Српскиот динар рекордно ослабe
Белград - Српскиот динар вчера ослабe во споредба со еврото за 0,46 проценти и официјалниот среден курс моментално е 101,4533 динари за едно евро, што е досега најниската вредност на српската валута во однос на европската, соопшти Народната банка на Србија. Според официјалниот среден курс на Народна банка на Србија, еврото е за 47 пари поскапо од завчера кога средниот курс изнесуваше 100,9846 динари за едно евро. (МИА) |