Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Бакојани во мисија за поддршка на грчките ставови

Има ли причини за загриженост во Скопје од антимакедонската кампања на Грција деновиве во САД

Соња Крамарска

Силните најави за средбата на министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, со државната секретарка на САД. Хилари Клинтон, вчера завршија со куси куртоазни соопштенија од двете канцеларии. Офисот на грчката шефица на дипломатијата во кратки црти објави дека се разговарало за грчко-турските релации и кипарското прашање, како и „за теми од регионално и од меѓународно значење“, а на веб-страницата на Клинтон вчера можеше да се види само транскриптот од пречекот на Бакојани во канцеларијата на државната секретарка.

Средбата на Бакојани беше една од повеќето што Хилари Клинтон ја имаше во средата. Во Стејт департментот во денот за прием беа и министрите за надворешни работи на Колумбија, Бразил и на Полска.

Како и да е, четириесет и петминутната средба на највисоко ниво што министерката за надворешни работи на Грција ја имаше со третата по редослед политичка личност во хиерархијата на САД внесе доза на неспокојство во македонскиот државен врв. Причина за тоа се грчките очекувања дека по смената во Белата куќа, Атина ќе издејствува кај демократот Барак Обама повлекување на американската одлука од ноември 2004 за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.



Бакојани, како потврда на македонските стравувања, тридневната посета на Вашингтон не издржа да не ја „зачини“ со триумфалистички пораки до Владата во Скопје проследени со обвинување дека го буди национализмот на Балканот, на што уследија одвоени реакции на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и на вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски. Милошоски рече „ако говориме за национализам на Балканот, владата на Грција има посилни врски со него“. Боцевски додаде дека Македонија води политика на добрососедство „без разлика на позицијата на грчките влади во однос на македонската евроатлантска интеграција“.

Во првата реакција на грчките медиуми посетата на Бакојани на САД доби призвук на „прекин“ на грчко-американските непријателства што во заднина на официјалните политики на двете земји се присутни со години наназад, а дефинитивното заладување настапи по сензационалната одлука на Џорџ Буш за поддршка на македонското уставно име.

„Катимерини“ сосема кусо прокоментира дека двете министерки на првата средба се согласиле на стратегиска соработка меѓу нивните земји, цитирајќи го соопштението на Министерството за надворешни работи дека „тема на разговорите биле прашања од особен интерес за Грција, како што се грчко-турските релации и кипарското прашање, а исто така и регионални и меѓународни прашања“.

Новинските агенции, пак, излегоа со толкување дека Бакојани ги запознала Американците со грчките позиции спрема Скопје и спрема Анкара, но и дека се пожалила на национализмот од страна на македонската Влада.

Во првите оцени на средбата и самата министерката Бакојани беше концизна и официјална. „Разговаравме за прашања што се од особен интерес за Грција како што се грчко-турските релации, односите меѓу Турција и ЕУ, кипарското прашање, и за прашања од пошироката политика, како што е Средниот Исток. Со оглед на нашето претседателство со ОБСЕ, дискутирав за прашања што се од важност за Кавказот, стратегија за европската иднина, Русија и ОБСЕ. Разговорите беа позитивни и се одвиваа во многу позитивна клима. Тие беа конструктивни и суштински и јас верувам дека тоа е почеток на една добра соработка која ќе продолжи и во иднина“, кусо изјави Бакојани.

Има ли тогаш причини за загриженост во Скопје? Впечаток што се наметна по разгорувањето на изборната треска е дека македонската страна во спорот со Атина преминува во дефанзива. Има повеќе елементи за една таква анализа. Прво, тоа е фактот што Бакојани е една од првите политички личности на Европа (по Тони Блер, а пред Гордон Браун) што доби покана од Вашингтон по доаѓањето на новата администрација. Иако примарна причина за поканата е грчкото претседателство со ОБСЕ.

Второ, непосредно пред заминувањето на Бакојани за Вашингтон, во Грција престојуваа сенаторот од Илиноис (држава од која потекнува Обама) Ричард Дурбин и министерот за финансии на Илиноис, Алекси Генулиас. „Дојдовме како официјални пријатели на претседателот Обама и ќе се вратиме со пораката дека пријателството со Грција е силно и ќе стане посилно. Грција е инспирација за нашата демократија и нашето денешно сојузништво не' инспирира нас“, му рекоа тие на премиерот Костас Караманлис.

Трето, и покрај првичните вести по последната рунда преговори во Њујорк јавуваа за обострана согласност да прекинат разговорите додека траат изборите во двете земји, Грција побрза тоа да го демантира со изјави дека ним не им пречи да преговараат и за време на избори.

Четврто, додека Македонија ја тресе изборна треска, Грција го користи периодот за засилена антимакедонска кампања и провокации како она со изјавата на Бакојани дека подготвувале стратегија за спорот и тоа една година пред самитот во Букурешт.

Но, има и поинакви анализи, а тоа е дека односот на политичките сили на европската сцена е таков што десницата, која доминира во владите на земјите, е силно заинтересирана да ја задржи таа доминација. Во таквиот политички мозаик Нова демократија на грчкиот премиер Костас Караманлис, која има само еден пратеник повеќе од опозицискиот ПАСОК, добива статус на миленик на другите десничарски влади од Европа. Оттука, се проценува дека поголем дел од изјавите на владиниот врв во Атина се наменети, пред се', за домашната јавност која и' врти грб на сегашната влада која се соочува со корупција во сопствените редови, улични демонстрации, па се' до апсурдното бегство од затворот.

Во моментов како своевидно олеснување за македонската јавност може да претставува фактот што, и покрај некои предвидувања дека новата власт во Вашингтон го губи интересот за Балканот, првите потези на Белата куќа го докажуваат токму спротивното. По Бакојани, од вчера гостин на новата администрација е и комплетното раководство на Косово, претседателот Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим Тачи и шефот на дипломатијата, Скендер Хисени.


Статијата е прочитана 1815 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 27.02.2009 00:09:13
slucajno ili ne vo istiot den state deprtment ja objavi kritikata sprema Grcija za nepriznavanjeto na makedonskoto malcinstvo! moze toa e samo za uteha a moze Amerika nesto ke napravi z makedoncite, vremeto ke pokaze!
Од: Mihajlov
Датум: 27.02.2009 00:19:42
Zaradi strateshki interesi, Turcija i e mnogu povazhna na Amerika otkolku Grcija, a od toa kje profitirame i nie. Od driga strana Francija, kljuchna drzhava vo EU, isto od svoi interesi, kje bide na grchka strana, shto e losho za nas, bidejkji nie treba da vlezeme vo EU, a Amerika i pokraj ogromnata mok, nemozhat mnogu da storat..
Од: ANTIKA
Датум: 27.02.2009 00:49:48
Milososki, plateno ili debilno, si ja odrabotuva svojata misija da sviri najpogresni noti. Se zalaga deckoto za promena na svetskiot poredok i preraspredelba na antikata. So rezon i motiv na pelestinec, arap ili turcin..... a pritoa sosema slucajno se zalaga i za clenstvo vo istiot svetski poredok.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 27.02.2009 01:27:00
Izvestajot za malcinski prava e posilen od najgolema grcka propaganda t.e. antimakedonska kampanja.
Од: zoro
Датум: 27.02.2009 01:33:56
Иоа се вика дипломатија и водење на политика.Каде е нашиот министар за надворешни работи. Во германија , каде што му е семејството или државјанството. Преговорите нека ги води тимот за преговори , но надворешната политика не ме да заврши само на два преговарачи , кои меѓу другото и самите се затекнати по смена на Димитров па не знаат кој пат да го фатат. А министерот нека не се смее недоветно на веселата математика , оти кој последен се смее најслатко се смее. Нека го пали авионот и нека не се враќа во Македонија два месеци , како што се случува со Бакојани и нека се обиде ( Милошевски , се разбира) да направи барем една или две посети на пријатели , ако ги има воопшто , во светот. Ама се ми се гледа дека планот Б на Груевски одлично фунционира , Македонија е во потполна изолација и излена на подсмев и несериозност.
Од: mitko ne se sekira
Датум: 27.02.2009 02:38:44
Sto ima da se sekirame, za nekolku nedeli nie ke dobieme eden fantasticen pretsedatel - Djole (taka barem odat rabotite spored rejtingot na kandidatite) koj elokventno ke im objasni na Amerikancite deka fakticki Grcite ni ja kradat istorijata i deka nie sme pravite potomci na Aleksandar. I deka tie fakticki se krivcite. Potoa toj ke ja prodolzi ovaa turneja vo drugite zemji od svetot. Go ceka teska rabota, zatoa sto vo 191 zemja (clenki na UN) se uci pogresna istorija, a samo vo nasata zemja se uci pravata istorija deka Ace ne bil Grk. Ke mora mnogu pati da ja povtori prikaznata za Pak-ti-stani. Ama nie imame golema doverba vo Djole, samo bi go sovetuval koga ke odi vo Skandinavija i vo Kanada da se oblece potoplo. Ke vidite deka ke ostvari fantasticni rezultati i deka vo site drugi 191 zemji ucebnicite po istorija ke bidat smeneti za samo nekolku meseci. Taka e toa, svetot e glup, nie sme prepametni a ke ne vodi svetliot lik na nasiot sakan pretsedatel Djole.
Од: MIKI
Датум: 27.02.2009 04:02:18
nemame maka nie od bakojani tuku od petokolonasite vo mkd sto mislat kako nea i ne narekuvaat ,fyrom juda go prodade isus za pari a oni ke ja prodadt mkd.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 27.02.2009 04:22:37
Pri prvoto chitanje na napisot mi se prichini deka go chitam romanot "Crnila" od Kole Chashule.
Од: Граѓанин за Европа
Датум: 27.02.2009 08:02:44
А, што не одат во мисии и Нашиве? Јас не ги држам. Да не штедат? Проблем е што немаат кај да одат. Никој не ги есапи за партнери. Затоа мора Грујо да лаже дека се сретнал со Шефер и со Американецот. Може да контактира со нив само ако, некого од нив, го сопне, па му подаде рака да го крене. Ќе се свести ли народов дека изолацијата е нешто најстрашно што може на една мала држава да и` се случи? Ќе се свести ли дека овие работат на однародување на Македонците?
Од: Gospod
Датум: 27.02.2009 09:46:04
Todorka zboruvashe na CNN. Nejziniot engleski e na nisko nivo, koe i odgovara na M. A na Makedonija i treba antikata - mnogu. Od vremeto na Aristotel e razviena RETORIKATA. Naukata za umetnosta na ubeduvanjeto. Umetnosta na govorot e (ne na nisko nivo) ispod sekoja kritika vo segashnosta, kako vo M taka i vo G. Citajte debata za demokratija na Sicilija 400 g pred Hristos. Vo Makedonskiot tim se oseca potreba od prisustvo na zena pa i povece zeni. Mlada makedonka/-i koja ja vladee retorikata i moza da parira na Todorka i Hillary. Seto toa naveduva deka M tapka vo mesto so gasenje na pozarcinja. Proaktivnoto rabotenje e poefektivno ama treba da se planira i misli. :-) Ne e receno bez pricina deka: Djavolot ne spie. Toj raboti i denje i noce.
Од: Markus Wolf
Датум: 27.02.2009 09:57:07
Шамбевски и копманија гледате ли вие сто прави Грчкиот политички врв а и Косовскиот зар не сте свесни 1999 Дем0кратската свита а Хилари и Бил беше преокупирана со Балканот. Наместо да си играте квазилустратори мрднете тоа задниците и правец Вашингтон да поработите на имиџот на Републикава.И онаа нашава килава Дијаспороа од Клифтон Патерсон Гери или сто знам од каде се не нека се организира на протести и да застене у име на вистината Срамота петоколонаши кодоши духови од миантото овде се будат кај нас а Дора дрма у Вашингтон
Од: Ристе
Датум: 27.02.2009 10:13:10
Нашава влада и ги даде аргументите враце на Бакојани и женава како одличен политичар ги користи и си ја врши работата за која е платена. Уште повеќе, стекна таква репутација да за 3 дена се сретна со најбитните личности и организации каде се креира светската политика. А со кого нашиве се сретнале? Со помошник на помошникот на советникот на европратеникот или конгресменот, сеедно? Со изгубен кредибилитет, никој значаен не прави муабет.
Од: stip
Датум: 27.02.2009 10:18:54
cudna rabota, go nema seznajkoto MAKEDONECOT OD EU
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 27.02.2009 10:46:04
Национализмот не е доблест на Република Македонија, таа се залага за добрососедски односи со сите соседни држави, Грција е таа која шири национализам и која ги крши човековите права со напризнавањето на македонското малцинство.
Од: iskren
Датум: 27.02.2009 12:23:31
Grujo i Branko,abe pratite dve tri zeni vo niv i profesori po antika da se raspravat so taa Bakojani.Bugarite gi pravime Tatari, a vtoriot grad vo Bugarija e osnovan od FilipII Makedonski i se vikal Filipopolis,Trakite go vikale Pulpudeva(ottamu Plovdiv),a Rimjanite koga dosle go narekle Trimoncium.Taka i se vika centralniot hotel sega. Aleksandar gi smackal Grcite i koga dignale vostanie, kolel po Grcija.Najloso minal vazniot grad Teba(Tiva) do Atina, kade gi masakriral mazite a zeni,starci i deca odvel vo ropstvo.Abe ako taa stara Makedonija ne bila nasa, ne bila nitu grcka.Prostaci pisat vo ovoj vesnik. Znaci dajte da se raspravat nasi intelektualki,a ne mazi.Mazi nemozat da ja nadvrevat Bakojani.Ve molam.
Од: taipov abdula-intelekrualec turcin
Датум: 27.02.2009 16:04:52
I jas ja slusnav izjavata na Bakojani okolu podobruvanjeto na politickite relacii megju turcija i grcija,Bakojani vodi dnevna politika kako Tayip Erdogan bidejki ovie dvajca premierministri vodaat dnevna politika do lokalnite izbori,kako shto bese montiraniot napad na Tayip Erdogan na Izrael. Uste turcite ne se priznati kako nacija vo Zapadna Trakija vo Grcija seuste turcite se smetaat za muslimani i se pod golem pritisok.zaviduvaat na makedonskata demokratija.
Од: miki toronto
Датум: 27.02.2009 17:09:59
jas mislam deak problemot so grcite nikogas nema da se resi vo nasa polza...dodeka Bkojani odi i seta po svetot i ja siri grckata propaganda i pilinjata veke znaat deka grcija e grcija ,nasite politicari samobendisani gladni kucinja za vlast i pari sedat i se grebat za podobra pozicija i pogolemi pari a makedonskoto rpasanje go ostavaat vo nasledstvo na nivnite idni zamenici...sto bi rekle srbite....PREDZI BRIGO NA DRIGOGA....se sramam so sum makedonec i sto mi vredi moeto patriotsko custvo koga jas i mnmogu kako mene sme samo zelni da si ja vidime zemjata vo prosperitet ama na celo na istata se mockovci koi sto neznaat ni do doma da si otidat ako ne gi vodat a ne makedonija d aja vodat...bravo za Bakojani(za zal)sramota za nasive mockovci sto ne vodat vo propast......
Од: R.R.
Датум: 27.02.2009 17:14:42
Bakojani ke se vrati kako poparena ...A Amerika dokazuva deka e stabilna zemja i deka lesno ne promenuva odluki.A nasata drzava na celo so ovaa Vlada dokaza deka sne dostojni za pocit!

Најди! во Утрински
Насловна
Променетиот патриот Љубе Бошкоски сака пакт со народот
Лустрацијата опасно оружје во изборната пресметка
Лустрацијата почна инквизиторски
НБМ стега посилно - само добра плата за кредит
Македонија му се оддолжува на Трајковски
Пресудата за Скопје
Политиката ги здроби учениците во Струга
Три хипотези за паѓањето на турскиот „боинг“ во Амстердам
Колку чини грчкото „не“
Црно-белиот свет
Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ