Број 3295  вторник, 01 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Лустрација на „современите кодоши“

Слободан Најдовски

Ако Законот за лустрација е донесен за да се соочиме со минатото, потребно е да се соочиме и со денешницата

Поминаа само две години од донесувањето на Законот за лустрација, а веќе голем број експерти и политичари оценија дека од неговото спроведување нема никаков ефект. Причините за неуспехот, главно, се бараат во немањето волја кај надлежните државни институции и укинувањето на одделни членови на Законот од страна на Уставен суд.

Но, без разлика на денешните состојби со законот, неуспехот на Законот за лустрација беше извесен уште пред неговото изгласување. Поточно, тоа се случи во моментот кога во македонското Собрание пристигна мислењето на актуелната влада по однос на предлогот на законот. Во тоа мислење, кое за чудо сега е недостапно за новинарите, но, сепак, најверојатно, се наоѓа во собраниската архива, изнесен е ставот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, поткрепен со амандман, според кој, лустрацијата не треба да се однесува на периодот по 1991 год. Затоа денес е смешно кога претставници на владиното мнозинство ја критикуваат одлуката на Уставен суд, која е идентична со мислењето на Владата. Тогашната опозиција не се согласи со таквиот владин став и го услови донесувањето на Законот за лустрација со предлог со законот да биде опфатен и периодот до неговото донесување. По долги меѓупартиски натегања и усогласувања, сепак, беше прифатен ставот на опозицијата.

По одлуката на Уставен суд, не сум убеден во успех на законот и полезноста што би произлегла од неговата примена. Сепак, подобро нешто отколку ништо. Но, лустрацијата предвидена во законот ми отвора повод за размислување за еден друг вид лустрација. Тоа е лустрација на „современите кодоши“. Поимот на денешните „кодоши“ е во поширока смисла од досегашните. Тие не треба да се бараат само во системот за соработка со тајните служби за остварување политички цели, туку многу пошироко во општественото живеење и не се ништо помалку опасни за иднината на државата од вистинските кодоши. Ако актуелниот Закон за лустрација е донесен да се соочиме со минатото не помала е потребата, но на поинаков начин, да се соочиме со денешницата.

За демократски напредок на Македонија и' е потребна лустрација, прочистување на политичарите, кои на кој било начин од 2006 година наваму учествуваа во инсталирањето на актуелниот систем на владеење, кој во многу работи потсетува на оној од пред деведесеттите години на минатиот век, а во некои сфери е и полош.

Тие политичари не може да ја избегнат политичката одговорност за нивното учество во прераспоредувањето на буџетски средства за набавка на прислушни уреди за потребите на МВР. Затоа денес звучи малициозно нивната забелешка дека се нарушени основните човекови права од страна на полицијата по однос на слободата во користење на комуникациските системи.

Истите политичари, кои со своите постапки учествуваа во донесување одлуки на пленарните собраниски седници или во комисиските расправи, со грубо кршење на одредбите на деловникот за работа на Собранието, спротивно и на Уставот, многу доцна увидоа дека е лошо ако се дезавуира улогата на парламентот.

Партизацијата на државната администрација во изминатите четири години е доведена до степен на вулгаризација. Затоа смешно е кога поддржувачите и креаторите на кадровската политика на ВМРО-ДПМНЕ, во која партиската припадност и роднинските врски беа и се' уште се главните услови за вработување или за добивање државна функција, денес зборуваат за непотизам и непрофесионалност.

Додека беа во политички брак или членови на владиното семејството, не им сметаше што огромни суми државни пари се трошеа за рекламирање на креирањето на антиквизацијата, не им сметаше ниту тоа што под плаштот на платени огласи во медиумите се купуваше и се задушуваше слободата на медиумскиот простор.

Дел од експонираните политичари, кои денес кукаат над проблемите во судството само пред некоја година заради дневнополитички, лични и партиски интереси, со своите гласови овозможија еден мал круг луѓе да воспостави целосна контрола над Судскиот совет, а со тоа и на судскиот систем воопшто.

За достоинството и авторитетот на политичарите не е важно само дали соработува со тајните служби, туку и дали со учеството во донесувањето одлуки овозможува воспоставување систем кој ги задушува демократските процеси во Македонија.

Лустрацијата на „современите кодоши“ e потребна поради тоа што со својата политика и ненавремено спротивставување и' овозможија на сегашнава власт да ја оддалечи Македонија од евроатланските интеграции. Молчеа или ја обвинуваа опозицијата кога се создаваше антиевропското и антинатовско расположение, а сега се изненадени од резултатите на анкетите за ставот на македонските граѓани кога е во прашање поврзаноста на спорот со Грција и нашето евроатланско зачленување.

„Современите кодоши“ не може да избегаат од политичката одговорност со тоа што ќе ја сменат партијата или ќе се приклучат на нова коалиција. Опасноста од нивно влијание за повторно креирање систем без демократски обележја е реална можност.

Лустрацијата од овој вид прво треба да ја направат опозициските политички партии, во демократски процедури. Доколку партиите не покажат подготвеност, тогаш гласачите на следните избори ќе им го кажат своето мислење. Гласачите, кои сакаат да се промени сегашната власт, не веруваат дека поголем број од луѓето, кои во изминатите години ја спроведуваа актуелната политика, се алтернативата што ќе гради стабилен систем во кој вредностите на демократијата ќе бидат во прв план.

Неспорно е дека сегашната власт треба што побрзо да биде симната од политичката сцена, но со нив треба да заминат и сите политичари кои од 2006 па наваму и' овозможија да го воспостави и да го одржи системот на владеење. Разградувањето на негативностите во системот не е можно со учесниците во неговото креирање уште помалку што барем досега не слушнавме каење и извинување што биле соучесници со актуелната власт.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1123 пати.

Испрати коментар

Од: poni
Датум: 01.06.2010 05:42:21
Namerite ti se dobri,no moras da sfatis,deka toa se pravi poinaku vo demokratski politicki poredok
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.06.2010 09:49:58
Ќе бидам културен и ќе речам дека не ја говорите вистината,не дека власта некој има намера да ја брани туку за воља на вистината многу добро знаете да власта ИНСИСТИРАШЕ ДА СЕ ОПФАТИ ПЕРИОДОТ И ПОСЛЕ1991 год.Прелистајте ја архивата на Утрински.Тоа е дно а друго дали барањето ваше на крајот од текстот да,,си одат сите политичари кој допринеле за одржување на системот на власта од 2006 год. наваму,,се однесува за раководството на виножитниот кампус.Тие преку катастрофалниот пораз допринесоа да поморанџестите ја освојат власта.
Од: seuste normalen
Датум: 01.06.2010 09:55:02
Nemame demokratski politicki poredok, pa zatoa..., sto velat starite pamet u glava i sekoj so svojot um pa zdravje. Dvirani se site demokratski vrednosti, sistemot e pred raspad!
Од: Do Felix
Датум: 01.06.2010 13:23:28
Ало, ФЕЛИКС, што си ти, бугарин или бугарофил. Љубчо кажа дека меѓу вас, портоклаовите нема македонци. Или се бугари, или бугарофили и чест на некој, срби со говорна мана!

Најди! во Утрински
Насловна
Уште една популистичка лекција на Груевски
Кој не дава да поевтини зелениот картон?
Тиквесански
Отсечената Преспа
Псевдоними има, но ги нема имињата на кодошите
Германскиот претседател Келер поднесе оставка
Ги покажа градите
На браникот на државата, а на маргините на Европа
Поле на висок ризик
Премиерот им стави точка на надежите за јуни
Скапиот зеленчук ги изгоре граѓаните
Ако нема евтин лет од „Александар“, има преку Софија
Со подморницата „Немо“ во длабочините на Врело