Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Грабулоски партнер во двојки на Магдинчев?

Македонските тенисери од вчера се аклиматизираат на Минск за мечот в петок со Белорусија

Роберт Димитриевски

Димитар Грабулоски е најблиску до тоа да му биде партнер во двојки на Лазар Магдинчев во натпреварот со Белорусија за опстанок во Првата група од Евроафриканската зона на Дејвис купот, кој претстојниов викенд ќе се одигра во Минск. Единствениот левучар во ослабениот македонски состав по откажувањето на првиот рекет Предраг Русевски го нема на АТП-листата за играчи во двојки, но солидно се снаоѓа на тврда подлога, каква што ќе биде и таа во Минск. Тој неодамна настапи на фјучерс во Тунис токму на таков терен и го помина првото коло во сингл.

Во отсуство на Русевски, Магдинчев ќе биде лидер на тимот, односно ќе игра два сингла и во дубл. Поради едногодишното отсуство од професионалните турнири, тој испадна од АТП-листата во поединечна конкуренција, но има убедливо најголемо искуство во Дејвис купот во однос на Грабулоски, Илија Мартиноски и Томислав Јотовски. Од овие тројца ќе се бара вториот играч во сингл, кого селекторот Дејан Маринковиќ ќе го одреди во зависност од меѓусебните тренинг-дуели во белоруската престолнина.

Македонската експедиција, во која покрај селекторот и четворицата репрезентативци е и тренерот Владимир Андонов, по патешествието во неделата од Скопје со автобус до Софија, а од таму со авион до Прага и понатаму до Минск, од вчера се прилагодува на терените на Републичкиот олимписки тренинг-центар за тенис. Станува збор за отворен објект, со капацитет од 1.232 места за седење.

На најновата АТП-листа во сингл Мартиноски е 928. (-41), Грабулоски 1027. (+6) и Јотовски 1828. (+36). Во двојки, пак, Магдинчев е 649. (+57), а Мартиноски 740 (+3). Русевски на првата листа е 716. (+13), а на втората 612. (+10).

Најнов��от ранкинг на Белорусите е: Владимир Игнатик 566. (+24) во сингл и 579. (+15) во дубл, Александар Бури 1097. (+37) и 923. (+12), Максим Мирњи 19. (-2) во двојки и Павел Филин 1638. (+37) во сингл.

Одредувањето на двојките и на редоследот на мечевите ќе се изврши со ждрепка утре напладне по локално време.


Статијата е прочитана 120 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Роже Федерер ја смени историјата на тенисот
Сампрас
Родик
Реал ги нуди Робен и Снајдер плус 18 млн. евра за Рибери
Педроса пред сите во Лагуна Сека
Втората етапа на Тур де Франс за Кевендиш
Рашид Валас во Бостон Селтик, Марбери си замина
Владата да му ги врати спортските објекти на Јавното претпријатие
Девојките сакаат старт со победа на ЕП во Охрид