Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Еврото паѓа, златото расте

Вредноста на единствената европска валута падна на најниско ниво, наспроти доларот за четири години. На берзата во Токио еврото падна на еден долар и 21 цент. Аналитичарите велат дека брокерите и натаму се загрижени за огромните државни долгови на Грција, но и на некои други членки на еврозоната. И покрај големите суми што беа ветени како поддршка за еврозоната, се вели дека се потребни остри мерки за намалување на буџетскиот дефицит.

Претходно, еврото падна и на берзата во Њујорк на 1,22 долари, за прв пат од април 2006. Опаѓањето изнесуваше 1,7 отсто и дојде до 1,216, но потоа малку закрепна. Падот доаѓа откако Германија објави планови да забрани некои видови берзански активности од полноќ. Еврото опадна и за преку 2 отсто во однос на јапонскиот јен. Во меѓувреме златото продолжува да бележи невиден раст на светските берзи. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 929 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 20.05.2010 00:37:36
Ne paga samo Evroto.Dolarot edno vreme bese 72 denari a Evroto 60,pa potoa Dolarot padna i do 37 denari,pa nikomu nisto.Problemot e sto denes "pagaat" site valuti, a posebno gubat vrednost hartiite od vrednost.Mnogu brzo mnogu hartii od vrednost ke stanat bukvalno bezvredni,a vednas posle toa i valutite ke gubat od svojata vrednost. Zlatoto ke ostane eden vid "reper" no reper na sto?I so zlatovo e samo posledna spekulativna igra pred golemiot fajront. Mora da ima preraspredelba na bogastvoto po principot na rabota,stvaranje,razvoj, a ne spekulacii i manipulacii. Kon toa i odi svetot. Nasiot narod veli "sekoe loso e za dobro",pa ovaa kriza moze i taka da se definira.Virtuelnoto bogastvo stvoreno so spekulacii,manipulacii i razni akrobacii, mora da bide izbrisano, no kako i sekogas koga ima golemi promeni i krizi nekoj ke se ofajdi a nekoj ke nastrada.Ednostavno kazano ova e period na promeni i redefiniranje.
Од: laze
Датум: 20.05.2010 07:02:58
Е Јоване, тоа е вистината. Целиот свет е базиран на шпекулации и монополизам. Џанам кога ќе падне еврото или доларот, злато ќе јадеме оти има многу калории и витамини. Туку сите да се зафатат со мотиките и да си го прават тоа што го знаат. Можеби и ниската вредност на еврото е добра, ако сме конкурентни на светките пазари, можеби европските лидери така го гледаат спасот на европските економии. Многу работи се во игра, а и многу нешта се релативни.
Од: mile
Датум: 20.05.2010 08:47:34
Mislam deka predhodno kazanoto nema vrska.Evroto e vo kriza zaradi kriza vo evropa i nisto drugo , so padjanjeto na evroto ke se zgolemi izvozot na evropa a ke se namali uvozot vo dolari , pa taka amaerika se izvlece od kriza minatata godina so zgolemen izvoz i so golema agregatna pobaruvacka. A toa deka hartii od vrednost odnosno akciite ke bile bezvredni nema vrska. Ako e taka jas ke ja kupam cela makedonija ako akciite na kompaniite bile bezvredni.Akciite u MK se podceneti no toa e svetski trend znaci ne sme izolirani ili nesto kaj nas cudno se slucuva znaci svetska kriza

Најди! во Утрински
Економија
Ребаланс во јуни, почнаа анализите за прекројување
Банкарите најнељубезни, компјутерџиите најкоректни
Граѓаните да бидат мирни - денарот стабилен
Ако пропадне еврото, ќе пропадне и Европа
Денес блокада на возовите
Протести во Букурешт
Српскиот динар рекордно ослабe
„Тојота“ ja плати казната
„Државна лотарија“ ги исплати првите поголеми добивки
Признанија за „Тиквеш“
Во Србија поскапува патарината
Грција го исплати стасаниот долг од девет милијарди евра