Број 3295  вторник, 01 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Со подморницата „Немо“ во длабочините на Врело

Првото туристичко патување, доколку постојат услови, би требало да се реализира на 20 јули

Нуркање со подморница во пештерата Врело е една од најновите атракции што се подготвуваат за туристичка промоција на кањонот Матка. Нуркачи од клубот „Врело“, заедно со германски колеги, меѓу кои и конструкторот на подморницата „Немо“, Томас Бројних, вчера влегоа во пештерата да испитаат дали постојат природни услови подморницата да се движи во пештерата. Особено внимание ќе и' се посвети на проодноста на теснината на влезот во Врело, од каде што би требало да помине подморницата долга 3,5 метри, висока 1,5 м и широка 1,8 метри. Обид за нуркање деновиве ќе биде направен и во Охридското Езеро.

Првото туристичко патување, доколку постојат услови, би требало да се реализира на 20 јули. Ќе се нурка во хоризонталниот дел од пештерата со должина од 150 метри, а на длабочина од 25 метри. „Немо“ има две проѕирни куполи од акрилно стакло преку кои доживувањето на подводниот свет е максимално.

Инаку, според Јурген Херман, претставник на компанијата „Немо“, со подморницата може да се дојде до 50 метри длабочина при туристичките патувања. Херман е одушевен од кањонот Матка, за кој вели дека одлично ќе се вклопи во мапата за туристички места со ваков вид атракции.

Едно возење во подморницата „Немо“, во која може да влезат двајца, од кои еден е пилот, во Германија чини 100 евра. Целата подморница, пак, се продава со почетна цена од 160.000 евра. Херман појаснува дека работи со батерии на струја, целосно е безбедна и еколошка.

„Матка веќе ја поседува потребната инфраструктура за почнување на еден ваков проект. Веќе постои платформата за качување и за симнување во близина на влезот на Врело, има довод за струја, а за нуркање со подморницата потребни се само уште чиста вода и гости“, вели Херман. (С.Н.)






#
Статијата е прочитана 802 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Уште една популистичка лекција на Груевски
Кој не дава да поевтини зелениот картон?
Тиквесански
Отсечената Преспа
Псевдоними има, но ги нема имињата на кодошите
Германскиот претседател Келер поднесе оставка
Ги покажа градите
На браникот на државата, а на маргините на Европа
Поле на висок ризик
Премиерот им стави точка на надежите за јуни
Скапиот зеленчук ги изгоре граѓаните
Ако нема евтин лет од „Александар“, има преку Софија
Лустрација на „современите кодоши“