Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ
ХАГ - Милан Милутиновиќ е ослободен, а Никола Шаиновиќ, Небојша Павковиќ, Драгољуб Ојданиќ, Владимир Лазаревиќ и Сретен Лукиќ се обвинети во Хаг за злосторства во Косово. Милан Милутиновиќ е ослободен од сите обвиненија и ќе биде пуштен на слобода. Никола Шаиновиќ, Небојша Павковиќ и Сретен Лукиќ се виновни по сите обвиненија и се осудени на по 22 години затвор. Драгољуб Ојданиќ и Владимир Лазаревиќ се виновни по две точки од обвинението, а не се виновни по останатите три точки. Тие се осудени на по 15 години затвор. (Бета)
|