„Тојота“ ja плати казната
Вашингтон - Јапонската компанија „Тојота“ вчера во САД плати рекордна казна од 16,4 млн. долари поради недоволно брзото повлекување на неисправните педали за гас од американскиот пазар, соопшти Министерството за сообраќај на САД. „Тојота“ на 19 април се согласи да ја плати казната и имаше рок од 30 дена. Тоа е максимално висока казна за таков прекршок по американските закони. (МИА)
|