Протести во Букурешт
Букурешт - Илјадници Романци се собраа вчера на „Плоштадот на победата“ во Букурешт за да протестираат против строгите мерки за ограничување на буџетскиот дефицит, што ги најави романската Влада. Меѓу демонстрантите, дојдени од сите страни на земјата, имаше лекари, професори, вработени во затворите, полицијата и граничните полициски сили, државни службеници, пензионери, како и работници од транспортниот сектор.
Централниот дел на Букурешт беше затворен за движење на возилата поради протестот на кој се очекуваше да присуствуваат 60.000 лица. Овој протест е првиот сериозен тест за решителноста на Владата да ги спроведе строгите мерки за ограничување на буџетските трошоци и намалување на буџетскиот дефицит до 6,8 проценти оваа година, во замена за добивање нова рата од помошта за Романија од 20 милијарди евра, обезбедени минатата година од ММФ, ЕУ и Светската банка. (МИА) |