Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Три хипотези за паѓањето на турскиот „боинг“ во Амстердам

Истекување гориво, паѓање на моторот, но и можност првиот пилот да обучувал некој од копилотите

Анкара - Турскиот весник „Заман“ наведува дека има три хипотези за причината за завчерашната несреќа на авионот „боинг 737-800“ на турската авиокомпанија на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, во која девет лица, вклучувајќи ги и тројцата пилоти, загинаа, а 84 лица се повредени.

Весникот смета дека причина за несреќата на авионот со 127 патници и седумчлен екипаж, кој при приземјувањето се распадна на три дела во нива на околу 500 метра надвор од пистата, се: истекување гориво од авионот, паѓање на моторот, како и можноста првиот пилот да обучувал некој од копилотите, кој, пак, дозволил грешка при приземјувањето.

Изданието посочува дека верзијата за истекување гориво е отфрлена веднаш од техничката екипа на турската авиокомпанија, која посочила дека авионот полетал со 12 тони гориво и дека му останале уште пет тони.

Весникот „Милиет“ го цитира професорот Сулејман Толун од Техничкиот универзитет во Истанбул, кој посочува дека можеби станува збор за пилотска грешка, која произлегува од малата брзина при приближувањето кон пистата. Според него, има знаци за удар на земјата со мала брзина.

Друга верзија, пак, е дека голем авион, што полетал пред слетувањето на турскиот авион можеби предизвикал силна турбуленција, па причинило за паѓањето на „боингот“.

Генералниот директор на турската дирекција за цивилна пловидба, Али Арадуру, посочува дека авионот е модел од 2002 година и има поминато технички преглед на 22 декември 2008 година. Според него, заклучокот на техничкиот преглед бил дека авионот е подготвен за летање. Арадуру ја демантира шпекулацијата дека еден од пилотите можеби обучувал други пилоти за време на летот и тоа довело до грешка при ��риземјувањето.

Тајната за причината за несреќата се крие во црната кутија на авионот. (МИА)

Турскиот авион се урнал поради недостиг од керозин

Амстердам - Недостиг од керозин е причината зошто авионот на турската компанија „Туркиш ерлајнс“ се урна завчера во близина на аеродромот во Амстердам, објави холандскиот „Де телеграф“. Авионот од летот 1.951 на редовната линија Истанбул – Амстердам се урна при обидот да слета на аеродромот „Шипхол“. Според последните информации, во несреќата загинале најмалку 10 луѓе, меѓу кои и пилотите. Над 80 луѓе се повредени, од кои 25 се во тешка состојба. (Макфакс)


Статијата е прочитана 1205 пати.

Испрати коментар

Од: Sime Rotterdam
Датум: 27.02.2009 16:18:31
Почитувани, Името на аеродромот близу Амстердам е Схипхол, а не „Шипхол“. Презимето на Јап де хоп не му е „Шефер“ туку Схефер. Грешката е иста како кога американците Скопје го викаат „Скопџе“. Јавете се во Холандската амбасада во Скопје, за информација! Ај Схипхол го спмнувате еднаш во 50 години, ама Схефер, скоро секој ден. Срамота е. Дури и српските весници кои по инерција македонските ги емитираат се` од 1945та, почнаа да го крштеваат Схефер како што го крстиле родителите. Ама Македонија во се` е последна па и во ова... И на крај сите кога ќе влезат во НАТО и ЕУ, ние цврсто ќе останеме на нашето историско „Не“....

Најди! во Утрински
Насловна
Променетиот патриот Љубе Бошкоски сака пакт со народот
Лустрацијата опасно оружје во изборната пресметка
Лустрацијата почна инквизиторски
НБМ стега посилно - само добра плата за кредит
Македонија му се оддолжува на Трајковски
Пресудата за Скопје
Политиката ги здроби учениците во Струга
Бакојани од мисија во мисија за поддршка на грчките ставови
Колку чини грчкото „не“
Црно-белиот свет
Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ