Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Педроса пред сите во Лагуна Сека

Прва победа на Шпанецот во Мото ГП по ланската во Барселона

Дани Педроса го прекина својот повеќе од едногодишен пост по славењето во Барселона во минатата сезона, триумфирајќи во трката во Лагуна Сека за Големата награда на САД во мотоциклизам. Шпанецот од Репсол Хонда стартуваше од четвртата позиција, но експресно изби во водство и во наредните 44 минути сите му го гледаа грбот во најсилната класа. По серија повреди тој конечно блесна, оставајќи го три стотинки зад себе Италијанецот Валентино Роси од Јамаха само поради тоа што се олабави во последниот свиок, а Хорхе Лоренсо исто така од Јамаха заврши трет. За Лоренсо ова е одличен пласман имајќи ја предвид повредата на клучната коска што ја доби веднаш по освојувањето на пол-позицијата во квалификациите, а за чие санирање треба околу шест недели!

Четвртото место го освои светскиот шампион од 2007 година, Кејси Стоунер, за кого ова е само втор пласман надвор од подиумот сезонава. На Австралиецот, кој го возеше резервниот мотоцикл, во последните кругови почнаа да му се доближуваат бившиот светски првак Ники Хејден и Тони Елијас, но премногу заостануваа за да го загрозат. На Хејден, кој ја освои титулата во 2006, ова му е прв пласман меѓу најдобрите петмина по доаѓањето во Дукати.

По својот седми подиум во осмата трка сезонава (во Ле Ман беше 16.), Роси на ГН на Германија во Заксенринг на 19 јули патува со 151 бод, девет повеќе од Лоренсо во вкупниот поредок и 16 во однос на Стоунер на третото место. Педроса со победата во Лагуна Сека се искачи на четвртата позиција со 59 бода помалку од лидерот и бранител на титулата.

Пласман во Лагуна Сека: Педроса (Шпанија/Репсол Хонда) 44:01,580 мин., Роси (Италија/Фијат Јамаха) +0,344 сек., Лоренсо (Шпанија/Фијат Јамаха) + 1,926 сек. итн.

Вкупен поредок: Роси 151, Лоренсо 142, ��тоунер 135 итн.


Статијата е прочитана 115 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Роже Федерер ја смени историјата на тенисот
Сампрас
Родик
Реал ги нуди Робен и Снајдер плус 18 млн. евра за Рибери
Втората етапа на Тур де Франс за Кевендиш
Рашид Валас во Бостон Селтик, Марбери си замина
Грабулоски партнер во двојки на Магдинчев?
Владата да му ги врати спортските објекти на Јавното претпријатие
Девојките сакаат старт со победа на ЕП во Охрид