Рашид Валас во Бостон Селтик, Марбери си замина

Тој веќе има трофеј со Детроит во 2004 година, но моментно, по турбулентната сезона, таму беше вишок
Во бурата на трампи кои моментно се случуваат во НБА лигата, речиси ниту еден ден не поминува без некоја да смени клуб. Последната вест вели дека Рашид Валас ја прифатил понудата на Бостон Селтик. Откако 34 годишниот Валас и неговиот агент одржаа состанок и разговор со управата на Бостон, на кој присуствуваа и Ален, Гарнет и Пирс, беше јасно дека бившиот шампион ќе добие уште едно проверено име, со кое полесно ќе се бори за титулата. Рашид веќе има трофеј со Детроит во 2004 година, но во моментов по турбулентната сезона таму беше вишок.
Валас, четвртиот пик на драфтот 1995 година, играше првата сезона за Вашингтон, кратко за Атланта, а потоа до 2004 година за Портланд, од кога се сели во Детроит.
Паралелно со доаѓањето на Валас од Бостон се прости Стефон Марбери кој го одби понудениот договор. Нему му беше понуден ветерански минимум во висина од 1,3 милиони долари, што не му се допадна и реши да замине: „Му благодарам на Бостон што ми пружи шанса повторно да играм по се што ми се случи во Њујорк. Навивачите одлично ме прифатија и тоа многу ми помогна“, се заблагодари Марбери.
Инаку, вчера Џејсон Кид објави дека останува во Далас и покрај тоа што го бараше Њујорк. Тој, наводно и ветил на управата дека ќе остане во клубот и наредните три години, за кои треба да добие повеќе од 25 милиони долари. |