Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Грција го исплати стасаниот долг од девет милијарди евра

Атина - Грција вчера исплати долг од девет милијарди евра, откако во последен момент, избегнувајќи банкрот, доби специјални кредити од ЕУ. Исплаќањето на долговите од десетгодишните обврзници предизвика опасност Грција да стане платежно неспособна. Неколку месеци овие опасности ја поткопуваат основата на еврото и создаваат потреси на меѓународните пазари.

Претставници на грчкото министерство за финансии соопштија дека земјата успеала да го исплати долгот, откако вчера од ЕУ го добила спасувачкиот кредит од 14,5 милијарди евра.

Следната транша од ММФ и од ЕУ ќе биде доделена во август, за да може Грција да го запази следното исплаќање на долгот во март следната година. (МИА)


#
Статијата е прочитана 568 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Ребаланс во јуни, почнаа анализите за прекројување
Банкарите најнељубезни, компјутерџиите најкоректни
Граѓаните да бидат мирни - денарот стабилен
Ако пропадне еврото, ќе пропадне и Европа
Денес блокада на возовите
Еврото паѓа, златото расте
Протести во Букурешт
Српскиот динар рекордно ослабe
„Тојота“ ja плати казната
„Државна лотарија“ ги исплати првите поголеми добивки
Признанија за „Тиквеш“
Во Србија поскапува патарината