенира ако биде потребно тоа“, се вели во соопштението. Советот констатирал дека годишната стапка на инфлација, согласно со очекувањата, во јануари 2009 бележи забавување и изнесува 1,7 отсто.

Инаку, НБМ информира дека од овој месец започнало спроведувањето на аукциите на девизни депозити кај НБМ, како нов инструмент преку кој банките можат да ги пласираат девизните средства кај НБМ, наместо во странство, со што се намалува нивната изложеност на кредитен ризик.

Советот донел измени и на Одлуката за сметковниот план за банките, со кои се воведоа нови сметки, кои во најголем дел служат за подобро следење на изложеноста на банките, особено кон странските банки. Овие сметки ќе почнат да се применуваат од 1 јуни годинава.


Статијата е прочитана 1799 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 27.02.2009 00:19:23
Samo so dobra vlada do kredit.
Од: Bravo Goshev
Датум: 27.02.2009 03:43:54
Samo taka guvernere.A na tie pak sto imaat zemeno potroshuvacki krediti ubavo ke im go zagorcis zivotot so zgolemuvanje na kamatnite stapki narocito vo ovie krizni vreminja.Makedonskata ekonomija e edna nelogicna ANOMALIJA a Gosev i Slaveski se kapetanite na taa anomalija-a za greskite na kapetanite-plakja narodot!!!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 27.02.2009 03:58:46
Steganje i presteganje ima sekade niz celiot svet, pa duri i vo Makedonija ne treba da se cudite, nikoj ne e imun od ova zlo. Mozebi sum greska, ama ako ova se slucese a na vlast bese SDSM, e togas site ce puknea od maka i ce recea: kako be nas ne ni tekna deka SDSM e izvor na zivot i ekonomsko cudo zacela planeta i vselenata voopsto?
Од: jas
Датум: 27.02.2009 04:03:49
Pametna rabota i odlicni potezi na Gosev pa zarem ke pravime kako vo Amerika kade bankite davaat krediti na koj ke stignat i toa im se udri od glava i predizvkaa totalen koplaps ...Vo vakvo ludi vreminja taka se vodi banka
Од: некој
Датум: 27.02.2009 09:15:21
На гувернерот треба да му е јасно дека не сме сите буџетари (за мене-паразити),за да имаме големи плати.
Од: Струмица 1918
Датум: 27.02.2009 11:13:49
Само вие стегајте,додека не скокне народот. Буџет од 2.700.000 евра,па кај го има ова. Работава излезе „Село гори,а баба се чешла“.
Од: nekoj
Датум: 27.02.2009 12:36:44
Gosev moze da bide guverner samo vo drzavi kako Makedonija t.e. banani drzavi. Vo normalna zemja mislam deka najmnogu sto bi mu dale e da raboti na salter.
Од: goltarana
Датум: 27.02.2009 13:10:52
E pa dosta e pushti si gi nozete kolku shto ti e cergata. .Nekoi zemaat za leb, a nekoi za nepotrebni luksuzi. Ke jadat juvki i tursija, a ke kupuvaat labtop, digitalni kameri ike plakaat internet. Se znael porano redot. I za toa ke zemaat kredit.
Од: Verag
Датум: 27.02.2009 15:37:38
Ова јас одамна го применувам, но ретки се тие што трошат колку што имаат. Во социјализмот се што ми требаше земав на кредит, а сега,откако почна капитализмот и сиромаштијата, се се смени. одамна не земам кредити бидејќи не ми останува ништо од приходите за отплаќање на кредитот.Нормално,кога во 1991 год,на пр. само 13% од примањата ми одеа за комуналии,а сега 40,50 %. Но капитализмот е совршен систем,многу функционален,а сиромашниот народ е колатерална штета на капиталистите.
Од: vlade
Датум: 27.02.2009 15:44:22
А што владата не го стегне буџетот? банда паразитска.....
Од: od bitola
Датум: 27.02.2009 16:23:54
lelele neznam so ke bide vaka????

Најди! во Утрински
Насловна
Променетиот патриот Љубе Бошкоски сака пакт со народот
Лустрацијата опасно оружје во изборната пресметка
Лустрацијата почна инквизиторски
Македонија му се оддолжува на Трајковски
Пресудата за Скопје
Политиката ги здроби учениците во Струга
Бакојани од мисија во мисија за поддршка на грчките ставови
Три хипотези за паѓањето на турскиот „боинг“ во Амстердам
Колку чини грчкото „не“
Црно-белиот свет
Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ