Петар Арсовски вели дека се' што соопштило ВМРО-ДПМНЕ се политички мотивирани лаги и клевети
Политичките аналитичари сметаат дека со партиско лустрирање се губи смислата на лустрацијата
Оливера Војновска Светлана Унковска
Силните обвинувања што ги искажаа двете најголеми партии од власта и од опозицијата, посочувајќи конкретни имиња на личности за кои тврдеа дека своевремено граделе кариера по принципот на кодошење, го ставија под големи сомненија процесот на лустрација што допрва треба да почне.
Вчера не стивнаа реакциите во јавноста за тоа дека долгонајавуваниот прочистувачки процес на општеството почнал сосема погрешно, навлегувајќи во премногу опасни води.
Иницијаторот на лустрацијата и изготвувачот на Законот, Стојан Андов, вели дека е опасно тоа што партиите ја зеле работата во свои раце и пред официјалниот старт на кампањата почнаа самите да лустрираат. Андов вели дека никој освен Комисијата за лустрација не смее да се занимава со документите и напоменува дека се одговара за манипулирање и злоупотреба на документите.
Политичките аналитичари се чудат како е можно јавно да излегуваат произволни, непроверени податоци со кои се етикетираат луѓето и ги повикуваат надлежните институции да реагираат. Од Обвинителството не гледаат причина да се вклучат во оваа меѓупартиска пресметка, бидејќи воопшто не забележале елементи кои укажуваат дека се работи за издавање доверливи информации за соработка со полициските служби, туку биле изнесени податоци од судски спорови.
Андов нагласува дека Законот за лустрација е донесен за да може овој процес да биде регуларно спроведен и контролиран. „Затоа формиравме Комисија, за да не го прави тоа секој што ќе посака. Таквиот пристап е многу лош и ќе резултира с�� пресметки. Ако некој располага со одредени сознанија за кои мисли дека ќе и' помогнат на Комисијата, треба да и' ги достави, а не со нив да се пресметува јавно. Само Комисијата има право да објавува дали некој бил соработник со тајните служби или не. Во Законот е предвидено дека таквата информација може да се објави дури откако ќе се расчисти ситуација и ќе помине жалбената постапка. За давање лажна изјава и за неовластено објавување податоци се предвидени затворски казни. Никој нема право да го земе Законот во свои раце, за тоа се одговара“, вели Андов.
Тој не сака да коментира дали во конкретниот случај со податоците што ги објавија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да реагира јавниот обвинител. „Има закон, во него се' е убаво напишано, не можам јас да давам совети и рецепти. Има институции и секој си ја знае својата работа и што треба да направи“, вели Андов. Според него, основниот проблем е во тоа што не профункционира Комисијата за лустрација.
И професорот на ФОН Мерсел Биљали нагласува дека соопштувањето информации за соработка со тајните служби е неовластено и забрането со закон. „Тоа е газење на достоинството на луѓето и на таков начин се губи поентата и смислата на лустрацијата и се претвора во лов на вештерки. Сето ова се прави од политички мотиви за да се дискредитира противникот. Постои Комисија и само таа треба да се занимава со лустрацијата. Ме чуди тоа што јавниот обвинител не реагираше на информациите што се објавија од партиските седишта“, вели Биљали и додава дека мора да престане ваквата практика.
Основниот јавен обвинител Стерјо Зиков во настапите на двете партии не видел случај што е опфатен со Законот за лустрација. „Се работи за судски процес и објавена пресуда, така што тука не гледам никакво кодошење или, пак, соработка со тајните служби. Законот за лустрација пропишува дека не смеат јавно да се обелоденуваат докази или имиња кои би биле вмешани, но во овој случај гледам само обичен судски процес, во кој пресудата е јавна и достапна и затоа не подлежи под Законот за лустрација“, вели обвинителот Зиков.
Заменик-претседателот на Комисијата за лустрација, Ѓорѓи Малковски, е дециден дека не ги интересираат ниту партиски ниту политички пресметки. „Ние сме независно тело и ќе се работиме исклучиво според Законот и со факти. Нема да обрнуваме внимание на партиските препукувања. Процесот е обемна и сериозен, треба многу внимателно и трпеливо да се работи. Мора темелно да се проверат сите документи и не смее да се даваат произволни оцени. Не прифаќаме и нема да се раководиме од јавното етикетирање на која било партија за која било личност“, ни изјави Малковски.
Носителот на советничката листа за град Скопје на СДСМ, актерот Петар Арсовски, најави дека ќе поднесе кривична пријава против Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ за клевета и за нарушување на неговиот углед, затоа што во обвинувањата биле изнесени лаги и клевети. Тој вели дека прв пат се соочува со „вакви подметнувања“ и дека „сето ова се само валкани игри на владејачкиот политички режим“.
Тој вчера го посетил и битолскиот суд каде што не нашол никакви документи кои би го поврзале со судењето на Шишков . „Во предистражната постапка во 1979 година дадов исказ затоа што тогаш во судот бев повикан заедно со уште осумдесетина лица, односно целата филмска и сценска екипа кои го снимавме филмот ’Време води’. Се сеќавам дека тогаш изјавив само дека ’она што го рекол Шишков било во многу пијана состојба и бил непресметлив‘. Со ваквиот мој исказ не можеа да го поткрепат обвинението и затоа не ме викнаа ниту како сведок, а Шишков поради недостиг од докази не го ни осудија, туку доби само условно“, вели Арсовски.
Тој е уверен дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го дискредитира откако стана носител на советничката листа на СДСМ за град Скопје. „Ова не е ништо друго туку валкана и гнасна игра на владејачкиот политички режим. Ми се јавија од двете политички опции и ми рекоа дека сето ова е нормално во политиката, но не се согласувам дека валкани игри можат да бидат нормални. Ако е валкана политиката, тоа е затоа што ја валкаат политичарите и, во основа, и мојот ангажман е да се борам против ваквите работи“, вели Арсовски.
Вчера професорот Владо Поповски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека во 1991 година со груби зборови му се нафрлил на тогашниот секретар на правосудството и управа на Извршниот совет, актуелниот министер за правда Михајло Маневски. Поповски тврди дека тогаш не го познавал Маневски и се работи за друга личност со исто име и презиме.
„Ова се однесува на друг Владо Поповски, тој е од ЛДП и, всушност, станува збор за совпаѓање на името и презимето. Јас не сум од Слоештица и не сум работел во ’Млад борец’, а во 1991 година воопшто не сум го познавал Маневски и прв пат во животот го имам сретнато во 1997 година. Ако СДСМ останува на обвинувањата што ги изнесе дека се однесуваат на мене, јас ќе поднесам кривична пријава за клевета“, вели Поповски.
На неговата реакција се надоврзаа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде што му порачаа на СДСМ одговорот да си го побараат во сопствените редови. „Лицето Владо Поповски за кого тие говореа е поранешниот министер во владата на Бучковски и тој не е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираше Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ веднаш возврати и порачаа дека точно се знае на кој Владо Поповски мислат, односно дека тоа е носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
Prvo: Od kaj mu dokumenti na Sambevski?
Vtoro:Po koj zakon se obraka na javnosta?
Treto:po koj zakon donesuva presuda?
Cetvrto: Po koj zakon treba da bide osuden zaradi prekrsuvanje na prethodnite zakoni?
Znam deka Sambevski e debel kodos. Kade da najdam dokumenti i kaj da go prijavam?
Sramota!
Од: glupendra
Датум: 27.02.2009 03:11:09
E toa e Makedonija "lustracijata "pocna i ke imame dobra zabava. Zarem nekoj vo ovaa drzava se somnevase vo nacinot na lustracijta.Odnapred se znaese deka taa ke bide oruzje na vladeackata partija za politicka satanizacija na koja i se dostapni dokumentite. Se razbira ako SDSM ostavil nesto od podatoci.
Од: филип Куманово
Датум: 27.02.2009 04:58:16
Да господине Арсовски но после тој слуцај него го снема од сцената во театарот и филмското платно а на Звонко Лепетиц не му фалесе влакно од глава а сите вие молцевте да не ве снајде судбината на Ристо.А Звонко Лепетиц не навредувал на национална база.Не знам дали сте биле доусник но од морална страна сите сто сте биле таму македонци сте криви
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.02.2009 05:46:48
Точно е дека лустрацијата е опасно оружје во политичката пресметка,затоа таа требаше поодамна да се изведе,пред едно петнаесет години.А сегашните`страдалници` на лустрацијата, како овој Арсовски,па тоа е неспоредливо во однос на тоа што тие му го приредувале на нивните жртви,како Шишков. Затоа не се за жалење и џабе кукаат дека лустрацијата се користи против нив како политичко стредство.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 27.02.2009 07:44:35
A dali mozese Petar Arsovski vo toa vreme da rece: Ne znam nisto !!!! A vaka em go iscinkari Risto, em ispadna deka i " herojski podvig " napravil. Balkanska rabota !!!
Од: Лустраторот од Дебармаало
Датум: 27.02.2009 07:54:59
А, зарем некој очекуваше инакво однесување од ВМРО? Зарем не е воочливо нивното делување? Па, луѓе, тие зборуваат за шпиуни, за непријатели, за петоколонаши, за непатриоти. .. Но, едновремено, тие се шпиунираат, внатре, меѓусебе, во сопствената партија. На директорите (кои тие ги поставиле) „гаќите им се тресат“ од партиските активисти кои тие ги вработиле како курири, архивари ... Една книга ако некој прочитал за времето на Сталин, сето тоа ќе го најде. Тоа е судбината на лустрацијата, со ВМРО на власт.
Од: Belladona
Датум: 27.02.2009 08:03:18
Јасно е дека Арсовски дал изказ во својство на сведок, како и многу други учесници во филмот. Како сега да се казни ДПМНЕ, односно „аналитичарот„ Шамбовски? Доколку Арсовски го тужи (а треба, си го заслужи), Шамбовски сигурно ќе се скрие зад својот пратенички имунитет.
Срамота, на вакви конструкции можат да им позавидат и мајсторите од најцрните периоди!
Од: devicanecot
Датум: 27.02.2009 08:09:17
Кој што си дробил, нека си срка! Кој што си сеел, нека си жнее!!. Така треба, но нажалост за безрбетниците и лигушите не е така. Тие само со лигавење и подметнување остануваат на сцена. Но се прашувам дали толку е потребно солзи да се леат за нив???
Од: Petre
Датум: 27.02.2009 08:21:40
Ne prejudiciram za slucajot so glumcite, ama ako Lustracijata zapna na glumci, kako ke se sprovede so drugi koj se poveke zamesani vo politikata ?? vprocem kaj nas sme BO:LNI od nesproveduvanje na zakoni i Politicki Pazarenja... tipicno bese so slucajot na OHIS, poranesno Leglo na kriminalot na SDSM..znaeme kakov rasplet dobi, so uslovni kazni i osloboduvanja, a unisten e gigant i napraven e ogromen dolg... no za vozvrat nesto drugo e zataskano kaj sprotivnata strana..
..ili sto vikaat "vrana vrani oci ne vadi", t.e. site ovie raboti gi sproveduvaat samo za Partiski Marketing..
Од: zika mukac
Датум: 27.02.2009 08:30:21
super statija , site sovetnicki listi se extra so extra lugje, samo napred za k... ne ne biva
Од: Chichko Stoilko
Датум: 27.02.2009 08:40:25
DPMNE e strasno za nasiot narod,toa proizveduva fasizam i omraza a ovie pak od SDSM neka malku razmislat pred da skokaat kako slepci vo provalija i samo zatoa sto toa go pravi DPMNE.Sramota za DPMNE sramota za SDSM ocajni se.
VRATI SE BRANKO OVIE NE GI BIVA.
Од: lustrator
Датум: 27.02.2009 09:09:11
ludiloto zapocna!Tokmu vakvi neiziveaini i do koska iskompleksirani tipovi kako Sambevski i negovata 'bratija' od DPMNE ke bidat glavni zvezdi na procesot na lustracija so koj vlasta ke ja zamajuva javnosta slednive meseci,sakajki da go otrgne vnimanieto od sekojdnevnite problemi i od nesposobnosta na ovaa vlada na napravi barem eden konkreten cekor za ovaa napatena zemja.Ne mozam da gi razberam lugevo sto tolku se 'zapalija' za famoznata lustracija...Pa,tokmu ovie zborovi sto sega vlasta gi kotisti za site sto ne mislat kako Gruevski-'nepatrioti','velepredavnici','komunnjari' itn.....se koristea za sekoj onoj sto vo periodot od 1945 do 1990 ne se slozuvase so togasnoto drzavno ureduvanje.Sto pravese togas taa vlast?Isto sto i denesnata.....Sakam da vidam sto ke se slucuva so Sambevski i negovite ortaci po 6-7 godini.Lele,lele.....lustriran-do koski
Од: dejan
Датум: 27.02.2009 09:41:56
Vmro se najlosi komnisti!
Од: Kire, Skopje
Датум: 27.02.2009 09:43:06
Одговор за трпе оригинал: Судските пресуди во Македонија се јавен документ и до нив има пристап секој граѓанин. Петар Арсовски не демантираше дека дал изјава против Шишков, туку изјави дека дал изјава ама не таква каква на прес ја објави ВМРО пред тогашните полициски органи. Значи дал изјава за свој колега кој бил дел од монтиран политички процес. И како мислевте дека ќе помине лустрацијата, без звучни имиња. Особено звучни и дел од естаблишментот на СДСМ. Епа се излажавте
Од: Erich Mielke
Датум: 27.02.2009 10:04:09
А бе каде да се информирам дали ова пратенициве идат на лекарски преглед како услов за да се биде пратеник и има ли некоја долна граница за имање образ за да се стане пратеник а? Ако нема тогаш кловнови како Шамбевски преправени у пратеници нон стоп ке ги има во долината на солзите наречена паралемент.Аако има прегледи лекарски 70 посто кје паднат се знае на кој дел очно и ушно и се разбира нервно
Од: strumicanec
Датум: 27.02.2009 10:40:30
Цела Македонска повоена историја (2 светска војна) е контроверзна. А и меѓу двете светски војни. Секое завлегување во било која од овие работи (лустрации; објаснување на особините и претставување на личностите во ново светло пр. Венко Марковски ; Ванчо Михајлов и други е само дел од една искривена слика за кој знае какви потреби. ДОСТА СО ДУХОВИ ОД МИНАТОТО. БИЛО ПА ПОМИНАЛО. Кој нешто ќе докаже која е вистината и кому му треба на празен стомак и држава што виси на вејка.. Словенците од Р. Словенија се најмалку оптеретени со своето минато и живеат во реалната ЕУ. A by the way за Шишков и тој е контроверзна личност. Не сакам да го навредам меѓутоа има негови живи соученици кои го дефинираат како проблематичен; силеџиски настроен како млад; алкохоличар; конфузен и тоа е дел од приказната што не ги оправдува тие ако има евентуални такви што му направиле лошо. Меѓутоа тоа е работа на биографите а не на партиите. Поздрав и доста со глупости.
Од: seuste normalen
Датум: 27.02.2009 10:42:16
E Shambevski li najde da kazuva nesto, gz eden korumpiran! Petar Arsovski e cesen covek i istaknat glumec. Nesreknata sudbina na Shiskov ja koristat portokalovove za svoi politicki celi bidejki nemaat sto konkretno da kazat. Sambevskiii deckooo na koj mu ja namesti nagradata za najdobro arhitektonsko reshenie za izgradba na stariot Oficerski dom! Nekoj rodnina bese cinam, a be profesir na arhitektonski da ne bese... E dete dete, sedi doma i tebe zakonot ke te stigne. Koj ke ti go gleda grevot! Toa neka mu go mislat tvoite, a nas koi ne se slozuvame so ovaa politika na omraza ve pratime ...
Од: Do Kire skopski
Датум: 27.02.2009 11:09:58
Ne ja mati Kire rabotata, voopsto ne e sporno dali treba ili ne da se lustrira. Prasanjeto e dali moze koj saka, kako saka i koga saka da go pravi toa.
Vo pravo e Petre koga veli deka ova e PARTISKI MARKETING, isto kako sto e predizboren marketing i povtornoto otvoranje na slucajot so kingerot.
Од: Velas
Датум: 27.02.2009 11:57:57
Она што е за лустрација е, а она што не е - не е! Нема тука што по партиски клуч да се лустрира или неч; по партиски клуч да се брани, или не... Каде е чесноста и принципиелноста????
Евентуалната злоупотреба е полоша од самата лустрација и грда, зашто уште повеќе не заплетнува во темните лавиринти. Ако пак некој бил принуден да кодоши и тоа треб�� да се има предвид, а не гилотини или непринципиелни одбрани. Каде сето тоа не води?! Дајте и на земјата да дише и да се гради врз принципи, а не врз мангуплоци...
Од: ivan
Датум: 27.02.2009 12:34:40
Abe, komunjari... uste li kje ja poprecuvate lustracijata? Aman, vekje... promenete se...kodosite ne e dobro da se setaat povekje nitu vo vasiot dvor... se gleda do kade vi ja doteraa partijata. Nikoj neka ne vi e vinoven za to, ni Gruevski, ni narodot, nikoj - samite ste si vinovni oti nemate sila da se sredite...sram da vi e!
Од: 4pete21
Датум: 27.02.2009 13:00:06
Заради Аце од Австралија ми се чита Утрински. Каков класичен прототип на ВМРО-вец. "Патриот"... ништо не разбрал, ама секогаш е тука да плукне, да подвикне, да нападне. Кома :). Ееее, јадна државичке кога вакви недоквакани типови (дури од Австралија) мислат дека кројат. Ај ќе ги издржиме уште малку
Од: Itar Pejo
Датум: 27.02.2009 14:12:51
Covekov na sud dal izjava kojasto, kolku sto razbiram od pisuvanjeto vo vesnicive, bila tocna. Sram da mu e! Trebalo da rece deka Siskov e obozavatel na drugarot Tito. Pa sega on ce si bese raat, a vmr-ovcite ce mu plukaa na grobot na komunjarot Siskov
Од: Alek
Датум: 27.02.2009 14:16:08
Do "ivan":
"samite ste si vinovni oti nemate sila da se sredite...sram da vi e!"
Иване, овие твоите од ДПМНЕ од што се средени во главите, на големо меѓусебно да се кошкаат кој да грабне поголем залак. Побарај ги и таму донеодамнешните комунисти и членовите на КОС и УДБА.... ќе се изненадиш колку високо котираат во партиската хиерархија.