Владата да му ги врати спортските објекти на Јавното претпријатие
Петнаесет државни спортски објеки кои се од национален и државен интерес да се вратат под капата на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија. Со вакво барање Синдикатот при ова ЈП ќе се обрати до македонската Влада, а за тоа испрати и соопштение до средставата до медиумите.
Барањето на Синдикатот на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија се однесува за СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, салата „Младост“ во Гостивар, спортската сала во Куманово, СРЦ „Младост“ во Неготино“, спортската сала ДТВ „Партизан“ во Дојран и скопските спорски објекти во Скопје: СРЦ „Кале“ со спортските сали, „Расадник“, „Јане Сандански“, спортскиот аеродром „Стенковец“, салата ДТВ „Партизан“ во Градски парк, спортска сала „Форца“, тениските терени „Југ-Скопје“, спортската сала „КК Работнички“ во градски парк и Националната арена „Филип Втори“.
Меѓудругото Синдикатот на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија бара од Владата да ги продаде сите државни спортски сали ДТВ „Партизан“ и други руинирани државни спортски објекти со цел да се деблокира жиро сметката на претпријатието. |