Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Родик: Прости ми Пит, се обидов да го запрам

Енди Родик го загуби и своето трето финале на Вимблдон. Како и во претходните две „џелатот“ беше Роже Федерер

„Извини Пит, се обидов да го запрам, но не успеав“, се пошегува Родик на адреса на Сампрас на прес-конференцијата по поразот во финалето на Вимблдон од Федерер.

„Му честитам на Роже. Апсолутно заслужи се' што постигна во животот. Благодарност до публиката, која беше фантастична, какво што беше и финалето. Сигурно ќе се вратам и в година и се надевам дека и моето име еднаш ќе биде запишано на ѕидот на победниците на Вимблдон“, порача Родик.

Во минатите две недели, заклучно со финалето, Родик ги прикажа најдобрите игри на Вимблдон во кариерата. Но, не заврши триумфално.

„Во ситуацијата во која бев по губењето на вториот сет постојат две опции. Првата е да продолжите со борба, втората е да се предадете. Далеку поприфатлива за мене беше борбата. Најмногу ме боли тоа што во петтиот сет бев толку блиску, а во исто време и толку далеку. Тешко е да се игра кога последниот сет трае 95 минути и на крајот да го загубите. Не знам кога ќе ми мине тагата и кога ќе бидам свесен за се' што денеска направив добро. Тенисер сум, а не психијатар“, вели Родик.

Прашан поради што Федерер е најдобар Родик се обиде да понуди одговор: „Не знам од каде да почнам. Денеска, на пример, за првпат имаше проблем со мојот сервис, а, сепак, остана мирен. Не можеше да се добие впечаток дека е фрустриран или дека таа ситуација му ги руши плановите и амбициите. Роже одлично сервираше и не ми даде многу шанси за брејк. Правеше тоа што треба. Ако не му одеше сервисот веројатно и јас сега ќе седев овде во поинакво расположение“.


#
Статијата е прочитана 720 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Роже Федерер ја смени историјата на тенисот
Сампрас
Реал ги нуди Робен и Снајдер плус 18 млн. евра за Рибери
Педроса пред сите во Лагуна Сека
Втората етапа на Тур де Франс за Кевендиш
Рашид Валас во Бостон Селтик, Марбери си замина
Грабулоски партнер во двојки на Магдинчев?
Владата да му ги врати спортските објекти на Јавното претпријатие
Девојките сакаат старт со победа на ЕП во Охрид