Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

„Државна лотарија“ ги исплати првите поголеми добивки

„Државната лотарија на Македонија“ вчера ги реализира исплатите на првите добитници со поголеми добивки во износ од 103 илјади и 62.143 денари за Ново лото 7/34, како и од 100.000 денари за инстант-лотарија.

Добитник на 103 илјади денари е Г.С., пензионер од Кратово, кој со уплата на 540 денари играл систем со девет бројки и добил два погодока за шестка и други погодоци за петки и четворки. Уплатата ја извршил на бензинска пумпа „Макпетрол“ во Кратово.

Битолчанецот М.Х., кој извршил уплата за шест колони со 90 денари за второто коло на лото во „Тобако“ во Битола, подигна добивка за шестка со износ од 30.254 денари. О.Ј. од Скопје, пак, за 50 денари добила шестка со уплата за третото коло на Ново лото 7/34 во „Стоп шоп“ во Сингелиќ и се стекна со добивка од 62.143 денари.

Семејство од Скопје за инстант-лоз „Ѕвезден пат“, купен на бензинската пумпа на „Макпетрол“ во Влае во вредност од 50 денари, ја доби првата добивка од 100.000 денари. Досега се исплатени и две добивки од по 10.000 денари за инстант-лоз „Среќни тркала“ со вредност од 30 денари, едниот купен во Драчево, а другиот во Прилеп. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1222 пати.

Испрати коментар

Од: kEMAL ATATURK
Датум: 20.05.2010 09:45:28
Кога народот нема веќе на што да се надева му останува ЛОТО???

Најди! во Утрински
Економија
Ребаланс во јуни, почнаа анализите за прекројување
Банкарите најнељубезни, компјутерџиите најкоректни
Граѓаните да бидат мирни - денарот стабилен
Ако пропадне еврото, ќе пропадне и Европа
Денес блокада на возовите
Еврото паѓа, златото расте
Протести во Букурешт
Српскиот динар рекордно ослабe
„Тојота“ ja плати казната
Признанија за „Тиквеш“
Во Србија поскапува патарината
Грција го исплати стасаниот долг од девет милијарди евра